Трамп му се закани на Мексико со двојно зголемување на царините

Американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на Мексико со двојно зголемување на царините доколку не ги запре, како што тврди, големите мигрантски каравани што се движат кон границата со САД.

0
Трамп му се закани на Мексико со двојно зголемување на царините (МКД.МК)
Фото: МКД.МК

Во објава на социјалната мрежа „Тру соушал“, Трамп наведе дека по наводниот пораз на републиканците на конгресните избори повторно се случува „инвазија“ на САД.

Тој тврди дека во Мексико се формираат големи каравани мигранти и дека во нив има луѓе кои различни држави не сакаат да ги примат. Трамп порача дека Мексико мора веднаш да ги запре, во спротивно царините за земјата ќе бидат удвоени.

Реклама

Американскиот претседател соопшти дека за неговото барање биле известени мексиканските власти, гувернерот на Тексас, американската Гранична патрола и Службата за имиграција и царинска контрола. Тој додаде дека нема да има попуштање.

Трамп не приложи докази за тврдењата за мигрантските каравани, ниту прецизираше на кои постојни царини би се однесувало најавеното удвојување.