Ѓорѓиевски одржа средба со борците по повод Денот на ослободувањето на Скопје

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, одржал традиционална средба со претставници на Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија по повод 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје.

0
Ѓорѓиевски одржа средба со борците по повод Денот на ослободувањето на Скопје (Опсервер)
Фото: Опсервер

Средбата била посветена на зачувувањето на споменот за ослободителите и на пренесувањето на нивниот завет на новите генерации. Ѓорѓиевски им се заблагодарил на претставниците за нивната посветеност.

Тој потсетил дека по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада ја донеле слободата на Скопје.

Ѓорѓиевски рекол дека градоначалничката функција ја извршува со почит и решителност да гради Скопје во кое достоинството, солидарноста и заедништвото ќе бидат дел од секојдневието, како и град што ќе им биде оставен на идните генерации со гордост.