
Поранешниот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, е нов директор на Младинскиот културен центар во Скопје, откако Бени Шаќири поднесе неотповиклива оставка. Шаќири останува во кабинетот на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски како советник за култура.
Шаќири ја поднесе оставката од лични причини, а на функцијата директор на МКЦ беше назначен во јануари 2024 година од тогашната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска.
Арсовски беше портпарол на ВМРО-ДПМНЕ од 2018 до 2021 година. При примопредавањето на функцијата, Шаќири му посака успех на новиот директор и изрази надеж дека ќе придонесе за развојот на културата во Скопје.



