FriendFeed – најлесен начин за споделување веб содржини со другите

Повеќе... FriendFeed е корисна алатка преку која можете на едноставен начин да ги споделувате содржините кои ги откривате онлајн (линкови, фотографии, видеа и музика) со вашите пријатели. 

FriendFeed е корисна алатка преку која можете на едноставен начин да ги споделувате содржините кои ги откривате онлајн (линкови,фотографии, видеа и музика) со вашите пријатели.

Преку овој сервис корисниците на еден интерактивен начин можат да откриваат нови информации и да ги дискутираат истите со другите. Целта на FriendFeed е да ги направи веб содржините порелевентни и покорисни за корисниците кои ќе ги користат своите профили на социјалните мрежи како алатка за откривање на интересни информации.  Концептот е едноставен: ги додавате сметките кои ги имате на различните социјални заедници и блогови и Friendfeed нив ги собира на едно место, такашто избраните пријатели можат да ги следат вашите активности на сите тие различни места.

Прочитајте и:  Во Австралија нема да има потреба од давање на лични податоци на социјалните мрежи

Овој агрегатор во реално време ги собира на едно место апдејтите од социјалните мрежи и сличните на нив веб страници како оние за букмаркинг, блоговите, микро-блоговите и сите други типови RSS/ Atom фидови. На тој начин, корисниците можат да добиваат апдејти во реално време за содржините кои нивните пријатели сакаат да ги споделат со нив, од фотографии, линкови и видеа, па се до лични пораки.

Не потребно да се инсталира ништо за да се користи FriendFeed. Можете да читате и да ги споделувате информациите во вашиот FriendFeed како што сакате – преку е-мејл или преку Фејсбук,  а постои можност истите содржини да можат да се интегрираат на вашиот блог или на сервисите кои веќе ги користите (како на пр. Twitter).

{youtube}dnzJQM7WWHc&feature=fvst{/youtube}
- Реклама -