Утре променливо облачно време со температура до 15 степени

Утре променливо облачно време со сончеви периоди, температури до 15 степени и услови за утринска магла по одделни котлини.

1
Од вторник променливо облачно и потопло време (Опсервер)
Фото: Опсервер

На 10 ноември 2026 времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а температурата ќе достигне до 15 степени, информира УХМР.

Минималната температура ќе се движи од 2 до 9 степени, а максималната од 11 до 15 степени.

Реклама

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 14 степени.

До сабота времето ќе биде релативно топло, со повремени локални врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Реклама

Во недела, поради продор на постудена воздушна маса од север, ќе има заладување и стабилизирање на времето. Ќе дува слаб до умерен ветер, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.