Изложбата „Од планината до морето“ на Родригез во галеријата Остен

Во галеријата Остен е поставена изложбата „Од планината до морето“ на португалскиот уметник Луис Филипе Салгадо Переира Родригез, со големи апстрактни цртежи инспирирани од природни пејзажи.

42
Изложбата „Од планината до морето“ на Родригез во галеријата Остен (Sasho)
Фото: Sasho

Поставката е поделена на два тематски сегмента. „Хоризонтот“ содржи панорамски пејзажи со линии што се преклопуваат и брануваат, а „Квадратот и длабинскиот фокус“ го истакнуваат густината и текстурата на цртежот.

Луис Филипе Салгадо Переира Родригез е португалски уметник, истражувач и доцент на Архитектонскиот факултет при Универзитетот во Лисабон. Има учествувано на 115 групни изложби и реализирано 17 самостојни изложби. Во 2015 година ја добил првата награда на натпреварот за пластични уметности „INATEL“.