Прескокни до содржината
Реклама

Apple привремено го отстрани Telegram од App Store

Apple привремено го отстрани Telegram од App Store
Фото: Опсервер

Apple привремено ја отстрани апликацијата за пораки Telegram од App Store поради кршење на политиките на компанијата за материјал за сексуална злоупотреба на деца.

Telegram беше отстранет од продавниците за апликации за iPhone и iPad доцна во понеделник.

Во изјава за некои американски медиуми, Apple рече дека истрагата пронашла содржина на Telegram што ги крши политиките на компанијата за материјал за сексуална злоупотреба на деца.

Во изјавата се вели дека апликацијата е вратена во App Store откако Telegram веднаш ја отстранил спорната содржина и го блокирал корисникот што ја споделил.

Во објава на социјалната мрежа X, Telegram рече: „Извештаите за мојата смрт се многу претерани“.

На 30 јуни, Русија го додаде основачот и извршен директор на Telegram, Павел Дуров, на својата листа на терористи и екстремисти.

Канцеларијата на комесарот за безбедност на интернет во Австралија, исто така, поднесе тужба против Telegram поради тоа што не отстранил содржина поврзана со тероризам.

Царинската управа објави дека ќе спроведе интензивни контроли на пловните средства на Охридското Езеро.

Во следниот период, Царинската управа планира да изврши интензивирани контроли на пловните објекти на Охридското Езеро. Целта на овие проверки е утврдување на царинскиот статус на пловилата и нивното усогласување со законските обврски. Контролите ќе ги реализира Одделението за оперативни работи при Секторот за контрола и истраги, а ќе бидат насочени кон верификација на различни аспекти поврзани со пловилата.

Во Гостивар во изминатото деноноќие биле прегледани 198 пациенти

Илустрација
AI-илустрација

Во Гостивар во изминатото деноноќие биле прегледани 198 пациенти

Според информациите од Бајрами, на Инфективното одделение се прегледани 111 пациенти, на Одделението за педијатрија 75, а на Ургентниот центар 12 пациенти. Тој нагласи дека нема значителни промени во клиничката состојба на пациентите.

„Клиничките симптоми продолжуваат да бидат конфигурирани од стомачни тегоби, со поретко појавување на треска и покачена температура на телото“, изјави Бајрами.

Министерот за здравство, Сашо Клековски, на прес-конференција вчера објави дека од почетокот на епидемиолошката ситуација се евидентирани приближно 3.100 здравствени контакти преку Здравствениот дом, Општата болница, телефонските повици и интервенциите на Итната медицинска помош.

Клековски посочи дека првиот преглед е направен на 14 јули, а на 19 јули првпат е забележано намалување на бројот на приеми, што, според здравствените власти, претставува прв показател за стабилизација на состојбата.

„Скопје најпогодено од непогодата – МВР објави подробен преглед на интервенциите“

Полициските и други надлежни органи и вечерва се активни на терен поради силното невреме што зафати голем дел од земјата. Тие работат на расчистување на последиците, обезбедување на безбедноста на граѓаните и враќање на сообраќајот во нормала. Според податоците од Министерството за внатрешни работи, најмногу пријави се забележани во Скопје. Заклучно со 22 …

Град Скопје е спремен за предвидените временски непогоди, уверуваат од градската власт.

„Во функција се ставени сите достапни човечки и технички ресурси за заштита на нашите граѓани, нивниот имот и градската инфраструктура, како и за да се спречат поголеми штети. Овие активности се реализираат секојдневно, но за системот да функционира ефикасно, неопходна е одговорност од сите нас“, се наведува во соопштението од Градот.

Исто така, се истакнува дека тимовите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје интензивно работат на расчистување на канализационите линии, шахтите и сливниците, со цел да се обезбеди непречено прифаќање и одведување на атмосферските води и да се намали ризикот од поплави на критичните точки во градот.

„Ве апелираме до граѓаните да не фрлаат отпад во шахтите, сливниците и на јавните површини, бидејќи тоа го блокира протокот и го онеможува правилното одведување на дождовната вода“, нагласува Град Скопје, додавајќи дека останува буден, мобилизиран и во целост на услуга на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да престане со измислување на непостоечки финансиски проблеми и да им се извини на граѓаните за оставените последици.

Илустрација
AI-илустрација

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да престане со измислување непостоечки финансиски проблеми

СДС повторно се обидува да создаде вознемиреност таму каде што реално не постои ниту еден проблем. Економските прашања не се решаваат со неосновани тврдења и политички спинови, туку со факти и прецизни податоци. Вистината е јасна – министерката за финансии никогаш не кажала дека нема обезбедени средства за исплати на плати, пензии или други обврски.

Невремето донесе хаос во Скопје – спроведени десетици интервенции, 15 повредени и огромна материјална штета.

Илустрација
AI-илустрација

Денес поопладне, Скопје беше зафатено од силно невреме комбинирано со пороен дожд, ветрови и град, што резултираше со повреди на најмалку 15 лица и значителни материјални оштетувања. Според податоците од здравствените институции, девет од повредените пристигнале на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести и интензивна нега. Службите за итна помош примиле илјадници повици поради хаосот што се случи во градот.

На клиниката за ТОАРИЛУЦ примени девет повредени во невремето во Скопје, од кои две потешко

Илустрација
AI-илустрација

„Од нив две се со потешки повреди – една жена со повреда на глава е на Неврохирургија, а друга има скршена рака“, изјави д-р Мерџаноски за медиумите.

Силното невреме, проследено со интензивен дожд, олуен ветер и грмежи, попладнево ја зафати Македонија, оставајќи по себе повредени лица, откорнати покриви, стотици паднати дрвја, оштетени возила и блокирани улици. Најтешко погодено е Скопје, каде што само преку бројот за итни повици се јавиле повеќе од 1.000 граѓани. Во градот, силниот ветер откорнал покриви од училишта и згради, и оштетил многу возила. Невремето предизвика штети и во Куманово, Штип, Кочани и Виница, додека Стар Дојран синоќа претрпе сериозни материјални последици.

Клековски: Продолжува намалувањето на бројот на новопрегледани пациенти во Гостивар

Министерството за здравство известува дека во Општата болница во Гостивар се регистрирани 111 нови прегледи на инфективното одделение, 65 нови прегледи на педијатриското одделение и седум прегледи на Ургентниот центар, што во целост дава вкупно 183 прегледи.

Во Здравствениот дом во Гостивар, пак, се евидентирани 110 прегледи, како и 25 повици до Итната медицинска помош.

„Во текот на вчерашниот ден, вкупниот број на пациенти прегледани во болницата е намален за 38 проценти. Кога ќе ги споредиме податоците со 19 јули 2026 година, кога во Општата болница во Гостивар беа регистрирани 289 прегледи, забележуваме значително опаѓање на бројот на прегледи, со вчерашните 183. Исто така, бројот на прегледи во здравствениот дом континуирано се намалува – од 315 пациенти на 18 јули, на 275 пациенти на 19 јули и 110 пациенти на 20 јули“, изјави министерот за здравство, Сашо Клековски.

Владата донесе одлука: Прогласена е 30-дневна криза во Гостивар

На денешната седница, која беше 195-та по ред, Владата на Република Македонија и донесе одлука за прогласување кризна состојба во Гостивар. Оваа одлука дојде по предлог на Управувачкиот комитет, кој го сочинуваа министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за здравство Сашо Клековски, министерот за транспорт Александар Николоски, како и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.