Документарецот „Кумство, вера, традиција“ на Надица Петковиќ ја освои бронзената Камера 300 во Битола

Филмот ги обработува народните обичаи, духовноста и значењето на кумството како еден од симболите на заедништвото во македонската традиција. Преку сведоштва, архивски материјали и визуелна нарација, прикажан е обред кој, според Петковиќ, повторно станува близок и прифатен и кај помладите генерации.

1
Илустрација: Документарецот „Кумство, вера, традиција“ на Надица Петковиќ ја освои бронзената Камера 300 во Битола
Илустрација

„Филмот ‘Кумство, вера и духовна визија во срцето на народот’, обработува длабока, автентична и жива тема, народен обред што од година во година станува сè поприфатен и кај помладата популација. Со гордост ја примив наградата, бидејќи меѓу пристигнатите 94 филма од целиот свет, мојот филм беше прогласен за еден од најдобрите“, изјави етнологот Надица Петковиќ.

Етнолошките филмови претставуваат мост меѓу минатото, сегашноста и иднината, документирајќи ги традицијата, културниот идентитет и начинот на живот на заедниците. Во услови на брзи општествени промени и глобализација, тие имаат значајна улога во зачувувањето на колективната меморија и во пренесувањето на културното наследство на идните генерации.

Извор: МКД.мк