Одложено рочиштето за „Онкологија“ поради здравствени причини на судијката

Одложено е рочиштето за случајот „Онкологија“ поради здравствени причини на судијката Снежана Марковска. Новиот термин е 25 ноември.

0
Одложено рочиштето за „Онкологија“ поради здравствени причини на судијката (Нетпрес)
Фото: Нетпрес

Рочиштето за случајот „Онкологија“ во Основниот кривичен суд Скопје е одложено на 9 ноември 2026 година поради здравствени причини на судијката Снежана Марковска, а новиот термин е закажан за 25 ноември.

На последното рочиште, одржано на 5 октомври, Обвинителството ги оспори заклучоците на вештакот на одбраната Владимир Даниловски за терапијата применувана кај онколошките пациенти. На вкрстеното испрашување било побарано од вештакот да образложи врз основа на кои официјални протоколи ги темели заклучоците дека конкретната терапија била соодветна.

Реклама

Одбраната преку адвокатот Боби Спирковски, кој го застапува поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, оцени дека суштинското прашање во постапката е дали применетата терапија ја влошила здравствената состојба на пациентите или предизвикала нивна предвремена смрт, а не изборот на конкретни лекови.

Васев и онколозите Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски се обвинети за несовесно лекување пациенти. Постапката првично се водела и против онкологот Мери Пешевска, која признала вина и била осудена на две години условна казна затвор.

Реклама

Обвинението ги товари лекарите за продолжени тешки дела против здравјето на луѓето и несовесно лекување. Според обвинителството, кај вкупно 47 пациенти биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна процена на нивната здравствена состојба.

Случајот го води судијката Снежана Марковска, а обвинението го застапува јавната обвинителка Марија Ѓоргева од Основното јавно обвинителство Скопје.