Рибниот фонд на Преспанското Езеро дополнет со околу 7.000 млади крапови

Околу 7.000 млади крапови се пуштени во Преспанското Езеро во порибување со еден тон подмладок.

0
Рибниот фонд на Преспанското Езеро дополнет со околу 7.000 млади крапови (Опсервер)
Фото: Опсервер

Порибувањето го спровело регистрираното мрестилиште „Акватика“ од Неготино, со 500.000 денари обезбедени од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2026 година.

Инспектори од Државниот инспекторат за земјоделство го следеле порибувањето и ја контролирале вкупната тежина на подмладокот и бројот на единките пуштени во езерото.

Реклама

Министерот Борче Серафимовски изјави дека со порибувањето се поддржува обновата на локалната популација на крап и дека ќе продолжат вложувањата во рибниот фонд и неговата заштита, со цел зачувување на биодиверзитетот на Преспанското Езеро.

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Ивица Ангеловски, најави засилени контроли на езерото и продолжување на соработката со риболовните здруженија за заштита на рибниот фонд и спречување незаконски риболов.