Прескокни до содржината
Реклама

„СЕЌАВАЊА НА АМЕРИКА“ ДОСЕЛЕНИЧКАТА ДРЖАВА (III Поглавје)

“Беки беше разведена од богат адвокат од Тулса кој ја развел зошто во тоа време не можела да одолее на водоводџии, односно на Мајк кој дури не ни беше водоводџија туку продаваше цевки за водовод. Глупача!“

Dick Major

Уште пред да пристигнам во САД и да пољубам земја амeричка, ми беше фасцинантно што секоја држава во федерацијата си има прекар. На пат до Њу Јорк, додека го цитирав Darth Wader: “I am your father Luke”, си се смешкав под мустаќ зошто одам во Empire State. Потоа ми беше цепки кога го посетив вујко ми во Њу Џерси и на пат натаму, блиску до Патерсон на една регистрација од Југо Америка видов дека е The Garden State. Државата бавча човече!? Калифорнија, после големата златна треска со право си го заслужи прекарот The Golden State, а Флорида како тропска мочвара со преку 260 сончеви денови годишно беше The Sunshine State. Логично.

Screenshot_1

Сега веќе слетав во The Sooner State – Оклахома. И како да ѝ го преведеш името освен ранобудната држава. Ама не било баш така на прва…

“Sooners ги викале белите доселеници кои сакале леб преку погача зошто рано насабајле полагале право на земјиште на територијата на денешна Оклахома,“, како од пушка ми објасни Џоко одПрилеп, мажот на Олга одПрилеп додека ме возеше накај нив дома. Само што ме пречека на Will Rogers World Airport, најголемиот аеродром во Оклахома крстен по некојси Oклахоманец, легендарен каубоец и комичар кој загинал во авионска несреќа во Аљаска! Прикладно.

Screenshot_2

Супер типче беше Џоко. Ризница на корисни информации, но и на тривијални глупости. Како и секој прилепчанец од стариот ков, знаеше сé за апсолутно сé и ако случајно не знаеше нешто за нешто, веднаш ќе измислеше некоја налудничава глупост која ќе ја образложеше со толкава сигурност што и Кинез ќе убедеше дека е уствари Јапонец по потекло.

Исто како што веднаш ме просветли дека Прилеп, а не Скопје, требалo да биде главен град на Социјалистичка Федеративна Република Македонија затоа што првата пушка пукнала воПрилеп а не во Куманово, Џоко ми објасни дека Оклахома значи “црвен човек“ на јазикот на племето Чокота и дека околу средината на деветнаесетиот век “okla humma” требалo да биде федерација на сите црвенокошци.

А јас мислев дека ја крстиле по мјузиклот – будала.

Screenshot_3

Во духот на ирските доселеници, на патот за подобра иднина и јас догалопирав во Оклахома. Ако ништо друго, Оклахома Сити барем го имаше Сити во името и после авантурата низ мочварите на Флорида бев пресреќен што се вратив назад во цивилизација.

Конечно се запознав со Олга одПрилеп. Гласот од телефонот доби лице.
Олга пред сé беше Госпоѓа во обид. Бев изненаден кога видов дека се работи за средовечна жена во своите доцни четириесети затоа што по гласот бев убеден дека е некоја стара бабичка. Имаше кратка ситно виткана црвенкаста коса и големи коцкасти наочари со ретро дизајн кои никогаш не ги вадеше. Ниту еднаш не ја видов без наочари – ниту еднаш во девет месеци, а по сé изгледаше дека ги немаше извадено уште од седумдесетите кога претпоставувам и си ги купила!

Screenshot_4

Во месеците кои следуваа сфатив дека Олга не е така лоша како што прво мислев. Жената беше лукав опортунист со релативно добар смисол за бизнис. За несреќа, неколку години порано во родната Македонија, додека била главен организатор на некаков едукативен камп за деца, во базенот на хотел Белви во Охрид се удавило некое детенце додека било под нејзин надзор. Набрзина, Олга спакувала куфери и сосе Џоко и ќерка ѝ ја спичиле воОклахома. Без да троши време на друга животна професија, Олга продолжила со педагогија и веднаш започнала бизнис со вдомување, едуцирање и генерално менаџирање на студенти на размена.

Како што влегов кај нив дома веднаш фрлив сидро. Одлучив дека не одам никаде додека Олга не ме смести во фин и топол дом и додека не ми најде школо каде ем ќе завршам со диплома, ем без убодни рани од локални црнечки банди.

Работите стоеја вака. Пред воопшто да заминам за САД, Олга ми даде неколку опции за сместување од кои добри три четвртини беа во Оклахома, една во Њу Јорк, една во Калифорнија и нешто во Флорида. Седнавме со моите и со оглед на тоа дека немаше Гугл, после разгледување на големиот атлас на светот и краток осврт на нашето колективно семејно познавање на американските филмови, одлучивме дека било која од обалите е подобра опција отколку каубојската прерија на северо-западот. На крај пресековме да одам во Њу Јорк зошто вујко ми живееше одма од другата страна на реката Хадсон на само стотина километри во Њу Џерси. И додека се ебавав од едно во друго во трето семејство, сите ексклузивни смештаи во Оклахома полека беа зафќани од малата армија ексчејнџ студенти на Олга. Најмногу ме болеше што само десетина дена претходно, кога имав опција да бирам помеѓу Оклахома и Флорида, како штафета ѝ ја предадов опцијата за Оклахома на Костадинка која сега веќе беше удобно сместена во мини дворец со базен и ултра згодна посестра. Јас всушност само задоцнив земајќи кратенка низ џунгла полна алигатори!

Screenshot_5

Во Оклахома Сити беа сместени некаде околу петнаестина студенти на размена кои ги донела Олга одПрилеп. Повеќето беа Македонци плус неколку Срби и една шиптарка од Косово. Скоро сите беа вдомени во фини семејства, во големи куќи со големи дворови, некои со базени, некои добија коли на користење, некои имаа згодни посестри, некои дури добиваа и џепарлак, некои беа во висока средна класа, а некои и во висока – висока класа со готвач и собарица по дома!

За случајно да не фатам корени во гостинската соба кај Олга, Олга веднаш се фрли во акција за да ме смести што поскоро. Веројатно одеше од врата до врата низ маалото и така ми најде семејство. На крај, сепак завршив на петнаесет минути од неа и Џоко, до најблиските прилепчани во Оклахома Сити. И после Господ не бил прилепчанец по табиет!?

Поминаа едвај три дена и две ноќи кога моите побарувања беа исполнети но не и задоволени. Сепак одлучив да го кренам сидрото и отпловив во мојата нова дома. Дај шта даш беше работава.

На помалку од две минути возење низ маалото каде живееше Олга живееше и семејството Ware или на нашки Вер. Мајкл, односно Мајк, жена му Ребека или такозвана Беки, нејзината четиринаестгодишна ќерка од првиот брак Џесика – Џес и тригодишниот Џони кој у старт беше крстен така да не мора да го осакатат со некоја остроумна кратенка.

The All American Family

Ајмо. Почињемо!

Мајк беше наркоман и алкохоличар. Ребека беше викендашки џанак и мераклика која се ебеше со едниот од неговите најдобри другари кој во исто време му беше и адвокат pro bono, како и со првиот пожарникар на кој ќе успееше да налета кога Мајк не беше дома, а дома не гореше. Џесика беше четрнаесетгодишна кучка и курвиче par excellаnce, а Џони имаше само 3 години и беше преслатко мало детенце?

Ок, можеби многу брзо прераскажав нешто за кое ми требаа месеци за да го доживеам. Така што, да тргнеме од почеток.
Да се присетам на деталите додека пишувам. Можеби и не е така страшно…

Screenshot_6

На ептен прв поглед, семејството Вер беше уште едно обично семејство од ниска – најниска средна класа. Живееа во најевтината и најстара куќа во маалото, склопена од штици со високи и тесни процепи наместо стандардни прозорци, без гаража или “двор“ во американска смисла на зборот. Следното пониско ниво би било да живееа во апгрејдирана приколка од типот на таа во која живееа Мо и Феит во Оринџ Каунти.

Со други зборови, глумеа дека припаѓаат во маалото во кое дефинитивно немаа пари да останат уште долго. На таа слабост веројатно играла и Олга која набрзина ме шитна на семејството Вер за само 200 долари месечно, пари кои во тоа време во доселеничката држава не беа малку. Кутија Камел кошташе долар и деветнаесет центи, се сеќавам, а галон бензин беше осумдесет и девет центи. Да ја рентав собата во која ме сместија ќе се исценкав за помалку, а они немаше да мораат да се чувствуваат гордо дека му помагаат на некое безнадежно дете од тој таму некој трет свет наречен бивша Југославија.

Screenshot_7

Запознавање со луѓе со кои знаеш дека би требало да живееш спокојно скоро цела година е слично како кога на свои шеснаесет годинки се запознаваш со родителите на девојка ти со која знаеш дека ќе раскинеш за максимум три месеци откако ќе ја “скинеш“ у градски парк… ако ти дае. Ако не ти дае, и раскинуеш одма и таму!

После три лоши искуства во само еден месец, употребив тактика која толку многу се покажа како успешна што се возев на неа до самиот крај на деведесетите. Откако се претставивме еден на друг и Олга веќе си замина, Мајк и Беки ме прашаа за моите корени и причината зошто сум дојден во Америка. Да не тупам со Крали Марко и неговата славна далматинска лоза на која прилепчаните не се сеќаваат зошто ја ставиле во фолдерот “алцхајмер“ уште во XIV век, јас употребив една многу поскора референца за препознатливот:

“I come from Macedonia, it was a part of Yugoslavia until the horrible war broke out in Bosnia”.

Туга – несреќа…

Како и секој американски гледател на CNN, семејството Вер веднаш спушти поглед во знак на сочувство со моите страдања. Им објаснив дека животот ме донел кај нив за подобра иднина и дека сум им благодарен за помошта, God bless.

Бев сместен во сопствена соба каде имаше биро, плакар и двокатен кревет. Мојата нова помајка Беки ми објасни дека нејзиниот син од првиот брак, десетгодишниот Тревис кој одлучил да живее со татко му, доаѓа чат-пат за викенд па морав да се сместам на долниот душек пошто он сакал да спие горе кога доаѓал на гости. No problem Becky…

Утредента ми беше прв ден на школо и морав да станам порано зошто Bethany High, home of the Broncos беше на другиот крај на градот. Во петнаесет до седум ме разбуди Мајк.

Мајк. Го сакав човекот, а би требало да го мразам. Не беше лош и ништо лошо не ми направи намерно. Кратката ретка брада и испегланите каубојски Wrangler фармерки не можеа да му ги засенат кристалните црни зеници кои ја искривуваа светлината како црни дупки полни со милениуми наталожена индијанска де-ен-ка на племето Крик. Ама пост-Колумбо историјата на Америка нé научила дека не треба многу отров или болест од белиот човек за да истребиш еден народ не па ли неговата култура.

“Wake up Pit, it’s time to go”, ми се обрати како што кочијаш му кокодака на коњот да побрза. И така се роди мојот нов прекар во домот на семејството Вер – Пит. Се помирив со мојот нов назив и набрзина се средив. Ја облеков најубавата кошула со висока крагна, ги навлеков најтесните патолони и долгата виткана коса си ја сплетов во плетенка за да не бодам очи како да сум Муфаса од Lion King кој го гледавме со Џони претходната ноќ.

Следуваше лесен утрински муабет во трпезаријата: Nice hair Pit; Great jeans Mike… Филтер кафе. Корнфлекс со диетално соино млеко. Чудни насмевки. Цигара. Мини тост со путер од кикирики и банана. Уште една цигара…

Screenshot_8

Влеговме во зелениот Шевролет пикап на Мајк и тргнавме на моето прво утринско запознавање со Оклахома Сити. За Оклахома Сити немам што да кажам, не се сеќавам на ништо интересно, но нашиот прв муабет со Мајк ме остави без зборови – буквално. Додека возеше, Мајк отвори едно мало пластично кутивче:
“Listen Pit, you are going to be staying with us for a while therefore you need to know something”, и извади џоинт.
Бев апсолутно шокиран.
Само момент.
Имав осумнаесет години и нозете сé уште ми беа длабоко во една прилично конзервативна Македонија. Кога доаѓав накај САД, колку и да мислев дека Америка постои само во филмовите, не очекуав дека било кој со три деца по дома дува, па уште помалку дека ќе дели грас со мене – средношколец, на пат до школо во седум сабајле! Дури ми падна и непријатно, навистина. Какво дете бев – будала! Имав дувано само два-три пати дома у Скопје за што сé уште имав грижа на совест и исто толку пати за време на еден ден во Флорида со Лупита и тоа само за да ја импресионирам дека сум откачен како и неа. Тоа дување барем се исплати со пушекурение за кое немав ни грам грижа на совест. Се направив кул и му кажав дека нема гајле.

Мајк ми понуди дим. Прифатив како што Алберт Фон Оберндорф прифатил да го потпише Версајскиот договор на крајот на прва светска војна. Се направив камен со само едно вовлекување. ВО 7 САБАЈЛЕ! Добар грас дуваше Мајк, нема што. Браво Мајк. Фала.

Screenshot_9

Мајк ме остави пред Bethany High school и замина да се занимава со администрација во фирма за продажба на водоводн цевки.

Bethany High school беше баптистичо средно училиште. Џизас им беше во срцата и во гаќите на сите, од наставниците до најзгодото школско чирлидерче кое подоцна открив дека Бога ради, немаше проблем да се ебе у г’з или да испуши пенис ама не даваше света вагина до првата брачна ноќ – лудо.

Додека ме испраќаше на првиот час, училишниот психолог веднаш ми даде до знаење дека во школото средно завршила и Шенон Луцид, астронаутка и првата жена на руската интернационална вселенска станица МИР која требаше да се врати од вселената за некој ден.

“We are all so proud of her Peter, you should be too. Who knows, you might end up there one day as well”, гордо ми кажа сиротото жениче, потенцирајќи со искривена насмевка дека се работи за руска вселенска станица. Претпоставувам дека ја окези насмевката во знак на солидарност, како ние Македонците да сме го лансирале МИР за нашите браќа по Карл Маркс (пошто Македонија во тоа време Сојалистичка – нели!?).

“Да, во право сте Госпоџо“, и продолжива да бидам надуван како балон полн со хелиум…

Screenshot_10

Бетани беше мало гордо и ултра конзервативно школо. Сите беа сомнително фини, сите беа случајно бели и сите беа окезени и весели како да се во некое предградие во филм на Тим Бартон. И како и во филм на Тим Бартон, суровиот сарказам на моето постоење само се потврди кога дознав дека во истото училиште учат Мими од Скопје и Павлина, уште една прилепчанка. Неверојатно, кај живеев до прилепчани, уште и одев во школо со прилепчанка (со добри цицки, морам да признам).

Заклучок: Нема бегање од прилепчани кога низ вените ти тече нивна крф. К-смет!

Директорот и школскиот советник ме прашаа дали сакам да се занимавам со спорт, им кажав “No, thank you very much!“. Ме прашаа кој странски јазик сакам да го учам, им кажав “Española“. Calculus? “Не фала, дај некоја тригонометрија ако може“. Theatre or Debate? “Двете за сметка на физичко please“. Плус Advanced English, Физика, Американска Поезија на ХХ Век и Government кои сите беа обавезни предмети. И така почнав со четврта средно во Бетани. Убаини. И да не чекам до крај, одма да кажам дека без некој посериозен проблем завршив со сите A’s, а за Debate станав легенда на ниво на државата Оклахома. За тоа подоцна, ептен е добра причата!

И покрај тоа што цигарите беа релативно евтини, сепак на пат до Америка си купив кило тутун за виткање од фри-шоп-от на аеродромот на Малта. Бев копиљ, а бев дебело навлечен на никотин зошто почнав да пушам у шесто одделение како циганчињата. Нажалост, и ден денеска можам без било што освен без цигара и сé уште сум махер во виткање, талент кој Мајк го искористи до максимум.

Кога дојдов дома после првиот училишен ден, за вечера јадевме meatloaf. Тоа е уствари печење од мелено месо во калап за леб како и што му кажува името “векна месо“. Плус пире од кесичка и ладен Lipton чај наместо салата.

За време на вечерата приметив дека Џес, мојата четиринаестгодишна посестра не беше многу среќна што сум дел од нејзиниот живот.

Џес беше куклеста природна плавуша со проѕирно плави очи, добри цициња и опак табиет. Како и секој добар барутен фитиљ, не ѝ требаше многу за да се разгори и да спизди експлозивно како огномет кога ќе победи ВМРО-ДПМНЕ. Го мразеше Мајк и ме мразеше и мене зошто Мајк пресекол да им бидам гостин во наредните девет месеци. Тоа ни го даде до знаење на сите уште веднаш:

“This meatloaf sucks Mike. Не јадам. Идам у соба. Добар тек Пит!“, ми посака пријатно јадење со израз на лице на тинејџерка со пролив.

И покрај тоа што Мајк не го направи јадењето кое уствари и не беше така лошо, Беки се накурчи и отиде да ѝ ебе мамицата на Џес во нејзината соба. Со Беки немаше заебанција. Не ја видов Џес до следното сабајле!
Останавме Мајк, тригодишниот збунет Џони и јас.

“Не се секирај Пит“, кратко ме утеши Мајк, “She took a while to get use to Jonny over here too. And he is her little brother. До пубертетот е!“, ми кажа со полна уста мелено месо. Си ждригна и даде до знаење дека е готов кога го бутна празниот тањир пред себе.
Ги сместив прљавите садови во машината за садови во знак на пристојност. Таман да отидам во мојата соба и да избегам од наелектризираната атмосфера која ечеше од собата на Џес, Мајк ме викна во дневна. Седнав на каучот и си играв со Џони додека Мајк ми објаснуваше како стојат работите.

Беки беше разведена од богат адвокат од Тулса кој ја развел зошто во тоа време не можела да одолее на водоводџии, односно на Мајк кој дури не ни беше водоводџија туку продаваше цевки за водовод. Глупача!

Како и било која млада спонзоруша, Беки затруднела и во рок од 5 години му родила две деца на првиот маж кој никогаш не го запознав. Слободна женска ко што си беше, си го нашла Мајк у некој бар и после месец-два лудување била фатена жива у превара. Се развела по кратка постапка. Постарата ќерка Џес отишла со неа, а малиот Тревис одлучил дека е боље со татко му. Мајк, за да не ја загуби поддршката на својот претходник за ќерка му Џес, одма ѝ направил мал индијанец на Беки и тоа е тоа. Среќно семејство. Живееа од своите мизерни плати, од парите на првиот маж на Беки наменети за ќерка му која емотивно одлучила да отиде со мајка ѝ, и од киријата за мојот престој кај нив дома која ја плаќаше Олга одПрилеп односно моите родители.

“I noticed you can role a cigarette Pit. Could you role me a joint?“, ме праша Мајк.

Му свиткав џоинт каков што не видел никогаш и ми се смени животот. Му виткав по најмалку четири џоинти на ден, секој ден, додека не си отидов после девет месеци. Од култура, и јас почнав да дувам со него секоја ноќ а понекогаш и насабајле на пат до школо. Јебига, Мајк ми беше нов пример за татко, а татко мора да се почитува.

Screenshot_12

(следното поглавје за 2 недели)

ЗЛАТНАТА ДРЖАВА (I ПОГЛАВЈЕ) ; СОНЧЕВАТА ДРЖАВА (II ПОГЛАВЈЕ)

„СЕЌАВАЊА НА АМЕРИКА“ СОНЧЕВАТА ДРЖАВА (II Поглавје)

“„Шо е сат време – пет минути работа“ е античкото охридско разбирање за теоријата на релативноста, чија длабока суштина ме просветли кога четири саата ми поминаа во четири минути. Е тоа е лексилиум, ѓавол во пакување на…“

Dick Major

Сиромавиот плаќа два пати, oтприлика вака може да се дефинира мојот лет од златната Калифорнија до сончевата Флорида. Само што во овој случај, Олга одПрилеп, мојот агент кој требаше да се грижи за мојата благосостојба, ја плати најевтината можна авио карта за јас да платам два пати со мојот премор и детска издржливост. Тргнав рано сабајле и со две застанувања од по неколку часа, пристигнав на Феникс Интернешнл дури некаде околку единаесет вечерта.

Си го земав куферот и излегов да ги пречекам моите нови помајка и потатко. Овој пат, за разлика од гламурозното пристигнување на Ел-Еј-Екс, немав никакви очекувања. Само сакав што поскоро да ме соберат и да ја запичиме по дома за да легнам да спијам, да се одморам и конечно да се стокмам некаде – аман!

Веќе беше околу половината на Септември и имав загубено драгоцено време од настава. Во САД училиштата во најголем дел почнуваат со работа во втората половина на Август. Скоро месец дена загубена настава за еден странец чиј англиски е добар, но сепак научен некаде на Балканот, значи многу надокнадување.

Во лобито за пречек на патници немаше жива душа. Тие неколку луѓе со кои пристигнав полека си заминуваа и бев оставен сам со женскиот глас од говорниот автомат на терминалот и со зуењето на машините за чистење на плочки кои исто така привршуваа со работа. Дури и дебелите поспани црнци кои ги управуваа малите колички се возеа наоколу како муви без глави. Конечно ја доживевав Америка во своето најблескаво издание, “Land of the free, home of the brave, now being served in terminal 2 for just 99 cents. Foreigners are welcome for an additional charge of just 2,99!”.

За жал, немаше ни трага ни глас од среќните добитници на ексџејнџ студент од Македонија. Ни трага ни глас, ни бутур ни костур. Бев сам самцат во терминал од десет илјади метри квадратни. Мојот лет беше последниот дојдовен лет. Се направив луд како странец и запалив цигара. Потајно посакував да дојдат и да ме приведат ама немаше никој.

smoking is forbidenПочнав да се шуткам лево десно. На точно секои пет секунди погледнував во часовникот над мене. Тик-так, тик-так, можеби доцнат. Тик-так, можеби го утнале терминалот… можеби пушат цигара… можеби дошле и отишле. Тик-так, тик-так…
“Ало Олга добравечер“, ѝ се јавив на мојата агентка одПрилеп која по бојата на гласот знаев дека сум ја разбудил. Ако маме и ебам, да дае Господ никад више да не заспие додека не заспие засекогаш, а тоа да биде што е можно поскоро, си помислив кога ме праша дали сум пристигнал и дали е сѐ во ред.

“Не Олга, ништо не е во ред! Чекам тука веќе точно до секунда пола саат и нема никој да дојде да си ја подигне наградата“.
“Што?“, ме праша збунето.
“Наградата! – Mене Олга!“ ѝ одговорив досетливо и очите ми се преплавија со горчина. Бев на раб да се расплачам, но не сакав да ѝ го приредам тоа задоволство. Ѝ се заканив со татко ми што најверојатно беше прилично глупаво. Што?! Татко ми ќе отидеше во Оклахома Сити за да ја натепа глупачата!? Нема шанси. Башка бев поблиску, а и самиот тоа ќе го сторев многу посадистички. Но сепак, ќе повторам, тогаш бев дете и тие изливи на емоции само го потврдуваа фактот дека, едно е детето да ти заглави саат два покасно од дозволеното у некое диско у Скопје, но сесема е нешто друго детето да ти заглави шест илјади километри од дома без никој да го искара пред спиење. Уште да имав каде да преспијам, карањето ќе беше заспиванка.

chitaj so vreskanje

Олга ми кажа да ѝ се јавам за петнаесет минути. Рече ќе проверела во што е проблемот. Во меѓувреме јас им се јавив на моите. Дигна татко ми – Јоргован големиот. Јоргован беше тивок тип, никогаш не зборуваше многу, а и кога зборуваше сѐ се сведуваше на кратки и отсечни реченици.
“Ало. Што е? Што се случува?“, ме праша. На прва знаеше дека сум јас.

Навикнат на таков сувопарен муабет со него, во една реченица му објаснив што се случува. Му објаснив дека треба да ѝ се јавам на Олга за петнаесет минути на што тој ми кажа да ѝ се јавам за десет, тој ќе ја средел ситуацијата за пет минути! Претпоставувам дека и него му беше скурчено што глупачата ме дупи со веќе трета среќа за All American семејство и школо. Претпоставувам сфати дека сепак, јас сум едниствениот потомок кој ќе му го мултиплицра презимето АКО ја преживеев оваа фешта.

Ѝ се јавив на Олга одПрилеп за единаесет минути. Доби минута гратис од мајка ми која ми кажа да не се потресувам и да здрвам еден лексилиум кој самата ми го ставила во ранецот пред да тргнам на пат преку големата бара. Жената интуитивно си знаеше што може да се случи и сакаше да ме олабави малце. Мама, хвала ти.

1.nhtdgnh

Кога ја добив Олга одПрилеп ми беше јасно дека, како и сите ние по дома и по комшии, го сфатила татко ми Јоргован многу сериозно. Господ знае што, но уште поважно, како ѝ го кажал тоа што ѝ го кажал. Прилепчанката набрзина ми објасни дека семејството кое требаше да ме прибере се откажало заради смрт во семејството – БУЛ-ШИТ! И дека за некое кратко време ќе дошле некои други добри луѓе кои ги ископала којзнае каде – АЈДЕ БАШ ДА ВИДИМЕ!
Ми кажа да стиснам заби, да не се секирам и да почекам на аеродром уште некое време.

“И те молам, нема потреба да му се јавуваш на татко ти повторно, сѐ че биди в’ред“, ми кажа усрано и потивко од што било на тврд прилепски дијалект.

Се потпрев на едно ѕидче. Најбезобразно запалив уште една цигара и оставив лексилиумот да си го направи своето.

“Шо е сат време – пет минути работа“ е античкото охридско разбирање за теоријата на релативноста чија длабока суштина ме просветли кога четири саата ми поминаа во четири минути. Е тоа е лексилиум, ѓавол во пакување на Алкалоид.

Некаде околу три саат сабајле конечно дојдоа да ме земат од аеродром. Сигурен сум дека беше благодарејќи на магијата на татко ми, Јоргован големиот. Тата, хвала ти!

sumo

Од аеродром ме собра мојот нов потатко. Бев во бунило и не обрнав многу внимание на човекот, но дефинитивно беше млад, доста помлад отколку јас сега. Веднаш сфати дека ми треба одмор па не ме тупеше многу-многу кога влеговме во неговиот пикап. Тивко патувавме јужно од Феникс некои си скоро три саата. Веќе се разденуваше кога пристигнавме. Ми ја покажа собата во која требаше да спијам и стави прст пред уста за да ми укаже да бидам тивок зошто во истата соба спиеа осумнаесетмесечни близначиња.

Едвај се расоблеков и веднаш се струполив на душекот како вреќа компири.

kompir

Неминовното будење дојде брзо и гласно пута два. Близначињата беа преплашени што во собата им спие монструмот со кој ги плашеа кога не се добри. Се обидов да ги смирам, но мојот акцент мора да им звучел како рѓосана моторна пила.

motorna pila

Ладната војна беше завршена веќе неколку години, но кога влезе да ги смири бебулињата, прво што ме праша мојата нова и загрижена помајка беше: “Oh my God, are you Russian?!?“.

“Не“, ѝ возвратив, “јас сум Петар. Од Македонија сум“. На што таа ми врати, “Macedonia, likе, from the Bible?!?“.

“Yes Mam”, ѝ климнав потврдно “Тоа е таа библиска Македонија која сеуште постои некаде на блискиот исток“. Каков циничен мудоња. Знам дека ѝ одлупав нешто у тој фазон, се сеќавам!

antichki muda

Во куќата на семејството Салазар беше бучно и весело. Тоа беа добри луѓе, чесни имигранти од Порто Рико. Рикардо, мојот потатко имаше едвај дваесет и шест години. Гангстерските тетоважи по телото му беа сеуште свежи за да искрено ги оправдаат мустаќите што во најмала рака му стоеа шашаво. Во наредните денови открив дека Рикардо бил сериозна битанга која во “претходниот живот“, само три четири години порано бил дилер на кока и исто како и секој дилер од Чаир, бил опасно навлечен на својата роба. За среќа, три четири години порано, како што бил пуштен условно Рикардо ги нашол и Џизас и жена му Фиорентина во една црква блиску до затворот каде за малку не требал да лежи тешка робија. Но како за чудо, се препородил и започнал нов живот – Алелуја!

rikardo

Жена му Фиорентина беше друга приказна. Како ќерка на илегални емигранти од централна Америка, Фиорентина исто така го нашла Џизас и тоа пред да успее да заглави во проституција или дрога. И кој да ѝ помогне ако не црквата на која во Америка секогаш ѝ требаат илегални работници. Татко ѝ бил градинар во локалната парохија кога напрасно починал на само пеесет и нешто години без никогаш да го легализира својот статус во САД. Мајка ѝ за среќа, експресно добила државјанство по заслуга на смртта на својот маж. Црквата не можела да го закокопа јадникот туку така (илегално) па гарантирала за жена му и за малолетните ќерки. Ич да не збориме дека мизерното и сега покојно човече дваесет години им ја косело тревата и им ги кастрело грмушките за два долара на саат. Неговата смрт била поголема загуба за парохијата отколку за несреќното семејство.

pop

После една ваква семејна историја не беше чудно што овие добри луѓе имаа повеќе разбирање за мене од кој било дотогаш.

Направија прекрасен шпански доручек со потпечени тортиљи, кајгана со чоризо и пико де гајо наросено со павлака. Њам! Веднаш по доручекот Рикардо ме праша дали сакам Корона. Ми објасни дека тоа му е обавезен ритуал секое сабајле и ми стана јасно дека некои навики не згаснуваат туку така. Ги имаше и тетоважите на Мара Салватруча или некоја друга банда за да го потсетуваат на тоа до крајот на животот.

Од култура гo одбив пивото и го прашав каде се наоѓаме…

Немам појма како се викаше местенцето. Деновиве го барав и на Гугл Мапс за да се потсетам, но ниедно место не звучеше точно. Толку беше мирно и спокојно што заради некаква референца ќе го викам Плезент Поинт.
Како што ги напуштавме светлата на Феникс претходната ноќ, влеговме во апсолутна темница низ која патувавме до изгрејсонце. Којзнае каде беше Плезент Поинт.

kosmos

После феноменалниот доручек морав да запалам цигара па ги прашав каде можам да ги купам легендарните амерички Марлборо. Наместо да ми одговорат нешто од типот: “Ене онаму десно па на ќошот од лева страна после двеста метри“, ми дадоа точак и ме упатија до првата бензинска пумпа која наводно беше одалечена скоро десет километри!!!

Прво што сфатив беше дека Плезент Поинт не е ни село, а камо ли па некакво мало градче. Плезент Поинт беше тазе изградена населба насред густа џунгла некаде во централна Флорида каде најблискиот супермаркет беше на саат време вожња со кола. Ни ден денеска не можам да го сфатам тоа. Најверојатно се работеше за започнување на некаква комуна за подобар живот на малцинствата. Немаше ништо освен вкупно можеби 250 семејства, саде Црнци Порториканци и Кубанци. На крајот на краиштата, и мене како Македонец ме пикнаа таму па тоа сега има некаква луда логика.

Стигнав до бензинската која уствари беше одалечена 10 миљи и купив Камел без филтер пошто немаше од легендарното Марлборо. Јебига – к’смет! Среќата од Калифорнија ме пратеше и во мочварите на Флорида.

pushi

Пошто Џизас ги спасил, сега Рикардо и Фиорентина требаше да му враќаат барем еднаш неделно со арач у солзи.

Утредента беше Недела. Се разбудивме и веднаш се упативме кон нивната црква. Конечно пристигнавме после саат и кусур возење. На паркингот имаше најмалку две илјади коли. Освен црквата и огромниот паркинг, наоколу со километри немаше ништо друго освен мочвара и џунгла. Од каде сите овие луѓе? WTF? Ама брзо ми стана јасно. Ќе одиш и до крајот на светот ако треба, за да најдеш утеха во фактот дека живееш у некоја вукојебина усред мочвара полна со комарци и алигатори во државата која себе идилично се опишува како сончева!

florida

Епа ако на паркингот имаше две илјади коли, внатре во црквата сигурно имаше повеќе од пет-шест илјади луѓе. Деца, мажи, жени, многу Порториканци, бивши криминалци, Кубанци, расплакани грешници, чуда врагови и тракатанци… И еден вчудоневиден Македонец. Додуша – скопљанец, ама прилепските корени веднаш ме вратија на детските сеќавања на Манастирот Зрзе. Да не ја украле и донеле тука “Богородица Пелагониска“, чудотворната икона од Свето Преображение за да ја продаваат на аукција на Американциве? Дури и после сите кражби по нашиве цркви и манастири, сепак не беше тоа средовековно ремек дело причината за толку збран народ. Да не се сфатиме погрешно, нема бегање од фактот дека плиткоста на евангелистите им ја имаше зајакнато автосугестивноста до таа мерка што би поверувале дека и масло на платно од лименка Кемпбел супа, овековечена од Енди Ворхол, би ги излечила од редовен зимски херпес на уста или и од сида – исти курац за нив!

Малку доцневме кога влеговме во евангелистичката црква. Однадвор не изгледаше толку големо, но одвнатре беше огромна хала чии супер високи ѕидови беа обложени со ламперија. Тоа ти е тој прочуен модерен иконостас амерички.

Се протнавме низ толпата и стигнавме пред пасторот, кој исто како и Рикардо, имаше сомнителни тетоважи кои му ѕиркаа под попската гардероба додека вриштеше за помош од Господ. Веднаш клекнавме пред бината. Веќе немаше мрдање! Моите помајка и потатко наведнаа глави како исплашени кутриња, и како први тако други, истото го сторив и самиот. “Литургијата“ брзо прерасна во громогласен вапај за помош кога осетив нечија рака на моето рамо. Се свртев да видам да не ме препознал некој друг ексџејнџ студент – жртва на Олга одПрилеп, кој можеби исто така заглавил во мочварава. Но видов дека уствари секој еден член на култов десната рака ја беше ставил на верникот десно од себе, а левата на тој пред себе! Сега тоа ме потсеќа на фамозната сцена од Аватар кога Сигурни Вивер ја испраќаат кај севишниот прилепчанец на небото.

аватар

Десната рака ја ставив на Рикардо кој беше веднаш до мене. Левата немаше на кого да ја положам зошто бев пред самата бина. Ѕирнав наоколу и видов дека другите во мојот ред кои се молеа ги имаа кренато рацете левите раце во воздух како да го бараат прекинувачот за светло кога идеш у подрум. Како некаков ајван, и јас почнав да го барам прекинувачот затоа што “when in Rome do as the Romans do” – немам друг изговор. Брука. Срамота. Добро е што дедо ми, кој неколку години подоцна инсистираша да биде погребан со својата омилена сребрена скулптура од Ленин, без поп и со петокрака на гробот, никогаш не дозна за ова.

И тоа е тоа. Благодарејќи на Олга одПрилеп сега веќе стигнав во подрум без светло. Дно дна.

дедо

И сето тоа е во ред да речеме, но – и тоа големо “НО“ со извичник!
НО! Наеднаш, додека се молевме и бевме во колективен Џизас транс, сите околу мене почнаа да плачат и да вриштат и да запомагаат Господ да им прости, Господ да ги изведе на вистинскиот пат, Господ да им помогне (да добијат грин кард, претпоставувам).

Да ми ги дадоа подиумот и микрофонот ќе им објаснев дека нема спас, дека Господ е прилепчанец по табиет и дека грин кард се добива на лотарија.

црква

Целиот трогателен циркус заврши после саат време солзи, пот, врескање и запомагање. Се почувствував како да сум извозел од Водно до Матка со еднобрзинец во Јули на пладне. Со оглед на тоа дека не пуштив ниту солза, Рикардо и Фиорентина ме утешија дека “ќе се опуштам“ следната недела.

“Can’t wait!“, им реков и отидов да издувам еден Камел без филтер!

Како и на секоја конференција, следуваше мал коктел каде верниците можат да се дружат и да споделат како всушност навистина се чувствуваат. Свечено ме запознаа и со Пасторот кој беше фино и бистро човече. Го сфатив тоа моментот кога ме праша како сум заглавил тука:
“How did you end up here?”, ми се насмеа.

Немаше да ја искористи таа конкретна фраза да не беше прашањето реторично до мерка на апсолутен цинизам.

“Оh, you know, you never know”, брзо му одговорив и ми дојде да се расплачам и да се развриштам сега и јас. Таман да отвори уста за да започне да ме убедува да се преобратам во евангелист и да го најдам Џизас во себе, пасторот веќе го запоседнаа верниците кои го молеа да им вети дека Господ ќе им помогне затоа што претпоставувам, ќе вриштат и ќе плачат додека истото не се случи.

плачко

По рамо ме потчукна Рикардо за да ме запознае со Лупита, помладата шеснаесетгодишна сестра на жена му Фиорентина.

“Hi, my name is Petar. Nice to meet you Lupita. What a beautiful name you’ve got”. Обично така започнуваа сите мои ебачки авантури во Америка во годините кои следуваа. Башка, со време намерно сé повеќе го стврднував акцентот за да биде поегзотичен и попримамлив за парење. Мојата логика беше елементарна. Што потврд акцент тоа потврд мислат дека ти е поносот! Иста е логиката и во “големи стaпала, голем кур“, само што тврд акцент во рурална Америка, и тоа посебно кај сељандурите – злато вреди. Дефинитивно повеќе од големи стaпала.

Тоа ти е нешто како скопљанец у Крива Паланка на корзо. Никој не го ебава. Но кривопаланчанките се задскриено маѓепсани како инстинктивно да го чувствуваат повикот на дивината. Секси нели – скопљанец у Крива Паланка на корзо!?

Лупита. Похотна Лупита. Лупита беше палаво дете заробено во тело на разуздана преебана и разведена германска секретарка со карибско потекло.
Почекај малку, прочитај го тоа повторно: “…разуздана преебана и разведена германска секретарка со карибско потекло“.

Така е! Лупита беше пегаво тамнопуто латино курвиче со лош мини-вал и добар г’з. Одличен г’з уствари! Имаше сетни темнозелени очи, широк нос на секси начин и големи кренати цицулиња. Тоа беше првото што секој би го приметил кај неа. Пикантериите кои стојат зад “германска секретарка“, “преебана“ и “разуздана“ се keywords за кои станав свесен дури сега скоро, после многу години од нашето запознавање и тоа посебно благодарејќи на порталите како Pornhub и Alohatube (само за пример, да не претерувам). Лупита имаше само еден проблем. Не знаеше како поскоро да си отиде од црквата.

ЛУПИТА

Сестра ѝ Фиорентина имаше други маки на памет. Претпоставувам дека беше подеднакво изненадена како и мене кога Олга одПрилеп неочекувано ме тутна кај нив дома и тоа скроз случајем околности. Навистина добрата воља на Фиорентина беше предизвикана без најава, во 6 саат сабајле кога пристигнав и кога Рикардно ме пикна во иста соба со бебулињата. За да си даде фора да се подготви за античкиот Македонец кој мора да стигнал на брод од библискиот блиски исток, Фиорентина ја замоли Лупита да ме подружи додека да ја спремела гаражата за мојот кралски престој.

И така би, јас и Лупита заминавме од црквата заедно.

Опааааа, осеќав дека во најмала рака ќе се деси курепушение величенствено!

аааааааа

Лупита ме возикаше наваму натаму цел ден во својот искршен Шевролет. Ме запознаваше со животот на латиносите во Флорида. Бевме кај некоја нејзина другарка кадешто дувавме некое лабаво грасче. Потоа, кај некој другар каде купивме многу – многу поопасен грас за да дуваме повторно. И потоа, кај некој рендом тип за Лупита да му продаде дел од поопасниот грас за да си ги врати парите и да бидеме ем надувани ем со кеш за у Бургер Кинг. Тоа ти е тој живот на латино малцинството у Америка. Добро е што не отидовме некаде да се истетовираме набрзинка пошто тоа пак ти е есенцијален дел од истиот тој лајфстајл. На крај отидовме кај нејзината најдобра другарка кадешто се олешивме до крај. Успут Лупита среди некое фраерче да ни купи и пиво.

Официјално, тоа беше моето второ праење лом у САД после лудата ноќ со Бруно и Зоќи одОхрид во Лос Анџелес.

Раскезени латино тинејџерки, ефтино пиво, љут грас, прљав сив стан без родители, мирис на кисел дезодоранс, запотена порториканска тин мишка чии тврди стрнишни влакна ми се пикаат во око на секоја гушка…
Не се сеќавам најдобро на деталите, но знам со сигурност дека отприлика тогаш Лупита ми даде до знаење дека ѝ се допаѓам. Ме залапа и најбезобразно ме зграпчи за македонскиот понос.

Веќе бевме дебело заглавени кај другарка ѝ кога ѝ се јави сестра ѝ Фиорентина за да ѝ каже дека е време да ме врати дома. И тоа баш кога почна да ми се дига. Ех па сега…

одело

Ако. Патот до дома беше долг скоро саат и пол низ ќумур црна џунгла, а низ џунглата ме возеше разуздана преебана и разведена германска секретарка со карибско потекло во тело на шестнаесетгодишно латино тинејџерче. Сега звучи ужасно ама тогаш не бев ни две полни години постар од неа.

Јасно ти е дека си у вукојебина кога отсјајот од млечниот пат е посилен од ноќ со полна месечина. Барем мене така ми делуваше вожнњата со Лупита од не знам каде до Плезент Поинт. Бевме толку надувани и пијани што дури на крај на вожњата ми текна колку е лудо што американците даваат возачки на шеснаесетгодишни копиљаци кои (сигурно) се прават лом!

латино

Лупита ги изгасна фаровите на шевролетот уште пред да влезе во уличката каде живееше сестра ѝ Фиорентина. Потоа го изгасна моторот како да не ѝ е прв пат . Ја стави колата во лер и безшумно се дотркалавме малтене пред самата куќа. Колата застана и Лупита ја дигна ручната.

Немаше скопски средношколски дубари од типот “можеш да ме фатиш за цицка ама не на голо“ и слично. Лупита ми се насмеа со незаборавен секси процеп помеѓу забите и почнавме да се лапаме како да ќе се изедеме живи. Додека размислував како да пристапам кон гореспоменатата цицка, устата на Лупита веќе се симињаше по редот копчиња на 100% памучната кошула која мајка ми ми ја купила за да не ми биде ладно. Мама, хвала ти.

Се потев нервозно и не знаев што се случува кога Лупита ми го грабна како баба внуче. Како прав професионалец, Лупита само за кратко се крена назад на лапање додека си играше со малиот прилепчанец како да си игра со колички пред зграда. Потоа повторно загњури назад доле и очи не ѝ видов додека не свршив работа после пола саат.

метал

Претходно имав само едно слично искуство у втора средно кога една храбра скопјанка ми го испуши покрај Вардар у Карпош 4. Ама тогаш, две години порано кога имав едвај шеснаесет години беа други времиња. Тогаш ми беше прв пат некој да ми стави уста околу поносот и тоа по цена на концерт на КУД Идиоти во МКЦ. Не ни свршив. Сирото дете.

Години подоцна кога стана глумица, истата таа скопјанка ја доби својата единствена приметена улогa и тоа во филм на Милчо Манчевски! WOW! И од тогаш би заборавена како и Џозеф Фајнс пред неа.

Пушекурението на Лупита беше незаборавно. Тоа беше пушекурение какво што библијата многу симболочно го опишува во песната за Соломон. Само што ова курепушение беше во некој излупан Шевролет усред fucking Флорида у ’96та и секако не у библиски Израел у време Соломоново.

Среќа, Лупита на своите шеснаест годинки беше доволно воспитана за да знае дека не може да ме врати дома кај сестра ѝ со флеки по панталоните па г’тна античка кауза за поголема Македонија.

Ме залапа уште еднаш со уста полна полуприлепчани за да ми даде до знаење дека ме сака колку што ја сакав и јас неа.
Набрзина излегов од колата.

Додека се свртев да ѝ мафнам, силуетата на искршениот Шевролет со Лупита позади воланот веќе исчезна под светлата на млечниот пат високо на небото…

Тоа е последен пат што ја видов Лупита. Се надевам дека не е во затвор или на игла некаде низ мочварите на сончевата држава.

милки

Понеделник. Прв ден во “трета среќа“ школо. Во петнаест до шест сабајле, пред куќата ме собра school bus-от кој со сите застанувања низ мочварата за секој еден несреќник, стигна пред училиштето точно после два сата и петнаесет минути. Само да доловам, тоа ти е како да идеш у школо од Скопје у Гевгелија и назад секој ден!

Убаво ми кажа Рикардо ноќта претходно дека ќе се доспијам на пат до школо, додека гледавме концерт на Глорија Естефан на телевизија.

Веројатно бев премногу гроги за да приметам дека само јас бев белец во автобусот. Кога конечно пристигнавме пред училиштето изгледаше како да сум пристигнал во Масеру во Лесото. Буквално бев единствениот бел човек. Се почувствував како што веројатно се почувствувал Дејвид Ливингстон кога ја истражувал Јужна Африка.

Само имаше еден мал проблем кој сé уште е голем проблем во САД и покрај тоа што Барак Осама е претседател.

њуз

Американците, црни или бели, се расисти! Тоа е факт! Силом прилике, око за око, заб за заб, се гледаат под око кога и да е некој екстрмно исончан или алергичен на сонце. Системот е таков, полн со зла крв и така сеуште функционира уште од памтивек!

Не можам, се нервирам! Со оглед на тоа дека имам уште десет години да прараскажам, сигурен сум дека ќе пронајдам некое поадекватно параграфче за да го објаснам овој феномен кој сеуште цврсто ја дефинира социо-политичката демографија на “најразвиената“ држава во светот! (ти’бам системот!)

Влегов во училиштето внимателно како Љубчо Георгиевски со крената глава на изборите кои ги загуби со спуштена глава. Се протуткав низ ходниците и стигнав до канцеларијата на директорот. Набрзина се договоривме за претстојниот период. Немаше никаков проблем да добијам диплома, така се договорила Олга одПрилеп. Единствено морав да завршам средно во ОВА училиште.

Додека одевме на тура низ ходниците, директорот ми објасни дека сум првиот бел ученик и дека му е драго што ќе го замешам скоро стопроцентниот црн просек (имаше и нешто латиноси).

Во исто време тие неколку ученици со кои се разминавме низ ходниците и кои доцнеа на настава правеа гестикулации кон мене дека ќе ме заколат (на голем одмор претпоставувам).

Заеби ти таа работа Господине директоре!

Сфатив дека нема да преживеам ниту една недела и му се јавив на татко ми. Му објаснив дека договорот беше да учам средно у САД а не у Габон. И Јоргован големиот веднаш ја контактирал Олга одПрилеп…

Успеав да дотраам до крајот на денот удобно скриен во канцеларијата на школскиот психолог. Следното попладне веќе имав лет до Оклахома Сити. Јебига, со Јоргован нема трте-мрте. По сé изгледаше дека Олга одПрилеп ми беше единствен спас од двеста и нешто години набилдана омраза помеѓу црните и белите.

Тоа е, севишниот прилепчанец на небото функционира на мистериозен начин. Оклахома – судбино моја, сепак доаѓам!

Рикардо и Фиорентина беа тажни дека си одам. Прекрасни луѓе.

Се качив на лет до Оклахома Сити и попат се начукав со Блади Мери!

блади

И така…

(третото поглавје за две недели)

ЗЛАТНАТА ДРЖАВА (I ПОГЛАВЈЕ)

„СЕЌАВАЊА НА АМЕРИКА“ ЗЛАТНАТА ДРЖАВА (I Поглавје)

“…и денеска човек со право прво би помислил на висока исончана плавуша која ме пречекува во танга бикини и која само делумно го крие својот порно заводлив поглед позади бакарно жолти Гучи наочари за сонце.“

Dick Major

Еднаш една мајка му кажала на својот ретардиран син “Животот е како бонбоњера, никогаш не знаеш што ќе ти се падне“.  Скоро дваесет години откако го чув ова, додека седев на клупа некаде во градскиот парк во Скопје, сфатив дека е така само ако си ретрардиран. Мајката на Том Хенкс била во право за својот син па и за мене!1

Низ глава ми калкулираа сите можни алгоритми за тоа како дошло сега јас, после еден така неверојатен живот, да седам на оваа затуцана клупа, во најзатуцаниот дел од паркот, во ова суперзатуцано Скопје, во три поручек, сам, без пари, без работа, со дете и жена и едно бедно пиво кое го лигавам за да ми дотрае до последниот дим од цигарата. Знаев дека ќе си купам уште едно пиво откако ќе станам така што станав веднаш. Набрзина ја досркав топлата мочка Амстел и се упатив до првото гранапче за уште едно пиво.

2

Ми се плеткаа и нозете и паметот додека си мумлав колку сум уствари феноменален и колку ми е неверојатна животната приказна. Како и секогаш, се чувствував како неоткриена холивудска ѕвезда која случајем околности се шета низ паркот на некој егзотичен град. Како да сум Милчо Манчевски, наоѓав причини да ја бранам тезата дека животот ми е сега поневеројатен и погламурозен отколку во ’96та, фаталната година кога започна мојата лудило авантура во Америка. Но не е баш така, никаков гламур не се споредува со сеќавањата на мојата Америка, дури ни “Македонија вечна“ на Милчо.

Можеби патешествието не ми започна во “златната држава“, Калифорнија, но таму прв пат го видов Форест Гамп, приказната за неверојатниот живот на соодветно малоумниот сеамерикански херој, погоден за секоја прилика и добар за секого, па дури и за кој било претседател на САД. Сето ова сега звучи премногу како мојата приказна, освен што јас не сум Форест Гамп и за разлика од него не можам да истрчам ни двеста метри а да не запалам цигара и да не се угасам со едно две ладни пива. Но сѐ друго е тука, сите мали пикантерии вклучувајќи го и моето познанство со претседателот на слободниот свет. Тоа се тие детали кои мојата приказна ја прават доволно добра за големото интернет платно на македонските онлајн читатели подготвени да прочитаат што има да каже оваа ретардирана будала…

Како што кажав подгоре, ќе започнам со “златната држава“.

Бев новопечен студент на размена кога во Калифорнија пристигнав сосем случајно. Претходно бев во “државата бавча“, Њу Џерси каде поминав пет прекрасни дена кај вујко ми. Веднаш потоа бев испратен во Бруклин кај првото семејство кое требаше да ме вдоми  во “државата империја“, Њу Јорк. Таму поминав четири ужасни дена со еврејско, и ни мање ни више, зионистичко семејство – замисли ти тоа! (па праќајте си ги децата да учат средно у Америка…)

За овие прекрасно ужасни искуства подоцна, тие се сепак премногу драгоцени за да се започне со нив. Или пак да се започне десетина дена порано со мојот прв прекуокеански лет до Америка кој беше со бугарски авио превозник чиј полузапален мотор не присили да слетаме на Малта. Таму пак пола ден заглавив на аеродром полн со ултра секси забулени женски кои знам дека знаеа дека бурките кои ги носат не можат да ги сокријат од силното медитеранско сонце. Не. Сето тоа заслужува поглавје само за себе и со своја многу посебна нарација.

5

Значи Калифорнија. Ах Калифорнија… Калифорнија има микро клима во секој автомобил. Има клима во секој дом, и секој во својот дом најлегално се прави лом. Калифорнија има и свој бонтон. Таму не е цезар салата ако нема крутон и сите се ебат без кондом. Калифорнија е света за атеисти, има безброј армиски гардисти, еколошки екстремисти, модни писти и Јапанци. Но сериозно, стомачни глисти беа повод за овој излив на ритам и рима.

А стомачни глисти ми беа следното “добредојде“. Првото што го видов во едно прекрасно, туѓо, штотуку породено гомно што го начекав во ве-це-то на моето ново прифатилиште за студенти за размена во златната држава.

Семејството во Калифорнија требаше да биде Ви-Ај-Пи во однос на зионистине од Бруклин. Барем така ми кажа Олга одПрилеп, мојот агент надлежен за ексчејнџ студенти од Прилеп, Македонија и пошироко. Ама јас не бев студент, бев само средношколец кој штотуку станал полнолетен и кој како Крали Марко, со сета сила отишол да заврши средно во Америка за да всушност ја покори со својот балкански шарм и прилепска харизма. Ха-ха колку се имав заебано…

haha1

Бев преморен… Бев преморен од веќе двонеделното мавтање по американските образовни институции. Бев преморен од бруклинските забулени евреи и од влажниот воздух на источната обала. Да не зборувам колку се сморив дополнително од пет и кусур часовниот лет од Џеј-Еф-Кеј до Ел-Еј-Екс.

На аеродром ме пречека мојата нова калифорниска помајка, мојата нова host mamma.

Иако зборувам за деведесетите, и денеска човек со право прво би помислил на висока исончана плавуша која ме пречекува во танга бикини и која само делумно го крие својот порно заводлив поглед позади бакарно жолти Гучи наочари за сонце. Замислував млада жена во своите доцни дваесети на која ѝ здодеал бракот со својот четириесет години постар маж, кој ете, случајно е продуцент во Парамаунт Пикчрс. Сонував мојата нова помајка од Калифорнија да биде разлигавена жмизла која смислила пакосен план да присвои средношколец од Македонија за да ѝ го мачка грбот со најлизгавото уљенце за сончање, додека лежиме, а јас истовремено учам, покрај базенот кај нивната вила, на Малибу Бич.

8

Не. Мене ме пречека Феит. Единствена причина зошто ѝ се сеќавам на името е затоа што кога ми се претстави досетливо ѝ кажав “your name is Vera from where I come from“, на што таа ми возврати, “you can call me Faith“, и ми се окези со единственото нешто што беше калифорниско на неа – нејзината насмева, пластична и врежана ѝ на избрчканото лице како расечената насмевка на Хит Леџер во улогата на Џокер.

Феит беше мала здепаста карикатура од жена. Дебелите наочари, мрсната распрепелкана коса и зејтиносаната машка мајца по кратки ракави која едвај ѝ го покриваше тронтлавиот газ, само суптилно ми навестија дека патот до славата е послан со неминовниот престојот во нивната приколка, удобно наместена на дрвени трупци во парк за приколки кој тие го нарекуваа neighborhood. Тоа беше во Оринџ Каунти, мојот иден рај под сонцето.

9

Оринџ Каунти во тоа време беше центарот на чоперските банди на западната обала. Таму е првиот Дизниленд и таму беше моето ново средно училиште, Orange County High School, home of the Panthers и исто така местото каде средно завршиле легендите од, за мене тогаш најкул бендот на деведесеттите – Offspring. Да бидам искрен, тој мал факт ми даде елан и воља да останам. Ако можат Офспринг, јебига ќе издржам и јас!

11

Али не, имаше една де-бела препрека.

Тука беше мажот на Феит на чие име не се сеќавам заради тоа што немаше ништо итар-пејовски по што би го запамтил. Гарант се викаше Мо, или така нешто неинспиративно за еден клипан како мене. Е Мо беше како брат близнак на својата жена Феит (што можеби и беа, сега кога ќе размислам вака у ретроспект). Мал, здепаст, прљав, гнасен сељак со исти дебели полутемни наочари како жена му. Имаше кратка виткана мрсна коса и долги бакенбарди. На прв поглед делуваше дека работи како ефтин интерпретатор на Елвис, но Мо работеше нешто друго. Трбухом за крухом, Мо си беше набавил вкупно четири ексчејџ студенти вклучувајќи ме и мене и си правеше пари на тој начин. Еве ја веселата математика на Мо: еден ексчејнџ студент – 200 долари месечно, пута 4 – 800 долари месечно, плус олабавување од данок кон државата. Пуна капа! Само што тие 200 долари месечно по дете што Мо требаше да ги добие беа предвидени за храна и издржување. Ама ете ти мудар Мо, Мо да ти бил смислил шизички план како да ќари од нашиот американски сон.

12

Како што од Ел-Еј-Екс пристигнав во нивната приколка, замолив да ме упатат до ве-це-то. Додека одев кон шибер вратата… Да, купатило со шибер врата, во приколка! …истата се отвори и позади неа беше Мо. Се запознавме набрзина. Му пуштив еден шерет за хелоу и како жедна камила продолжив внатре. Влегов и прво се судрив со мирисот… Како што ја видов ве-це шољата така почнав да се распетлувам. Веќе мочав кога го видов монструозното гомно што Мо заборавил да го отера у септичка јама. Но гомното не беше сѐ. Отпрвин делуваше како штотуку да почнал да ме пука трип па затоа гомното како да ми вибрираше ама кога се загледав подобро приметив дека се работи за минијатурни глистички кои се препелкаат околу запекот на газдата на приколката.

И тоа беше знак од севишниот прилепчанец на небото – ОДИ СИ!

13

Истиот ден ни беа претставени домашниот ред, мир, дисциплина и шизичкиот план на Мо. Во приколката беа тој, Феит, нивната ќерка, еве да речеме Рејчел која ми беше врсничка, еден несреќник од Германија, јас и Костадинка – уште една Македонка, несреќна жртва на нашиот агент Олга одПрилеп. Не сум сигурен како се случи и Костадинка да заглави со мене во Оринџ Каунти, но сепак морам да признам дека Костадинка беше навистина посебна. Тоа беше една коњина од девојче. Беше висока како украинска ракометарка на Металург со типичен сурат на кобила. Само ѝ фалеше грива за да ја упрегнат у некое родео. Ниту еднаш не ја видов со каков било емотивен израз на лицето. Беше тврда како ѓон од каубојска чизма и никој ништо не ѝ можеше. Ова е една ретка одлика која многу години подоцна на Костадинка ѝ даде предност во однос на вољата на македонскиот народ, кога како некаква директорка во некоја институција, го отпиша легитимниот попис на народот како мува да не ја полазила. Но тоа е некој друг муабет.

14

Сите шесторица седевме на трпезариска маса за тројца. Мо и Феит промумлаа нешто дека за некој ден треба да пристигне уште еден ексчејнџ студент, уште една кармички осакатена душа од некаде далеку. Мене ако ме праша некој, сигурно се работеше за Македонец затоа што ако Олга можеше да нѐ тутне мене и Костадинка во таа ситуација, зошто не уште еден од нашиот проверено издржлив ков.

“Фатете се за раце ве молам, треба да се помолиме“, ни рече Мо додека на масата за вечера имаше хот-дог и суви лепчиња за тост скржаво премачкани со скиселен сенф. Се фативме за раце како што сме виделе во американските филмови, затворивме очи и го слушавме Мо како се заблагодарува што нѐ има, додека се молеше и проповедаше за следниот ексчејџ студент што ќе дојде “да дојде безбедно“ Амин!

haha2

Се чувствував донекаде надмоќно кога го видов збунетото и исплашено германче. Имаше само петнаесетина години и како и мене ѕиркеше под око додека останатите паѓаа во Џизас транс. За разлика од него знаев дека имам опции. Неговиот сoкриен поглед беше премногу исплашен за да ветува некаков отпор кон ужасите кои сигурно следуваа во приколката на Мо и Феит. Можеби германчето беше правнук на Аикман или Менгеле или нејваројатно на Клаус Барби па затоа космосот фино и заслужно го беше сместил тука, во малата куќичка на хоророт на Мо, да пати и да плати за злоделата на своите славни претци. Беше физички малечок како да беше шесто одделение, имаше креч бело пегаво лице и бистро зелени ококорени очи. Изгледаше како престрашено германско војниче за време на руската окупација на Берлин во ’45та.

Почнавме да вечераме кога Мо шизикот ни обелодени дека освен тоа што е широкоград и дека ова што го прави го прави за нас, несебично навести дека секој од нас четворица, вклучувајќи го и тој за којшто се молевме да дојде безбедно, ќе мора еднаш неделно да купи, да направи или на некој начин да обезбеди вечера за сите седум души во приколката. Ете, тоа беше остроумниот план на Мо, и волкот сит и овците гладни. Брзо после вечерата се повлековме во нашите одаи. Јас бев во една мала просторија која едвај го собираше креветот на спрат што го делев со сиротиот потомок на (веројатно) Клаус Барби. Дури ни куферот немав каде да го ставам освен под нозете додека спијам.
Светлата ни беа изгаснати во десет вечерта.

Утредента направивме муабет со Костадинка.
Слобода или Оклахома, тоа ни беа опциите. Но ниту јас ниту Костадинка не сакавме да одиме во Оклахома кај Олга одПрилеп. По самото име на државата знаевме дека Оклахома е вукојебина, а да не збориме за тоа што знаевме дека во Оклахома се завршува. Никој не избира да оди таму како да е премија локација. Сакавме да останеме во Калифорнија по секоја цена! Така се договоривме со Олга одПрилеп и така требаше да биде.

Тогаш бев дете. Се чувствував мал и загубен, без поддршка или насока. За разлика од Костадинка, скришно пуштив две три крокодилски солзи, свртев два три телефона со баба ми и дедо ми и добив совет, “Уздај се у’се и у своје кљусе“. Тогаш не сфатив што точно значи тоа, но знаев дека како што не знам да му се спротиставам на татко ми и да му кажам дека сакам дома, јабига морав да му се спротиставам на Мо. И тоа и се случи. Целата лутина која ја имав од страв да му се јавам на татко ми, му ја учукав на Мо во левата аркада која рокна како да сме пред дискотека у Скопје. Јебига, пораснав у Карпош 4.

“Ало Џорџ, вака и вака, ваму и ваму сум“, му се јавив на сопственикот на средното Американско училиште во Скопје каде претходната година завршив трета средно. Џорџ беше наш човек, Македонец кој живееше само пет-шеесе’ миљи подалеку во Лос Анџелес. Џорџ всушност направи лансирна платформа од Македонија до Америка за таквите како мене и, ми се чини, едвај чекаше да му се јавам. Дојде за некои си саат-саат и кусур и добро е што и самиот не му ја зачука една на мадерфакер Мо, кој пак од кој знае кои илегални причини не викна џандари. Можеби криеше мртви тела на ексчејнџ студенти во септичката јама под приколката. Можеби затоа не пушташе вода…

Како во типичен амерички трилер, Џорџ веднаш праша дали сум сам на што му укажав на Костадинка која веќе беше спакувана и стоеше пред приколката.

18

Ја земавме и неа и влеговме во колата. Чкрипејќи заминавме оставајќи го сиротото германче во ретровизорот.

Џорџ беше добар човек. Ни помогна веднаш и тоа кога најмногу ни требаше спасување. По пат не частеше Тако Бел и додека си кажал “чимичанга“ стигнавме кај него дома во северен Холивуд. Самото име на маалото ми укажуваше дека сум веднаш јужно од мојата феноменална кариера како супер ѕвезда. Низ глава ми поминуваа сите можни сценарија. Кога ги одминувавме модерните зданија на Лос Анџелес, скриени позади високите палми и големиот “HOLLYWOOD” знак на брдото, веќе се чувствував како рок-ен’рол фронтмен чиј антиталент за пеење е токму она што го направило славен. Хеј, па ова е Америка – сѐ е можно! На колкумина само им успеало на таа финта!? Зошто да не помислам дека ќе станам голема ѕвезда!? На крајот на краиштата, на триста метри од куќата на Џорџ наводно живееше Синди Лаупер.

За разлика од мене, Џорџ не го сонуваше туку го живееше американскиот сон. Беше наставник по физичко во некое средно во северен Холивуд. Прв го започна лукративниуот бизнис на америчка едукација на македонските младинци во Скопје во раните девеести – јадицата на која се фатија и моите. Не е наставничката плата таа што му направи пари туку поамериканизувањето на македоската младина. Можеби грешам душа, сепак сум му многу благодарен на Џорџ, но морам да потенцирам дека тој почна да ја сервира Америка на македонската младина уште пред претседателот Киро Глигоров свечено да го отвори првиот МекДоналдс во Скопје. Од друга страна пак, заради таквите како него има вакви “Форест Гамп“ прикази кои безделничат по клупите во Скопскиот парк.

Џорџ живееше во цакана розева куќичка на брдце. Со две мали дечиња и својата жена која беше прописна калифорниска рибетина. Сузана беше Македонка. Од нашите неколку средби во Скопје ја познавав како скоцкано жениче, но оваа Сузана во северен Холивуд беше нешто сосема различно. Сузана калифорниканката беше сето она што го очекував кога слетав на Ел-Еј-Екс. Не беше висока женска, но беше женска ипол. Не беше ни убава женска, но која порно глумица е стварно убава. Калифорнија од Сузана беше направила дефиниција за вруча комшиница и во северен Холивуд Сузана беше сето она што го криеше кога беше жената на сопсвеникот на американското училиште во Македонија (што исто така звучи похотно и заводливо – точка!). Ги исполнуваше сите критериуми за фразата која токму тогаш почна да станува најбараниот порно акроним на интернет, “Мom I’d Like to Fuck”. Не дека Сузана навистина беше порно глумица, с’краја да е, но беше мајка, беше бакарно засунчана, мирисаше на перуника и телото од кое криеше само два посто под силното калифорниско сонце, постојано беше отворено за моја обсервација и фантазија. МИЛФ. Сузана дефинитивно беше опака милферица. Мојата десна рака и пенисот се сложуваат дури и сега кога го пишувам ова. За жал, на оваа дистанца од скоро дваесет години не можам најбистро да ѝ се сетам на лицето. Ама пак кој го гледа тоа. Лицето е само формалност. На газот и на сочните бутини им се сеќавам како да сум сега таму, како повторно да ја гледам додека најјебозовно се премачкува со уљенце за сунчање.

20

Џорџ не смести кај него дома. Куќата беше доволно голема и Костадинка и јас имавме свои соби. Сакав да останам таму. Ми беше убаво и немав потреба да трошам пари на разголени списанија, присуството на Сузана се погрижи за тоа. Џорџ пак, од една страна беше загрижен за нашата иднина, но и за својот брак од друга. Сепак, јас и Костадинка со само еден телефонски повик му се убацивме дома и му го разбуфтавме спокојството.

Поседев таму некое време, некои недела дена вкупно. Костадинка сфати дека јас имам предност и прва попушти пред понудата да замине за Оклахома така што ја снема веднаш. Have a nice flight to Oklahoma City Kostadinka, ама јас не се давам, Калифорнија по секоја цена! Џорџ бараше опции да останам, бараше училишта и семејства да ме примат. Барем така ми кажа. И верувам дека беше така сѐ додека едно попладне не нѐ фати со Сузана како се сунчаме покрај маалскиот базен. Не знам дали беше мојот дркаџиски поглед кон неа што го предомисли да останам кај нив или тоа што преку мојот поглед ја виде неоткриената порно глимица во мајката на своите деца. Порно глумицата која јас лично ја открив седум осум години подоцна, кога ја сретнав среќно разведена и во посета на нејзините родители во Скопје. Да да, и тоа се случи!

Калифорнија, наводно, во тоа време имаше закон кој гласеше дека кој било полнолетен студент од странство не може да добие диплома туку само потврда за завршена четврта година средно! ЈЕ-БИ-ГА! Тоа беше мојата судбина. Да прифатев само потврда за завршена четврта година ќе морав да учам средно два пати за да добијам диплома и да можам да запишам факултет. И колку и да бев подготвен на тоа, по цена на живот во северен Холивуд и по цена на Сузана покрај базенот секој ден, тоа не беше опција… за мојот татко! Еден муфљуз како мене ќе го прифатеше тоа и по цена на автограм од Синди Лаупер во тоа време.

21

Џорџ се фрли на телефон со Олга одПрилеп. По моите преколнувања како и сугестиите на Сузана, успеа да ми ја договори Флорида. Феникс. Дизниленд два. Супер. И Флорида имаше нешто златно во името, “The Sunshine State”. Секако звучи подобро од “ранобудната држава“, Оклахома. Ок си реков, идам на Флорида. Кој ти знае дали е Пацифик или Атлантик, бутај македонче, само да не е Оклахома!

Но не бев готов со Калифорнија и со мојот престој во Ел-Еј. Имав осумнаесет години и уште дваесет и четири часа.
Сеуште не знам кој ме намести, дали Џорџ или Сузана, но секако едниот од нив е крив што ја открив најдобро чуваната македонска тајна – комшија им беше еден охриѓанец кој беше геј! Има геј охриѓани, и се кријат во златната држава!!!

Не му се сеќавам на името на комшијата, но штом е охриѓанец ќе го крстиме Климе, а штом е геј ќе го прекрстиме во Зоки. А штом е геј охриѓанец ќе биде Зоки со “Ќ“. И со Зоќи ме наместија да заглавам цела ноќ пред судбоносниот пат до Флорида.

Зоќи буквално живееше карши улица. Розевата куќичка на Џорџ и Сузана секако подобро ќе му стоеше него, но сега кога ќе размислам, Зоќи беше повеќе охриѓанец отколку геј, така што сепак не! Го запознав два три дена претходно кога се акавме низ Венис Бич и мојата во тоа време сеуште детска наивност не успеа да ми навести дека се работи за човек кој мене ме гледа како што јас ја гледав Сузана.

Како да ме земаат за матурска, дојдоа Зоќи и еден негов пријател чиј лик во моите сеќавања денеска многу ме потсетува на Бруно Марс. Така што ајде, нека се вика Бруно. Значи Зоќи и Бруно. Ме земаа и ме седнаа на задното седиште од џипот кабриолет на Зоќи. И беше џип како “Jeep“, и тоа со теренски гуми и со цевка за дишење, а не џип како џиповите во новокомпонована Македонија кои не можеш ни на Козјак да ги возиш со нивните нископрофилни урбано шминкерски гуми. Зоќи бре беше охриѓанец и беше геј до јаја. Тоа веднаш ми го даде до знаење кога на една раскрсница мртов ладен најмушки си го залапа Бруно како да е најпопуларната женска од охридски варош. Малку бев забезекнат од глетката, но сепак бев отворен за нови разбирања за охриѓаните. Денеска веќе ништо не ме изненадува во врска со Охрид и охриѓани.

22

Ме однесоа во еден бар кој се викаше “Дрезден“. Го знаев тоа име од некоја лекција по историја или географија… Година дена подоцна бев воодушевен кога го видов истиот кафич со истото име и со иститот музички аранжман во еден мал инди филм “Swingers”, кој во главни улоги ги имаше Џон Фероу, инаку денеска познат глумец и режисер на Ајронмен, заедно со Винс Вон и Хедер Грем. Неверојатно! Ни самиот не можам да замислам колку ми било јако што во мојата глава бев дел од холивудската филмска инди сцена со самото тоа што бев гостин во истиот бар, со истите музичари како и тие од филмот, и во истата година кога излезе филмот! Стварно! Веќе не бев чекор до холивудскиот гламур, бев во него. Само нажалост не ме фатиле во кадар. Па па паа… Готово. Па уште и со геј двојка – крај! Холивуде, here I come!

Зоќи и Бруно ме начукаа прописно. Викам ме начукаа заради тоа што сепак не бев доволно стар да пијам алкохол по кафани во Америка ама Зоќи и Бруно частеа и ми подметнуваа пијачки во чашата кока-кола како да им е задња шанса да ми го опнат. Имаа по четириесетина години и само можам да замислам како им изгледав. Тогаш не бев ни приближно дебел како денес. Имав долга коса гишовача и од моите ватерполо тренинзи бев извајан како Давид на Микеланџело. Бев совршено граден висок млад дечко и имав тврд акцент. Тој јебозовен детал секако важи за Бруно, но и за Зоќи за кого пак имав скопски акцент. Ви текиња!? Секси, нели!?

Колку и да бев пијан и отворен на нивниот геј муабет сепак безбедно завршив дома во пет саат сабајле. Спиев два-три саата и ме разбудија вештачките пластични нокти на Сузана додека поминуваа низ мојата коса. Едвај станав, но бев возбуден заради тоа што Флорида не чека никој. Џорџ беше на работа и Сузана требаше да ме носи на аеродром.

23

“Буди се дечко, идеме!“ сега строго ми викна Сузана далеку од кујната.

Станав, си ја спастрив косата и онака полугол отидов да видам што ѝ е муабетот. Децата веќе беа отидени кое во школо кое во градинка, а Сузана од класична порно домаќинка сега беше дотерана во типична Степфорд жена. Толку беше дотерана во комунистичко костимче што не можев да ѝ ја најдам логиката, барем не во таа жега.

Сузана и нејзината непотрбна наоблеченост беа безбедни во микро климата на нејзината кола. Без коментар или непотребни муабети ме однесе на аеродром и пред да ме поздрави ми кажа “Среќен ти пат. Брзам. Јави се ако имаш проблем. Се гледаме во Скопје. Се надевам…“.

Додека заминуваше, Сузана ми мафна од отворениот прозорец и ја снема позади првата кривина. Се качив на авион и полетав за Феникс.

24

Знаев дека таму ме чекаат поубави нешта. Знаев.

(следното поглавје за 2 недели)