„Во функција се ставени сите достапни човечки и технички ресурси за заштита на нашите граѓани, нивниот имот и градската инфраструктура, како и за да се спречат поголеми штети. Овие активности се реализираат секојдневно, но за системот да функционира ефикасно, неопходна е одговорност од сите нас“, се наведува во соопштението од Градот.
Исто така, се истакнува дека тимовите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје интензивно работат на расчистување на канализационите линии, шахтите и сливниците, со цел да се обезбеди непречено прифаќање и одведување на атмосферските води и да се намали ризикот од поплави на критичните точки во градот.
„Ве апелираме до граѓаните да не фрлаат отпад во шахтите, сливниците и на јавните површини, бидејќи тоа го блокира протокот и го онеможува правилното одведување на дождовната вода“, нагласува Град Скопје, додавајќи дека останува буден, мобилизиран и во целост на услуга на граѓаните.




