Карачиќ: Во Вардар немав земено плата 15 до 18 месеци

Игор Карачиќ откри дека во периодот кога со Вардар ја освоил втората титула во Лигата на шампионите немал земено плата 15 до 18 месеци. Поранешниот ракометар рекол дека барал пари од татко му за да ги покрие трошоците.

7
Карачиќ: Во Вардар немав земено плата 15 до 18 месеци (СпортСпорт)
Фото: СпортСпорт

Карачиќ раскажа дека неплатените обврски влијаеле врз неговата иднина во спортот и дека во тој период размислувал да се откаже од ракометот.

„Кога бев во Вардар и кога ја освоивме втората титула во Лигата на шампионите, немав земено плата некаде 15 до 18 месеци. Имаше ситуации кога морав да барам пари од татко ми, па поради тоа и размислував да се откажам од ракометот“, изјави Карачиќ во подкастот „Ретровизор“, според МКД.МК.

Вардар ја освои втората титула европски шампион во 2019 година.