
На 5 ноември во 19 часот во Музејот на Македонија ќе биде отворена ретроспективната изложба „Тивки актери, гласни приказни“, посветена на македонското куклено наследство. Поставката ќе остане отворена до 29 ноември.
Изложбата го презентира развојот на македонското кукларство низ децении, од историските почетоци во 1946 година со визијата на Светлана Малахова, па до современите дизајни на Театарот за деца и младинци.
Автор на изложбата е Љубица Велкова, продукција е на театар „Сенки и облаци“, а куратор е Јасминка Намичева. Стручен соработник е Кирил Василев, а дизајнот на плакатот е на Бранкица Јордановска.
Настанот е поддржан од Министерството за култура и туризам.



