
Заинтересираните страни и граѓаните можат да ги разгледаат нацрт-текстовите и да испратат забелешки, коментари, предлози и сугестии. Министерството најави дека во наредниот период ќе организира стручни јавни расправи за клучните прашања и решенијата во двата документа.
Нацрт-законите се доставени и до Европската комисија за мислење, за дополнителна експертска оценка на предложените решенија и нивната усогласеност со европското законодавство и стандарди.





