
Македонскиот народен театар на 5 ноември ќе го отвори 22. Меѓународен фестивал на актерот – Никшиќ 2026, што ќе трае до 10 ноември под слоганот „Да играме со срце“.
МНТ на фестивалот ќе гостува со претставата „Страв и надеж“, во адаптација и режија на Татјана Мандиќ Ригонат. Со таа изведба ќе почне шестдневната програма посветена на актерската уметност и современите театарски остварувања.
Во претставата играат Сашко Коцев, Сашка Димитровска, Александар Микиќ, Дарја Ризова, Наталија Теодосиева, Никола Ристановски, Тони Михајловски, Тања Кочовска, Дамјан Цветановски и Нела Павловска.
Покрај Македонскиот народен театар, на фестивалот ќе учествуваат и Центарот за култура -Тиват, Звездара театар, Народно позориште од Белград и Народно позориште на Република Српска од Бања Лука.
Фестивалската програма ќе заврши на 10 ноември со доделување на наградите и со изведба на претстава во чест на наградените. По настапот на МНТ ќе има и разговор со актерската екипа, на кој публиката и новинарите од Никшиќ ќе можат да поставуваат прашања и да разменат мислења со нив.
Учеството на МНТ е најавено како можност за меѓународна промоција на сопствената продукција и за средба со регионалната театарска публика.



