Хирурзите од медицинскиот центар „Шеба“ од Тел Авив и македонски медицински тимови извршиле 24 специјалистички прегледи и 16 операции на повредени во трагедијата во Кочани. Податоците на прес-конференција на 5 ноември ги соопшти министерот за здравство Сашо Клековски.

Фокусот на израелскиот тим бил на шаките и рацете, со интервенции насочени кон враќање на нивната функција. Меѓу нив биле отстранување и корекција на лузни, ослободување на контрактури, Z-пластика и кожни трансплантати со полна дебелина.
Оперирани се 10 мажи и шест жени. Шест операции биле извршени на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија во Скопје, вклучително и петте најсложени, а 10 во Општата болница во Кочани.
Следењето на пациентите оперирани во Скопје продолжува на Клиниката, додека пациентите оперирани во Кочани ќе ги прават контролите блиску до дома. Работна група на Министерството за здравство ги координира грижата и плановите за рехабилитација, соопшти Клековски.
Министерот рече дека грижата за повредените ќе продолжи и по болничкото лекување, преку операции, контроли и рехабилитација. Во тимот од „Шеба“ биле и д-р Харац и д-р Канфино Кац.