Јанев: Криминалната група во Куманово дејствувала од 2021 година

Јанев потврди дека при акцијата во Куманово пронајдени се пари и докази за криминални активности од 2021 година, а истрагата е проширена во нотарска канцеларија и менувачница.

28
Јанев: Криминалната група во Куманово дејствувала од 2021 година (Kejt)
Фото: Kejt

При акцијата во Куманово, извршена од страна на полицијата, пронајдени се поголема сума пари и документација поврзана со позајмување и изнуда, што довело до проширување на истрагата.

Претресите биле спроведени во раните утрински часови од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во координација со специјалните полициски единици. Според информациите, при акцијата биле пронајдени поголема сума пари, како и документи поврзани со позајмување пари и изнуда.

Реклама

Поради пронајдената документација, истрагата била проширена и во нотарска канцеларија во Куманово. Исто така, известена била Народната банка, која врши контрола во менувачница поврзана со брат на еден од осомничените, со цел да се провери потеклото на парите.

Јанев посочи дека, според досега обезбедената документација, криминалната група дејствувала на подрачјето на Куманово повеќе од пет години, односно од 2021 година. По налог на надлежниот јавен обвинител ќе бидат одземени возила, мобилни телефони, документација и други предмети за кои постои сомнение дека можат да бидат важни за истрагата.

Кривичната пријава против петте лица ќе биде поднесена во координација со Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.