Во Скопје одбележани 90 години од раѓањето на Михаил Ренџов

Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје беше одбележана 90-годишнината од раѓањето на поетот Михаил Ренџов.

5
Во Скопје одбележани 90 години од раѓањето на Михаил Ренџов (Опсервер)
Фото: Опсервер

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје на 4 ноември одбележа 90 години од раѓањето на поетот Михаил Ренџов со програмата „Сеќавање на Михаил Ренџов“.

Настанот во холот на библиотеката почна со поетско читање на „Симнување од крстот“, а присутните ги поздрави в.д. директорката Анета Механджијска.

Реклама

За ликот и творештвото на Ренџов говореа проф. д-р Владимир Мартиновски и Братислав Ташковски. Во програмата актери читаа извадоци од биографијата на поетот и ги интерпретираа песните „Нерези“, „Се населив тука“, „Одиме со рака фатени“, „Треба да се молчи“ и „Комета“.

На чествувањето присуствуваше и потесното семејство на Ренџов. Како завршница, неговиот син Петар Ренџов изведе музички и уметнички перформанс на песни од својот татко.