
ЈП Паркинзи на Општина Центар со помош на специјалните возила „Пајак“ отстрани 143 непрописно паркирани возила во периодот од 1 до 8 ноември 2026 година.
Возилата биле отстранети бидејќи го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, соопшти ЈП Паркинзи на Општина Центар.
Од претпријатието најавија дека и во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на непрописно и несовесно паркираните автомобили во Општина Центар.
Од ЈП ПОЦ посочуваат дека за намалување на сообраќајниот метеж и надминување на проблемот со неправилното паркирање е неопходно подигнување на сообраќајната култура и свеста кај граѓаните.





