УХМР издаде метеоаларм поради јужен ветер со налети над 80 километри на час

УХМР издаде метеоаларм за 13 ноември поради силен јужен ветер, кој на одделни места ќе надминува 80 километри на час.

6
УХМР издаде метеоаларм поради јужен ветер со налети над 80 километри на час (Проверено)
Фото: Проверено

УХМР издаде метеоаларм за 13 ноември поради силен јужен ветер, кој на одделни места ќе надминува 80 километри на час.

Времето ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди и повремени локални врнежи од дожд. Максималните температури ќе бидат од 18 до 25 степени, а температурите ќе бидат значително над просекот за овој период од годината.

Реклама

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и умерен ветер од јужен правец. УХМР предупредува дека ветерот ќе се засилува и ќе биде особено изразен во одредени делови од земјата.

Во периодот што следува, под влијание на влажни бранови, се очекуваат повремени локални врнежи со слаб до умерен интензитет, а по одделни котлини ќе има услови за утринска магла. Од сабота, поради продор на постудена воздушна маса од север, температурите ќе опаѓаат, особено во северните делови на Македонија.

УХМР ги повика граѓаните да бидат внимателни при престој на отворено, особено на места изложени на силни налети на ветер.