
Комо одигра натпревар со девет постигнати гола на гостувањето кај Ленс, а Довикас запиша хет-трик. Наполи загуби со 1-4 во Порто, додека Манчестер Сити славеше со 3-2 против Лајпциг.
Покрај Довикас, за Комо меѓу стрелците се запишаа Паз, Да Куња, Кемф, Либерали, Батурина и Папакиоли.
Манчестер Сити до победата над Лајпциг стигна со голот на Халанд постигнат десетина минути пред крајот на натпреварот.
Арсенал со 2-1 победи на гостувањето кај Славија во Прага, а со ист резултат Борусија Дортмунд го совлада Бетис. Клуб Бриж славеше со 2-1 кај ПСВ, додека Викинг беше подобар од Сабах со 4-1.



