
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека засега не гледа вистински напредок во односите меѓу Москва и Вашингтон.
Според неа, нема придвижување ниту во прашањето за враќање на конфискуваниот руски дипломатски имот, ниту за повторно воспоставување директен воздушен сообраќај.
Захарова ја опиша средбата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Марк Рубио, одржана на маргините на самитот на Г20, како остварен контакт.
Таа наведе дека двајцата дипломати разговарале за билатералната агенда и за одредени аспекти на соработката на мултилатерални платформи, меѓу кои Обединетите нации, Г20 и АПЕК. Дијалогот со американската страна, додаде Захарова, продолжува на различни нивоа и во целина има деловен карактер.



