Во Гостивар во изминатото деноноќие биле прегледани 198 пациенти

Во Гостивар во изминатото деноноќие биле прегледани 198 пациенти

Според информациите од Бајрами, на Инфективното одделение се прегледани 111 пациенти, на Одделението за педијатрија 75, а на Ургентниот центар 12 пациенти. Тој нагласи дека нема значителни промени во клиничката состојба на пациентите.

„Клиничките симптоми продолжуваат да бидат конфигурирани од стомачни тегоби, со поретко појавување на треска и покачена температура на телото“, изјави Бајрами.

Министерот за здравство, Сашо Клековски, на прес-конференција вчера објави дека од почетокот на епидемиолошката ситуација се евидентирани приближно 3.100 здравствени контакти преку Здравствениот дом, Општата болница, телефонските повици и интервенциите на Итната медицинска помош.

Клековски посочи дека првиот преглед е направен на 14 јули, а на 19 јули првпат е забележано намалување на бројот на приеми, што, според здравствените власти, претставува прв показател за стабилизација на состојбата.