Сиљановска-Давкова и Ван дер Белен за европскиот пат и соработката

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на 11 ноември во Анталија се сретна со австрискиот претседател Александер Ван дер Белен, на маргините на COP31. На средбата беа потврдени одличните македонско-австриски односи и поддршката на Австрија за македонскиот евроинтегративен пат.

12
Сиљановска-Давкова и Ван дер Белен за европскиот пат и соработката (Опсервер)
Фото: Опсервер

Соговорниците разменија мислења за иднината на европскиот проект и процесот на проширување на Европската Унија, при што нагласија дека кредибилноста на процесот се гради врз јасни правила, еднакви критериуми и заслуги. Европската перспектива, според нив, треба да остане реална и достижна за земјите кандидатки.

Сиљановска-Давкова изрази благодарност за принципиелната поддршка од Австрија и за нејзината посветеност кон стабилноста, безбедноста и европската перспектива на Западен Балкан. Таа посочи дека проширувањето не е само политичко и економско прашање, туку и безбедносно, особено во услови на геополитички тензии што се закана за мирот во Европа.

На средбата беа разгледани можностите за продлабочување на соработката во економијата, енергетиката, климатските политики, образованието и културата. Беше изразена подготвеност за интензивирање на политичкиот дијалог на највисоко ниво, а договорено е и одржување официјална средба меѓу двајцата претседатели.