Во Битола доделени четвртоноемвриските награди

На свечена академија во Центарот за култура во Битола беа доделени четвртоноемвриските награди, а градоначалникот Тони Коњановски и претседателот на Советот Бојан Бојкоски ги истакнаа вредностите на слободата и развојот на градот.

9
Во Битола доделени четвртоноемвриските награди (Опсервер)
Фото: Опсервер

Свечената академија по повод Денот на ослободувањето на Битола се одржа во Центарот за култура, каде што беа доделени четвртоноемвриските награди.

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски во своето обраќање истакна дека утрото на 4 ноември 1944 година припаѓа на вечната меморија на градот, бидејќи тогаш се оствари долгоочекуваната радост на слободата и надежта за мирен живот.

Реклама

Тој нагласи дека тешко стекнатата слобода пред 82 години ги прави горди на културно-историските вредности и напредокот на Битола, а дека наследството на борбата и храброста на предците живее во посветеноста кон вредностите на слободата, правдата и мирот.

Добитниците на наградите ги соопшти претседателот на Советот Бојан Бојкоски, кој истакна дека локалната самоуправа континуирано работи на реализација на проекти и зајакнување на меѓународната соработка со цел подобрување на условите за живот и создавање можности за младите генерации.