
Тој рече дека документот е од владина седница од 2023 година, со која претседавал тогашниот премиер Димитар Ковачевски, и дека со него Владата донела одлука да го овласти државниот правобранител да ја застапува во процес во кој државата отуѓува сопствени акции на Алта банка.
„Ние не можеме да влеземе затоа што станува збор за сопственици на акции на Стопанска банка АД Битола и Алта Банка Србија која од приватните сопственици купува акции, не од владата“, изјави Мицкоски.
Во врска со надзорната расправа во Собранието, Мицкоски оцени дека таа била свикана за политизација на случајот, наместо да се разговара за суштината и фактите. Тој додаде дека Владата не може да одобрува или спречува должничко-доверителски односи или купопродажба на банка меѓу приватни лица, туку може да го следи процесот доколку се почитуваат законските одредби, правилата и прописите.





