
Камала Харис им честиташе на демократските кандидати и им се заблагодари на илјадниците волонтери што учествувале во кампањата. Таа оцени дека изборната победа не е доволна и повика на конкретни резултати, меѓу кои економско олеснување за работничките семејства и повикување на администрацијата на одговорност.
Демократите мнозинството во двата дома на Конгресот ќе го преземат во јануари 2027 година. Тоа ќе им овозможи да спроведуваат конгресни истраги и да вршат засилен надзор врз администрацијата на Трамп.




