
Од средината на следната седмица се очекуваат пообилни врнежи, особено во западните делови, а во недела попладне наместа ќе има повремен дожд. Според УХМР, од почетокот на работната седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.
Утринските температури во сабота ќе се движат од 8 до 13 степени, а дневните од 10 до 19 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и умерен до засилен северен ветер, а температурата ќе се движи од 10 до 13 степени.
Максималната температура во недела ќе достигне 13 степени, во понеделник 15, а во вторник 18 степени.






