Ева Митевска со историски успех на Младинските олимписки игри во Дакар

Македонската атлетичарка Ева Митевска се пласираше во финалето на трката на 100 метри на Младинските олимписки игри во Дакар, каде го освои осмото место со резултат од 12.28 секунди.

4
Ева Митевска со историски успех на Младинските олимписки игри во Дакар (Riste)
Фото: Riste

Македонската атлетичарка Ева Митевска оствари историски успех на Младинските олимписки игри во Дакар, Сенегал, пласирајќи се во финалето на трката на 100 метри.

Во полуфиналната трка, Митевска го освои четвртото место со резултат од 12.58 секунди, обезбедувајќи пласман меѓу деветте најдобри финалистки во конкуренција на атлетичарки под 18 години.

Реклама

Во големото финале, нашата репрезентативка истрча 12.28 секунди и го освои осмото место. Иако резултатот беше постигнат со ветер од +2.4 m/s, над дозволената граница за официјално признавање, настапот претставува исклучително вредно остварување на најголемата светска сцена за млади спортисти.

Атлетската федерација на Македонија изрази голема гордост од постигнатиот успех и упати искрени честитки до Ева Митевска и нејзиниот тренер за достојното претставување на Македонија.