Јокиќ и Мареј со рекорд во НБА во победата на Денвер над Њу Орлеанс

Денвер го совлада Њу Орлеанс со 116:108 на гостински терен, а Никола Јокиќ и Џамал Мареј станаа првиот тандем во историјата на НБА кој меѓусебно си поделил повеќе од 1.000 асистенции.

5
Јокиќ и Мареј со рекорд во НБА во победата на Денвер над Њу Орлеанс (Denver Nuggets (X)
Фото: Denver Nuggets (X

Статистиката за меѓусебните асистенции официјално се евидентира од сезоната 1997/98, а Јокиќ и Мареј се првите соиграчи што ја надминале границата од 1.000.

Јокиќ беше блиску до трипл-дабл и натпреварот го заврши со 26 поени, 10 асистенции и осум скока, со три украдени топки. Мареј постигна 23 поени, запиша девет асистенции и седум скока, а имаше и две блокади.

Реклама

За Њу Орлеанс најефикасен беше Зајон Вилијамсон со 24 поени. Денвер клучната разлика ја направи на почетокот на последната четвртина, кога поведе со 95:82, по што го приведе натпреварот до крај.

Денвер е на седмото место во Западната конференција со седум победи и четири порази, додека Њу Орлеанс е 12. со биланс од четири победи и 10 порази.