На денешната седница, која беше 195-та по ред, Владата на Република Македонија и донесе одлука за прогласување кризна состојба во Гостивар. Оваа одлука дојде по предлог на Управувачкиот комитет, кој го сочинуваа министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за здравство Сашо Клековски, министерот за транспорт Александар Николоски, како и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.




