
Мицкоски оцени дека растот е особено значаен поради економските состојби во светот и во Европската Унија, која е најголем трговски партнер на земјава.
Зголемениот промет, според него, покажува дека расте продажбата на индустриските производи на домашниот и на странските пазари, што претходно било потврдено и со растот на извозот.
„Ова се лоши вести за опозицијата, која сака земјава да оди во минус, а не во плус. Сите индикатори укажуваат на тоа што го велевме уште на самиот почеток – дека треба трпение и дека мора полека да ги консолидираме работите. По речиси две и пол години, конечно дојдовме до точка нула, а бевме во длабок минус. Дојдовме до точката од која треба да почне секој што е на власт и отсега очекувам само раст, но тоа не зависи секогаш само од нас, туку и од состојбите во светот. Се надевам дека наскоро ќе можеме да зборуваме за поинтензивен развој“, изјави Мицкоски.





