Во Скопје почнува 55. Меѓународен турнир „Златен гонг“

55. Меѓународен боксерски турнир „Златен гонг“ на 13 ноември ќе почне во салата „Расадник“ во скопската населба Кисела Вода. Четвртфиналните борби се закажани за 14 часот, а на програмата има 25 мечеви.

4
Во Скопје почнува 55. Меѓународен турнир „Златен гонг“ (СпортСпорт)
Фото: СпортСпорт

На турнирот ќе настапат 89 боксери од 20 земји. Македонската претставничка Марија Костовска во категоријата од 75 до 80 килограми ќе боксува против Ирина Лустак од Украина.

Полуфиналните борби се закажани за 14 ноември од 14 часот, а финалето ќе се одржи во недела со почеток во 17 часот.

Минатогодишниот освојувач на „Златниот гонг“, Ален Рустемовски, нема да го брани трофејот поради настапот на Европското првенство за боксери до 23 години во Пореч, Хрватска, кое ќе се одржи од 14 до 25 ноември. На првенството ќе настапи и неговиот брат Ружди Рустемовски.