
Во Скопје се засадени 3.500 нови садници, а до крајот на сезоната се планира да бидат засадени вкупно 6.000. Акцијата ќе ги опфати парковите, зелените површини покрај булеварите и јавните простори низ градот.
Скопскиот градоначалник Ѓорѓиевски соопшти дека садењето ќе продолжи во постојните паркови, во новите паркови што се подигнуваат, како и на зелените површини долж булеварите и во јавните простори.
Тој наведе дека активностите се планирани во сите општини и маала во градот, со цел Скопје да добие повеќе дрвја, паркови и зелени површини.
Ѓорѓиевски истакна дека зелено и чисто Скопје останува еден од неговите приоритети.



