
Активноста ја спроведоа полициски службеници од Секторот за сообраќајни работи при МВР и Одделението за превенција при СВР Скопје, во соработка со РСБСП. На граѓаните им беа поделени едукативни летоци со превентивни пораки и апели за почитување на сообраќајните правила, како и за грижа за сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.
Во рамки на акцијата беше упатен потсетник дека од 15 ноември стапува во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата. Од МВР и РСБСП апелираат возачите да ја приспособат брзината и начинот на возење на временските услови и состојбата на патиштата.







