Клековски: Продолжува намалувањето на бројот на новопрегледани пациенти во Гостивар

Министерството за здравство известува дека во Општата болница во Гостивар се регистрирани 111 нови прегледи на инфективното одделение, 65 нови прегледи на педијатриското одделение и седум прегледи на Ургентниот центар, што во целост дава вкупно 183 прегледи.

Во Здравствениот дом во Гостивар, пак, се евидентирани 110 прегледи, како и 25 повици до Итната медицинска помош.

„Во текот на вчерашниот ден, вкупниот број на пациенти прегледани во болницата е намален за 38 проценти. Кога ќе ги споредиме податоците со 19 јули 2026 година, кога во Општата болница во Гостивар беа регистрирани 289 прегледи, забележуваме значително опаѓање на бројот на прегледи, со вчерашните 183. Исто така, бројот на прегледи во здравствениот дом континуирано се намалува – од 315 пациенти на 18 јули, на 275 пациенти на 19 јули и 110 пациенти на 20 јули“, изјави министерот за здравство, Сашо Клековски.