Во Скопје одбележани 90 години од раѓањето на Михаил Ренџов
Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје беше одбележана 90-годишнината од раѓањето на поетот Михаил Ренџов.
Во Музејот на Македонија се отвора ретроспективната изложба „Тивки актери, гласни приказни“
Во Музејот на Македонија на 5 ноември се отвора ретроспективната изложба „Тивки актери, гласни приказни“, посветена на македонското куклено наследство.
МНТ го отвора 22. Меѓународен фестивал на актерот во Никшиќ
МНТ на 5 ноември ќе го отвори 22. Меѓународен фестивал на актерот во Никшиќ со претставата „Страв и надеж“.
Изложбата „Effortless“ на Јана Луловска се отвора во Белград
Самостојната изложба „Effortless“ на Јана Луловска се отвора во Македонскиот културно-информативен центар во Белград и ќе биде достапна до крајот на месецов.
Фолклорна вечер во Драмскиот театар по повод 50 години од Општина Карпош
Во Драмскиот театар во Скопје се одржа фолклорна вечер по повод 50 години од формирањето на Општина Карпош, со настапи на шест друштва од Карпош.
„Епиграми и епитафи“ – изложба на дигитални слики од Игор Поп Трајков
Игор Поп Трајков ја претставува изложбата „Епиграми и епитафи“, со дигитални слики инспирирани од антички натписи, епитафи и книжевни епиграми.
Драмата меѓу книгата и сцената: Заврши јубилејната асемблеја на „Еуродрам“
Асемблејата се одржа од 27 до 31 октомври, со настани во Театар Комедија, Европска куќа – Скопје, „Лабораториум“ и книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. На неа учествуваа 60 меѓународни гости од 28 земји: драмски автори, преведувачи, режисери, драматурзи, издавачи, театарски уметници…
„Лили – Девојчето кое не е од тука“ – нов роман на Мимоза Ристова
Приказната обработува едно необично сведоштво за девојче чија мајка тврди дека тоа не е од овој свет. Она што на почетокот изгледа како уште една неверојатна приказна за средба со непознатото, постепено прераснува во сложена потрага по вистината, во која се вклучуваат истражувачи, сведоци и луѓе…
Смеа до солзи со Бојан Велевски и Боби Додевски, распродаденото шоу добива нов термин
Стендап-комедијата на Бојан Велевски и Боби Додевски ги полни салите низ Македонија и руши рекорди. Добриот хумор, смеата и одличното расположение се гарантирани, а овој стендап покажа дека Македонците можат да соработуваат кога станува збор за нешто што на сите им е потребно – добро расположение.…
Документарецот „Кумство, вера, традиција“ на Надица Петковиќ ја освои бронзената Камера 300 во Битола
Филмот ги обработува народните обичаи, духовноста и значењето на кумството како еден од симболите на заедништвото во македонската традиција. Преку сведоштва, архивски материјали и визуелна нарација, прикажан е обред кој, според Петковиќ, повторно станува близок и прифатен и кај помладите генерации.















