Променливо облачно време и температури до 19 степени, во Скопје до 13

На 14 ноември во земјава се очекува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд и температури од 12 до 19 степени. Во Скопје температурата ќе се движи од 10 до 13 степени.

0
Променливо облачно време и температури до 19 степени, во Скопје до 13 (Опсервер)
Фото: Опсервер

Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе биде засилен. Во Скопје се очекува умерен до засилен северен ветер.

На 15 ноември попладне наместа повторно се очекуваат повремени врнежи од дожд.

Реклама

Од почетокот на следната работна седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Повеќе врнежи се најавуваат во средината на седмицата, особено во западните делови од земјава, каде што се очекува пообилен дожд.

Во наредниот период ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.