Во октомври запленети 734 кубни метри дрва и поднесени 147 пријави

Во октомври Шумската полиција запленила 734 кубни метри дрва и поднела 147 прекршочни и кривични пријави во акции против дрвокрадството.

0
Во октомври запленети 734 кубни метри дрва и поднесени 147 пријави (Нетпрес)
Фото: Нетпрес

Акциите биле спроведени во октомври против бесправната сеча, транспортот и трговијата со дрвна маса од незаконско потекло. Од вкупната количина, запленети биле 288 кубни метри даб, 274 кубни метри бука, 51 кубен метар мешано дрво и 121 кубен метар техничко дрво, односно трупци.

Шумската полиција привремено одзела 11 товарни и 15 патнички моторни возила, осум трактори, 13 приколки и 18 моторни пили. Од вкупно 147 пријави, 122 прекршочни биле поднесени до надлежните судови, а 25 кривични до Основното јавно обвинителство.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, порача дека ќе продолжат засилените контроли и дека ќе се бара одговорност од оние што бесправно сечат и од оние што ги препродаваат дрвата.