
Подвигот го заокружи со искачувањето на Гашербрум I на 20 јули 2025 година, кога имал 63 години и 14 дена. Роден е на 6 јули 1962 година.
Кедев е и најстарата личност која ги искачила сите 14 осумилјадници и „Седумте врвови“, односно највисоките планински точки на сите седум континенти. „Седумте врвови“ ги освои во периодот од 14 јануари 2008 година, кога се искачи на Аконкагва во Јужна Америка, до 6 ноември 2011 година, кога го освои Пункак Џаја, познат и како Пирамида Карстенц, во Океанија.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во ноември 2025 година го одликуваше со Орден „8 Септември“ за заслуги во медицината и историскиот подвиг во алпинизмот. Кедев беше признат како прв Македонец кој ги искачил сите 14 светски врвови над 8.000 метри.
„Тоа што ми даде сила беше токму тоа да го однесам македонското знаме и македонското име на сите врвови. Тој успех го посветувам на сите граѓани и сите Македонци каде и да се во светот“, порача Кедев.



