Прескокни до содржината
Реклама

BMW со помалку испораки на возила во периодот од јануари до септември

BMW со помалку испораки на возила во периодот од јануари до септември
Фото: Нетпрес

Германскиот производител на автомобили BMW во вторникот објави дека испорачал помалку возила на клиентите во деветте месеци до крајот на септември, истакнувајќи го „континуираните предизвикувачки“ деловни активнсти во Кина.

Групацијата испорача 1,71 милион возила на клиентите во периодот од јануари до септември, што е за 4,9 отсто помалку во споредба со истиот период минатата година.

Испораките на брендовите BMW и Mini на европскиот пазар се зголемија за 4,5 отсто, на 732.279 возила. Само малку поблаг раст, од 3,4 отсто, е забележан кај испораките на BMW и Mini на американскиот пазар, со нешто над 307.000 испорачани возила.

Покрај BMW и Mini, групацијата ги произведува и брендот „Rolls-Royce“ и мотоцикли „BMW Motorrad“.

Работењето во Кина беше исто така „предизвикувачко“ во првите девет месеци од оваа година, забележа управата на баварскиот производител, со 376.129 испорачани возила BMW и Mini, што е за 21,8 отсто помалку од минатата година.

Бројките за периодот од јули до септември покажуваат пад од 4,9 отсто во испораките на ниво на група, со испорачани 551.072 возила.

Испораките на целосно електрични возила до клиентите во Европа скокнаа за 37,5 отсто во третиот квартал, со испорачани 81.941 возила. Ваквите модели учествуваа со 34,7 отсто во сите групни испораки во Европа.

Глобално, групацијата испорача 110.257 целосно електрични возила во третиот квартал, што е за 7,2 отсто повеќе отколку во истиот период минатата година.

Кинески BYD ја вклучи Франција во потесниот избор за новo производство во Европа

Кинески BYD ја вклучи Франција во потесниот избор за новo производство во Европа
Фото: Нетпрес

Кинескиот производител на електрични возила BYD внимателно ја разгледува можноста за отворање фабрика во Франција, изјави во понеделникoт извршната потпретседателка на компанијата Стела Ли за француската телевизиска станица BMFTV, истакнувајќи ги особено конкурентните цени на енергијата.

BYD веќе изгради фабрика во унгарскиот град Сегед,каде што производството треба да започне на крајот од годинава.

Компанијата сака да изгради уште две фабрики во Европа, рече Ли, кој е и раководител на одделот за меѓународен бизнис на BYD, во интервју за BMF Business на маргините на Саемот за автомобили во Париз, додавајќи дека ја разгледуваат Франција како потенцијална локација.

„Франција е вклучена во потесниот избор поради конкурентните цени на енергијата“, рече Ли, според извештајот на француската телевизија, додавајќи дека групата „внимателно ги разгледува“ опциите за избор на француска локација за производство.

Уште во јули, специјалниот советник на BYD за Европа, Алфредо Алтавила, посочи дека компанијата е блиску до одлука дали да купи фабрика во Европа за да го забрза своето проширување на европскиот пазар.

„Одлуката треба да се донесе многу брзо“, рече Алтавила на автомобилската конференција на Reuters во Франкфурт, осврнувајќи се на иницијативата на ЕУ „Произведено во Европа“ (‘Made in Europe’) за зголемување на домашното производство.

Кандидатите се фабрики во Шпанија и Франција, рече тогаш Алтавила, истакнувајќи дека BYD ќе ги преземе фабриките од традиционалните производители.

Кон средината на септември, на саемот во Хановер, Ли објави дека BYD има намера да го лансира својот прв модел на електричен камион на европскиот пазар следната година, додавајќи дека овие камиони на крајот ќе се произведуваат на Стариот континент.

На долг рок, сè што продаваме во Европа ќе се произведува во Европа, рече тогаш извршниот потпретседател, нагласувајќи дека овој потег ќе го избегне проблемот со царините на ЕУ за увоз на кинески електрични возила.

Кога ќе продаваме само возила што ги произведуваме во Европа, сè ќе биде во ред, ќе станеме европска компанија, заклучи Ли кон средината на септември.

BYD ја зголеми продажбата во ЕУ повеќе од трипати минатата година, со речиси 130.000 регистрирани возила, според податоците од европското здружение на производители ACEA. Според септемврискиот извештај на здружението, во првите осум месеци од оваа година кинескиот гигант продал повеќе од 234.000 автомобили на Европејците, што е повеќе од двојно повеќе од истиот период минатата година.

Кинеските производители на автомобили ја пребаруваат Европа за локации за производство пред очекуваното воведување на Актот на ЕУ за индустриски акцелератор, кој треба да ја заштити домашната индустрија од бранот кинески извоз.

Во лондонскиот Крунски суд започна изборот на порота за судењето на актерот Расел Бренд

Во лондонскиот Крунски суд започна изборот на порота за судењето на актерот Расел Бренд
Фото: Нетпрес

Во лондонскиот Крунски суд во Саутворк, започна изборот на членови на поротата кои ќе учествуваат во судењето на британскиот комичар и актер Расел Бренд (51), обвинет за силување, сексуален напад и непристоен напад.

„Против актерот се поднесени обвиненија за три случаи на силување, три случаи на сексуален напад и еден случај на непристоен напад. Наводно делата за кои тој се изјаснил дека е невин, ги извршил во Лондон и Борнмут, од 1999 до 2009 година“, јави синоќа Би-би-си.

Бренд во Судот се појавил во придружба на неговата сопруга Лора, во сиво одело и очила за сонце. Против него се поднесени тужби од страна на шест жени.

„Очекуваме судењето да започне во среда и да трае околу шест недели, изјавил Бенатан, судија одговорен за случајот“, нагласувајќи дека утре ќе се знаат избраните поротници кои ќе мора да положат заклетва пред судењето.

Испораките на VW значително паднаа во третиот квартал

Испораките на VW значително паднаа во третиот квартал
Фото: Нетпрес

Испораките на германскиот гигант во автоиндустријата „Volkswagen“ (VW) значително се намалија во третиот квартал, што одразува нагло намалување на испораките на кинескиот пазар, објави компанијата во понеделникот.

Германскиот производител на автомобили испорача околу 1,89 милиони возила од сите свои брендови низ целиот свет во третиот квартал, што е за дури 14,3 отсто помалку во однос на истиот период минатата година.

Падот беше особено изразен во Кина, каде што испораките се намалија за дури 38,5 отсто на годишно ниво, на 405.800 возила, покажува деловниот извештај.

Во првите девет месеци од годината, „Volkswagen“ продаде околу шест милиони возила на клиенти низ целиот свет, што е за 9 отсто помалку во однос на истиот период минатата година.

Падот на испораките во Кина и САД ги надмина зголемените испораки во Јужна Америка, Западна Европа и Централна и Источна Европа, се вели во извештајот.

Групацијата „Volkswagen“ не можеше да ги избегне последиците од значителниот пад на продажбата на целокупниот кинески пазар, се вели во соопштението, а особено во сегментот на возила со мотори со внатрешно согорување, и забележа пад на испораките во Кина од дури 30,2 проценти во споредба со првите девет месеци од минатата година, на 1,38 милиони возила.

Испораките во Азиско-пацифичкиот регион, вклучувајќи ја и Кина, потонаа во истиот период за дури 27,9 отсто, на 1,59 милиони возила.

Во Северна Америка групацијата продаде 680.200 возила во периодот од јануари до септември, што е 4 отсто помалку отколку во истиот период минатата година.

На клучниот американски пазар, испораките се намалија за 7,8 отсто, соопшти управата на „Volkswagen“, повикувајќи се на царински давачки и регулаторни промени.

Во Европа групацијата VW забележа мал раст, од 1,7 отсто во споредба со истиот период минатата година, со речиси 2,96 милиони испорачани возила. Во Западна Европа, испораките се зголемија за 1,1 отсто, а во Централна и Источна Европа за 5,3 отсто.

На домашниот германски пазар, групацијата испорача 0,9 отсто повеќе возила на клиентите, објави менаџментот, без да ја прецизира бројката.

Испораките на VW на јужноамериканскиот пазар, исто така, се зголемија за 4,3 отсто, на 502.500 возила. На клучниот пазар на Бразил, испораките пораснаа за 12,3 отсто, според податоците на групацијата.

Спачекот „воскресна“ – промовиран електричниот концепт 2CV

Спачекот „воскресна“ – промовиран електричниот концепт 2CV
Фото: Нетпрес

Францускиот производител на автомобили „Ситроен“ (Citroen) го врати својот модел 2CV, кај нас познат како Спачек, во обид да ја зголеми продажбата на електрични автомобили на пазарот, во поприлично тешки услови.

Новиот модел, претставен на Саемот за автомобили во Париз, е мало градско возило со ретро стил што потсетува на еден од најпознатите дизајни на компанијата.

Како „концептно возило“ наменето да ја прикаже насоката во која се движи „Ситроен“, тоа сè уште не е подготвено за продажба, но планот е верзија од него да се најде во салоните до 2028 година.

Соочени со растечката конкуренција од кинеските производители, „Ситроен“ и другите европски брендови го користат своето наследство како начин за продажба на модерни автомобили.

Омилен меѓу земјоделците
Извршниот директор на „Ситроен“, Ксавие Шардон, го опиша новиот автомобил како „модерен, генијален и освежителен одговор на предизвиците за мобилност на иднината“.

Оригиналниот „Ситроен 2CV“ беше лансиран во 1948 година, додека Европа се опоравуваше од последиците на Втората светска војна. Тој беше дизајниран како евтино и издржливо превозно средство за француските земјоделци и руралното население.

Автомобилот имаше високи отвори над тркалата и мека суспензија, што му овозможуваше да се движи низ изорани полиња или по нерамни патишта – а според легендата, тоа го правел без да се скрши ниту едно јајца од табла со паткини јајца.

Високиот покрив им овозможуваше на возачите да носат шапка додека управуваат. Беше лесен за возење и едноставен за поправка.

Автомобилот беше толку популарен што остана во производство повеќе од 40 години. Со текот на времето, од практично возило за селските средини прерасна во култна класика и омилен избор на хипиците и припадниците на контракултурата.

Сега, „Ситроен“ сака да се надоврзе на тоа наследство, „воскреснувајќи“ го како мал електричен градски автомобил, чија цена се очекува да изнесува околу 15.000 евра.

Изгледот на новиот 2CV може да претрпи промени додека „Ситроен“ го развива дизајнот. Сепак, во сегашната форма, тој дели многу стилски карактеристики со својот славен претходник – Спачекот.

Високите, испакнати отвори над тркалата, високиот, заоблен покрив и предните светла што наликуваат на очи, се потсетници на оригиналниот „deux chevaux“ или 2CV (два коња).

Овој концепт на промоцијата на Саемот за автомобили во Париз го „провози“ и францускиот претседател Емануел Макрон.

Надоврзување на трендот почнат од други производители

Користејќи ги спомените за еден стар автомобил за да продаваат нов, „Ситроен“ следи веќе добро познат пат.

„Фолксваген“ го врати моделот „Буба“ (Beetle) кон крајот на 1990-тите, но со ограничен успех.

Моделите „Mini“ на БМВР отсекогаш имале дизајн што потсетува на оригиналниот, типично британски модел. „Фиат“ веќе две децении го продава моделот Fiat 500 во ретро-стил.

Ретро-носталгија
Сепак, трендот на ретро-носталгија неодамна се забрза, бидејќи производителите на автомобили бараат начини да им продадат електрични возила на скептичните потрошувачи.

Францускиот ривал на „Ситроен“, компанијата „Рено“, е предводник во овој процес. Сè започна со моделот Рено 5 E-Tech, кој визуелно потсетува на карактеристичниот, аголен дизајн на оригиналниот Рено 5 – автомобил што некогаш беше секојдневна глетка на француските улици. Оттогаш, компанијата ги оживеа и моделите Рено 4 и Твинго.

Фолксваген сега го има карактеристичниот миниван ID-Buzz, кој е инспириран од класичниот T2 Transporter, додека „Форд“ работи на ново електрично возило за кое нашироко се очекува дека ќе го носи името „Фиеста“.

Дневен хороскоп за недела, 11-ти октомври 2026-та

Дневен хороскоп за недела, 11-ти октомври 2026-та
Фото: Нетпрес

ОВЕН
Доброто друштво може да го направи неделниот ден мног попријатен, особено доколку дозволите вашиот распоред да биде малку порелаксиран. Утринските часови се добри за состанок, разговор или заедничка активност што враќа чувство на блискост. Навечер, расположението се продлабочува и може да ве натера да размислувате за доверба, споделени одговорности или неискажани чувства. Не претворајте силна привлечност или иритираност во повод за борба околу тоа кој го има последниот збор.

БИК
Малите задоволства деенска ќе ви донесат повеќе отколку сложените планови. Соодветно е да се грижите за себе, да средите нешто дома или да поминете време со личност со која се чувствувате природно. Кон вечерта, врската станува поинтензивна и некоја стара тема може повторно да бара внимание. Обидете се овојпат целосно да ја ислушате другата личност пред да одлучите што значи нејзиното однесување.

БЛИЗНАЦИ
Желбата за разновидност и пријатно искуство може да ве извади од вообичаениот неделен ритам. Утрото е добро за креативност, состаноци, активности со децата или едноставно нешто што ве насмевнува. Подоцна, вниманието постепено се насочува кон практични задачи и како да ја започнете новата седмица поуредно. Навечер не преземајте обврски на други луѓе од чувство на вина или желба да угодите.

РАК
Чувството на удобност и припадност денеска е особено важно и може да ве натера да претпочитате близок круг пред бучни друштва. Првата половина од денот е поволна за семеен состанок, посета или нешто пријатно дома. Кон вечерта се враќаат повеќе страст и желба за лично пројавувања, но и поголема чувствителност кон реакциите на другите. Доколку љубовната тема се покаже како понапната, дајте ѝ простор наместо да инсистирате на итно решение.

ЛАВ
Веселото расположение денеска ви помага да комуницирате послободно и да уживате во спонтаните моменти. Разговор, прошетка или кратко патување би можеле да бидат најдобриот дел од вашиот неделен ден. Вечерта, фокусот се префрла на домашните и личните односи, каде што може да се појави некоја стара чувствителна тема. Покажете топлина, но не дозволувајте гордоста да ги претвори разликите во непотребна драма.

ДЕВИЦА
Мирот доаѓа кога знаете дека најважните работи се во ред и не мора да размислувате за сè одеднаш. Денеска можете да си дозволите малку повеќе задоволство или купување, сè додека тоа ви носи вистинска вредност. Кон крајот на денот, разговорите стануваат позначајни и може да се вратите на тема што долго време сакате да ја разјасните. Не анализирајте секој збор предолго – понекогаш едноставно прашање води до најискрениот одговор.

ВАГА
Вашето присуство денеска е потопло и попривлечно, а луѓето се посклони да реагираат на вашето расположение. Утрото е добро време да направите нешто за себе, да се видите со најблиските или да уживате во поголема слобода по стресот од претходните денови. Вечерта ве тера посериозно да ги разгледате сопствените вредности и што очекувате од одна врска. Не се откажувајте од важна потреба само за да избегнете непријатен разговор.

ШКОРПИЈА
Посмирениот почетокот на денот ви дава можност да се повлечете од бучавата и да ги слушнете сопствените чувства. Добро е да си дадете време за одмор, особено доколку последните неколку дена беа емоционално натоварени. Вечерта постепено враќа повеќе сила и желба да бидете видливи, но може да ја зголеми и чувствителноста кон љубовните врски. Доколку се врати стара емоција, обидете се да ја разберете наместо автоматски да ја повторувате претходната реакција.

СТРЕЛЕЦ
Средбата со луѓе кои ги споделуваат вашите интереси денеска може да ве наполни со енергија и да ви даде нова идеја. Првиот дел од денот е погоден за пријатели, заеднички планови и сè што ве потсетува дека не сте сами во вашите намери. Подоцна ќе посакате повеќе тишина и дистанца од надворешната бука. Вечерта е добра за лично размислување, но не и за враќање на стара љубовна драма само затоа што чувството е повторно силно.

ЈАРЕЦ
Задоволството денеска може да дојде од чувството дека вашите напори имаат значење, а не од тоа да направите уште повеќе. Во раните часови може да добиете признание, поддршка или добар знак за тема што ви е важна. Кон вечерта, пријателите или луѓето од вашата околина можат да ви помогнат поинаку да гледате на личната ситуација. Не се затворајте во сопствената проценка доколку некој ви понуди помека и почовечка перспектива.

ВОДОЛИЈА
Новата перспектива е освежителна и може да ве поттикне да испланирате нешто различно од вообичаеното. Денот е поволемн за читање, културно доживување, средба со интересна личност или разговор за идни идеи. Вечерта, вашето внимание се префрла на поголеми цели и на тоа како сакате да бидете перцепирани. Личните односи можат да бидат позатегнати доколку се обидувате да комбинирате силна независност со желба другиот безусловно да ве следи.

РИБИ
Довербата е полесна за градење кога нема притисок да се каже сè одеднаш. Утрово е добро за смирен разговор, заедничка одлука или само за поблиска врска со некој на кого се потпирате. Подоцна во текот на денот ќе имате простор да размислите за иднината и што сакате да развиете во претстојната работна седмица. Вечерите се добри за инспирација и размислување, но не дозволувајте силните чувства да ве убедат дека мора веднаш да донесете одлука.

Џорџ Клуни првпат проговори за смртта на синот на Синди Крафорд: Ова е најлошото што може да му се случи на едно семејство

Џорџ Клуни првпат проговори за смртта на синот на Синди Крафорд: Ова е најлошото што може да му се случи на едно семејство
Фото: Опсервер

Холивудскиот актер Џорџ Клуни првпат јавно проговори за смртта на Пресли Гербер, 27-годишниот син на манекенката Синди Крафорд и бизнисменот Ренди Гербер, кој почина на 20 септември во установа за рехабилитација во Санта Моника.

Клуни, кој е долгогодишен пријател на семејството, за трагедијата зборуваше на доделувањето на наградите „The Albies“ во Лондон, организирано од неговата фондација „Clooney Foundation for Justice“, каде што се појави со сопругата Амал Клуни.

На прашањето дали планираат на некаков начин да му оддадат почит на Пресли, актерот за „Entertainment Tonight“ одговори:

„Мислам дека воопшто не сме во состојба да зборуваме за тоа. Искрено, ова е една од најтешките работи што го погодиле нашето семејство.“

Тој се осврна и на состојбата на родителите и сестрата на Пресли, Каја Гербер.

„Можете да замислите како се чувствуваат. Тоа е најлошото нешто што може да му се случи на едно семејство“, изјави Клуни.

По смртта на Пресли, Џорџ и Амал Клуни поминувале време со Синди Крафорд и Ренди Гербер во Лос Анџелес и Малибу, обидувајќи се да им дадат поддршка во тешките моменти. Клуни и Ренди Гербер се долгогодишни пријатели и деловни партнери, а во 2013 година заедно го основаа брендот текила „Casamigos“.

Пресли Гербер, единствениот син на Синди Крафорд и Ренди Гербер, со години се борел со зависност од дрога, за што и јавно зборувал. Неговата сестра Каја во интервју за „Вог“ во август откри дека семејството поминувало низ тежок период поради неговата борба со зависноста.

Во 2023 година Пресли започнал серијал на социјалните мрежи наречен „Mental Health Mondays“, во кој зборувал за менталното здравје, здравите навики и сопствените искуства.

Според американските медиуми, неговата смрт се истражува како можно предозирање, но официјалната причина сè уште не е утврдена

Европската автомобилска индустрија сaмата е виновна за кризата

Европската автомобилска индустрија сaмата е виновна за кризата
Фото: Нетпрес

Мерките за штедење ја туркаат европската автомобилска индустрија на опасен пат, предупредува студијата објавена во петокот од германскиот Allianz, заклучувајќи дека кризата во секторот е резултат на лоши одлуки на челниците во автомобилските компании.

Производителите на автомобили ги намалија инвестициите за 20 отсто оваа година, во време кога нивното технолошко заостанување зад кинеските конкуренти во областите на дигитализацијата и технологијата на батериите би можело да се зголеми уште повеќе, открија економистите во осигурителната компанија со седиште во Минхен.

Студијата ја објави филијалата на групата специјализирана за осигурување на штети, Allianz Trade, пред Саемот за автомобили во Париз, кој започнува в понеделник.

Според Allianz, уделот на европските изложувачи, кој беше доминантен пред неколку години, е намален на само 40 отсто. Европските компании со голема пазарна капитализација од други сектори ги зголемија инвестициите за 10 отсто оваа година, според анализата на Allianz.

Студијата остро го критикува управувањето со европската автомобилска индустрија, тврдејќи дека главната причина за кризата се одлуките на лидерите на автомобилските компании. Европскиот автомобилски сектор трошел пари на погрешни приоритети во текот на изминатите две децении, заклучува студијата.

Според економистите на Allianz, европските производители на автомобили инвестирале предолго во технологијата на конвенционалните мотори со внатрешно согорување, трошејќи капитал на краткорочни приноси и дивиденди наместо на брзи и смели инвестиции во електрификација и дигитализација.

Технолошкиот застој, шокот предизвикан од индустрискиот напредок на Кина и слабеењето на моќта на брендот не се посебни феномени, истакнуваат економистите, туку секое произлегува од погрешната распределба на капиталот.

„Кога производителите на автомобили конечно го пренасочија капиталот за да се справат со проблемите на иднината, тие го расфрлија низ премногу проекти“, рече Гијом Дежан, автомобилски експерт во „Алијанц Трејд“.

„Начинот на кој капиталот беше распределен во текот на изминатите две децении сега се враќа да нè прогонува“, заклучи Дежан.

Дневен хороскоп за петок, 9-ти октомври 2026-та

Фото: Нетпрес
Фото: Нетпрес

ОВЕН
До пладне добра идеја е да ги завршите практичните задачи пред вашето внимание да се префрли повеќе на луѓето околу вас. Попладнето може да донесе двосмисленост во разговорот или различни очекувања, затоа не брзајте со дефинитивни заклучоци. Подоцна ќе најдете пофлексибилен начин да кажете што сакате без да ја претворите разликата во конфликт. Доцната вечер ви дава повеќе храброст да дејствувате и е погодна за состанок или важна лична иницијатива.

БИК
Не е неопходно да го следите истиот ритам цел ден. По доцното утро, практичните задачи отстапуваат место на односите и потребата да се најде заеднички јазик со другите. Попладне избегнувајте идеализирање и проверете дали ветувањата се толку реални колку што звучат. Вечерта носи поголема јасност и ви помага да решите проблем поврзан со домот или со саканата личност.

БЛИЗНАЦИ
Утринските часови се погодни за воведување ред во вашиот личен простор и завршување на нешто одложено. Подоцна, расположението станува полесно и може да почувствувате поголема креативност, состаноци или забава. Попладне не верувајте целосно на првиот впечаток во љубовна или пријателска ситуација. Кон крајот на денот, разговорите стануваат поживи и може да доведат до неочекувано добра одлука.

РАК
Работата на информации или важен разговор може да помине најдобро предпладне. Потоа семејната или домашната тема постепено почнува да бара поголемо внимание. Попладне не дозволувајте вознемиреноста да ве натера да претпоставите најлошото. Подоцна ќе можете да ја видите ситуацијата потрезвено и да направите мала, но полезна промена.

ЛАВ
Прашањата околу личните ресурси можат полесно да се решат во првиот дел од денот. По доцното утро, комуникацијата се забрзува и ви носи повеќе состаноци, вести или кратки патувања. Попладне бидете внимателни со недоразбирањата и не ја сфаќајте секоја реакција лично. Доцна навечер сте посигурни и можете да водите разговор или иницијатива во посакуваната насока.

ДЕВИЦА
Вашата проценка е најсигурна кога не се обидувате да им угодите на сите одеднаш. Од пладне, вниманието постепено се префрла на безбедноста, вредноста и практичните резултати. Попладне постои ризик да бидете измамени од премногу убаво ветување или нејасна финансиска идеја. Вечерта е посоодветна за конкретна одлука и ви носи чувство дека повторно ја имате контролата.

ВАГА
Околу пладне постепено почнувате да се чувствувате посигурни и спремни да ги ставите сопствените потреби на прво место. Попладнето може да ве направи почувствителни на расположенијата на другите луѓе и да ве натера да правите премногу компромиси. Не брзајте да давате ветувања само за да одржите добар тон. Доцна навечер, доаѓа поголема решителност и ќе ви биде лесно да го искажете вашиот став мирно, но јасно.

ШКОРПИЈА
Преоптоварувањето на работното место може да ви сугерира дека е време да си дадете малку повеќе простор. По доцното утро, ќе биде полезно да ја намалите надворешната бука и да го завршите она што не бара многу надворешно учество. Попладнето е почувствително и може да ве врати на старо чувство или двоумење. Вечерта носи појасна перспектива и ви помага да се ослободите од непотребната напнатост.

СТРЕЛЕЦ
Професионална или организациска работа може успешно да се заврши во првата половина од денот. Подоцна, пријателите, тимот или заедничкиот план почнуваат да играат поважна улога. Попладне не прифаќајте ја секоја идеја како сигурна можност пред да ги проверите деталите. Вечерта го враќа вашиот ентузијазам и може да донесе пријатен состанок или спонтан предлог.

ЈАРЕЦ
Пошироката перспектива ви помага наутро да избегнете губење во ситниците. По пладнето вашето внимание постепено се префрла на резултатите, одговорностите и тоа како ве перцепираат. Попладнето може да донесе кратка конфузија околу некоја професионална работа и најдобро е да не ветувате повеќе отколку што е сигурно. Доцните часови ви носат поголема решителност и добро време да дејствувате на задача што бара храброст.

ВОДОЛИЈА
Довербата, споделените обврски или лична тема може да ве преокупираат повеќе во првата половина од денот. Тогаш ќе почувствувате потреба да погледнете подалеку од непосредното и да побарате нова перспектива. Попладне, не градете високи очекувања врз основа на непроверени информации. Вечерта е многу посоодветна за учење, планирање патување или водење разговор што ве инспирира.

РИБИ
Проблемот во односите може да бара поголема јасност наутро. Околу пладне, фокусот се префрла на подлабоки теми како што се довербата, споделените одлуки и споделените одговорности. Попладнето е понејасно и најдобро е да не се мешаат чувствата со фактите. Кон крајот на денот, доаѓа поголема јасност и можете да најдете решение што ја одржува интимноста без да ги наруши вашите лични граници.

Најрадикалниот автомобил на Jaguar досега

Најрадикалниот автомобил на Jaguar досега
Фото: Нетпрес

Во Њујорк „Jaguar“ го претстави „Тype 01“, целосно електричен модел што го означува влегувањето на британскиот производител во новата ера.

Автомобилот има радикален дизајн, три електрични мотори и повеќе од 1.000 КС, со цел да се позиционира како ривал на луксузни брендови како што е „Bentley“.

Моделот „Type 01“ е првиот голем резултат од одлуката на „Jaguar“ целосно да се сврти кон електрични автомобили и да се откаже од директната конкуренција со производители како што се BMW, „Audi“ и „Mercedes“.

Моделот ја користи новата механичка платформа Jaguar Electric Architecture (JEA). Во основната конфигурација, автомобилот добива батерија од 118 kWh со NMC технологија и електрична архитектура од 850 V.

Поддржано е брзо полнење на DC со моќност до 350 kW, така што батеријата може да се полни од 10 до 80 отсто за само 22 минути.

Трите електрични мотори заедно развиваат 1.030 КС (757 kW) и 1.365 Nm.

„Jaguar“ сè уште не објави податоци за забрзувањето, но вели дека „Type 01“ може да помине до 644 км според американскиот (конзервативен) стандард на EPA.

Дизајн што раскинува со минатото
„Type 01“ е многу сличен на концептот „Type 00“, но во споредба со него има четири врати и помалку екстремен надворешен дизајн.

Предниот дел нема класична решетка на ладилникот, додека на дното на браникот има мали отвори за воздух.

Линијата на страничните врати е висока, покривот е низок, а страничните прозорци се релативно мали.

Панорамскиот стаклен покрив треба да придонесе за чувството на просторност во кабината.

Автомобилот има големи тркала, скриени рачки на вратите и класични надворешни ретровизори, додека задниот прозорец не постои.

Минималистичка кабина
Внатрешноста го следи футуристичкиот пристап кон надворешноста.

Има двокрак волан и 24-инчен дигитален инструмент табла што прикажува клучни податоци и навигација.

За разлика од многу нови електрични автомобили, нема огромен централен екран.

Климатизацијата и поставките на аудио системот се контролираат преку помал, 7-инчен екран сличен на паметен телефон, поставен на централниот гребен.

Исто така, „Type 01“ го користи системот ClearSight Rear View Display наместо класичниот внатрешен ретровизор, додека звучниот систем добива систем со дури 38 звучници.

„Jaguar“ ќе ги отвори нарачките почетокот на следната година, додека првите испораки се очекуваат во втората половина од годината.

Почетната цена во Велика Британија ќе биде околу 130.000 фунти, а во САД околу 130.000 долари.