
Утре времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а локално се очекуваат и пообилни врнежи над 25 литри на квадратен метар. Според УХМР, врнежите ќе престанат кон крајот на денот.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Утринската температура ќе се движи од 6 до 10 степени, а дневната ќе достигне од 10 до 14 степени.
Во Скопје се очекува облачно време со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Минималната температура ќе се спушти до 8 степени, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Од среда натаму времето ќе биде стабилно и суво со променлива облачност, а по одделни котлини ќе има услови за утринска магла. Од петок облачноста ќе се намали, а за викендот се очекуваат постудени утра со минимална температура која наместа ќе се спушти под нула степени.



