Home RSS на 365.com.mk

RSS на 365.com.mk

rss_mainИнформација за RSS каналите

Што е RSS и како да го започнам користењето?


Што е RSS?

Следењето на информациите што ви се потребни станува сè потешко бидејќи секој ден се појавуваат нови веб сајтови. Нивното пребарување е навистина напорно, а вие всушност повеќе би сакале најновите информации да ви бидат директно испратени.

RSS (Really Simple Syndication – сосема едноставно објавување) ви овозможува да дознаете кога вашите омилени веб сајтови имаат објавено нови содржини. На едно место ќе добиете увид во најновите информации како на пр. главни настани, статии, аудио фајлови, фотографии и видео. Така, повеќе нема да морате секој ден да ги разгледувате бројните веб страници.

RSS функционира преку канали на кои што треба да се регистрирате на вашите омилени веб сајтови. Овие канали можат да се прегледуваат со помош на програма за читање на RSS. 365.com.mk е само еден од бројните веб сајтови што овозможува RSS. RSS каналите се бесплатни, а сајтот на 365.com.mk во моментов користи RSS 2.0.
Како да започнам?

Да почнеме со ред. За да можете да уживате во придобивките од RSS, ќе ви биде потребна програма за читање вести, која всушност претставува едноставен и бесплатен софтвер. Вашата програма за читање вести ќе ги провери RSS каналите, а веднаш по објавувањето на нови содржини таа ќе ви овозможи да ги прочитате токму оние содржини за кои сте се регистрирале.

Постојат различни програми за читање вести за различните оперативни системи, така што ќе треба да се одлучите за некоја што ќе може да работи на вашиот компјутер. На каналите можете да им пристапите преку вашиот пребарувач, или пак можете да ги преземете од интернет. Доколку изберете да им пристапите на RSS каналите преку вашиот пребарувач, тогаш ќе можете да ги прегледувате најновите содржини од кој било компјутер. Ако решите да преземете апликација за читање на RSS каналите, тогаш ќе можете да ги снимите содржините на вашиот компјутер слично како и кај e-mail сметките. Откога сте избрале програма за читање вести, ќе треба да се регистрирате за RSS каналите кои би сакале да ги читате.
Наш совет за RSS читач

Со Google Reader читањето на RSS вестите е едноставно како возење велосипед! Регистирајте Google сметка, а потоа кога ќе бидете во апликацијата, кликнете на add subscription за да внесете вебсајт преку RSS. Во него можете да ги внесете сите посетувани веб-страници кои може да ги читате од било каде, со што ќе заштедите на сурферско време, а никогаш нема да испуштите вест!

screenshot-google_reader_-_mozilla_firefox

 

Како да започнете со Google Reader видео

{youtube}PvKFP67GwSY{/youtube}


Доколку сакате да бидете во тек со содржините на 365.com.mk, ќе треба
да се регистрирате на нашиот канал.
Можете да се регистрирате со копирање на URL линкот на RSS каналот
директно во програмата за читање вести. Кликнете на иконата за RSS
вести на нашиот сајт, кликнете на Copy Link и направете Paste во вашиот
RSS читач.

Понатаму, доколку сакате да додадете и други веб-страници преку RSS во вашиот читач, секогаш барајте ја портокаловата икона во address bar-от кога сте на сајтот или пак во неговата содржина.

rss23За да читате со Google Reader, претходно ќе треба да креирате налог
365-feedr


Линк за статии преку RSS: http://feeds2.feedburner.com/www365commkfeed


Статиите од 365.com.mk може да ги добивате и во вид на електронска пошта. Кликнете тука за да го внесете вашиот e-mail.


Список на RSS читачи сортирани според оперативен систем

Windows
Newz Crawler

FeedDemon


Awasu

Mac OS X
Newsfire
NetNewsWire

Linux
Straw

Liferea


Web
Bloglines
FeedZilla
NewsGator
Microsoft Live
My Yahoo!

Google Reader



Browser

Mozilla Firefox

Opera

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here