Прескокни до содржината
Реклама

Две икони, една нова ера: новите БМВ икс5 и БМВ серија 7 седан премиерно претставени во Македонија

Две икони, една нова ера: новите БМВ икс5 и БМВ серија 7 седан премиерно претставени во Македонија
Фото: МКД.мк

Нивната приказна е различна, но заедничкиот јазик е јасен: моќен дизајн, префинетост, комфор и технологии кои го прават секое патување посебно. Кај двата модели БМВ успева модерниот дигитален свет да го спои со чувството на луксуз и внимание кон секој детал.

БМВ икс5 – познатата приказна, напишана одново

Ова е петтата генерација на моделот со кој БМВ го постави темелот на семејството икс уште во 1999 година. Од првиот БМВ икс5 до денес, моделот постојано се развиваше, а сега доаѓа со нешто што досега го немавме – пет различни типови погонски системи.

„И токму таа приказна за постојаното поместување на границите продолжува и денес. На прв поглед е јасно дека икс5 не дошол само да продолжи една успешна приказна, туку да го напише следното поглавје. Новиот БМВ икс5 влегува во својата петта генерација со посамоуверен изглед, повеќе простор и ентериер кој ја комбинира елеганцијата со модерниот карактер на моделот. Со речиси пет метри должина, икс5 има уште повеќе простор, а вниманието кон деталите се забележува во секој дел од кабината. Ако постои модел за кој совршено важи „Шефот се врати!“, тогаш тоа е новиот БМВ икс5“, кажа Борис Јаневски, сениор консултант за БМВ автомобили во М кар.

Новиот дизајн ги задржува препознатливите пропорции на икс5, но носи помонолитен и посамоуверен изглед, со новиот дизајнерски јазик на БМВ од Новата класа (Neue Klasse). BMW ајконик глоу маската и новата светлосна графика во форма на двојно икс дополнително го нагласуваат карактерот, а изборот на тркала оди од 21 до 23 инчи.

Новиот икс5 добива и рачки на вратите во форма на крилца, електрично отворање и функција за меко и тивко затворање.

Во неговиот ентериер технологијата не е тука само за да импресионира, туку да го направи искуството поедноставно и поприродно. Панорамик вижн, 3Д хедап дисплеј и новиот Панорамик ајдрајв на БМВ се дел од новиот начин на комуникација меѓу возачот и автомобилот.

Погонската понуда на новиот БМВ икс5 уште од старт е разновидна, со мајлд хибрид бензинска и мајлд хибрид дизел верзија. Од јануари 2027 година, понудата ќе биде проширена со плагин хибридните икс5 50e и икс5 M60e, како и со целосно електричната верзија и-икс5. Така, купувачите ќе имаат можност да изберат меѓу различни погонски решенија, во зависност од своите потреби и начинот на користење на автомобилот.

БМВ серија 7 седан – кога луксузот станува искуство

Ако икс5 ја носи приказната за динамиката и слободата, БМВ серија 7 седан е приказна за луксузот. Седмата генерација на моделот пристигнува со уште пософистициран изглед, богати можности за персонализација и ентериер создаден подеднакво за возење и за уживање во патувањето.

На задните седишта, БМВ екранот од импресивни 31,3 инчи со 8K резолуција го претвора патувањето во приватно кино искуство, додека новите Панорамик вижн и Панорамик ајдрајв на БМВ внесуваат ново ниво на дигитална интуитивност во кабината.

И тука деталите ја прават разликата. Повеќе од 500 бои и комбинации за екстериерот овозможуваат секој БМВ серија 7 седан да има свој карактер, додека најдобрите материјали и внимателно дизајнираните елементи создаваат амбиент во кој луксузот не е само видлив, туку се чувствува.

И понудата на погонски опции е поставена во чекор со различните очекувања на клиентите. БМВ серија 7 седан стартува со една мајлд хибрид бензинска и три целосно електрични изведби, додека од ноември понудата ќе биде дополнета со мајлд хибрид дизел и плагин хибридни верзии.

„Новите БМВ икс5 и БМВ серија 7 седан покажуваат дека автомобилот може да биде многу повеќе од средство за движење – може да биде личен избор што ги одразува карактерот, потребите и индивидуалноста на својот сопственик. За нас во М кар, суштината не е само во разновидноста на понудата, туку во уникатноста на секој автомобил и начинот на кој тој се поврзува со човекот за кого е создаден. БМВ икс5 и БМВ серија 7 седан имаат различен карактер, но заедничка идеја – секој автомобил да понуди искуство што е лично, препознатливо и единствено за својот сопственик“, изјави Билјана Колемишевска, одговорна за маркетинг комуникации и односи со јавност во М кар.

Два автомобили, две различни приказни. БМВ икс5 е динамичен, простран и подготвен за секој предизвик, додека БМВ серија 7 седан носи поинаков вид на самодоверба – тивка, елегантна и раскошна. Но и двата се дел од истата визија на БМВ: да создаде автомобили кои не се само начин да стигнете до некаде, туку искуство само по себе.

И токму затоа нивното претставување носи посебна тежина – две нови приказни на БМВ, во кои луксузот, технологијата и препознатливиот карактер се среќаваат на едно место.

Актерката Ева Мари Сејнт почина на 102 години

Актерката Ева Мари Сејнт почина на 102 години
Фото: Нетпрес

Американската актерка и добитничка на Оскар, Ева Мари Сејнт, почина на 102 години, објавија списанието Variety и весникот The New York Times повикувајќи се на семејството.

Актерката починала во својот дом во Лоа Анџелес, но не се прецизиран околностите и точната причина за смртта.

Во текот на кариерата која се протегаше неверојатни девет децении, Сејнт освои Оскар и награда Еми, а била и номинирана за две бритнаски награди БАФТА и една награда Златен глобус. Во моментот на нејзината смрт, Сејнт беше добитничката на Оскар со најран датум на освојување на наградата и најстарата жива добитничка на истото признание, како и една од последните преостанати ѕвезди од Златната доба на Холивуд.

Сеинт е родена во 1924 година во Њуарк, во американската сојузна држава Њу Џерси, а својата телевизиска и филмска кариера ја започнала во 1940-те. Во 1955 година го освојува Оскарот за најдобра споредна женска улога за нејзината работа во „On the Waterfront“ (1954). Во 1959 година, таа одигра една од своите најпознати улоги, играјќи ја Ева Кендал во авантуристичкиот трилер на Алфред Хичкок „Северно од северозапад“ (North by Northwest).

Сејнт глумеше и во филмовите „Grand Prix“ (1966), „The Best Little Girl in the World“ (1981), „Nothing in Common“ (1986), минисеријалот „People Like Us“ (1990) за која ја доби престижната телевизиска награда Еми.

Сејнт ја играше и Марта Кент во „Superman Returns“. Нејзиниот последен долгометражен филм беше „Winter’s Tale“, објавен во 2014 година.

БМВ ја претстави новата серија 3, за првпат со целосно електрична верзија

БМВ ја претстави новата серија 3, за првпат со целосно електрична верзија
Фото: МКД.мк

Покрај двата електрични модели достапни од лансирањето, понудата е дополнета со верзии со високоефикасни бензински мотори и 48 волтна мајлд хибридна технологија. Најспортскиот член на гамата, БМВ М350 ексдрајв, го комбинира карактерот на М перформанс со легендарниот шестцилиндричен реден мотор. Плагин хибридна верзија ќе пристигне во текот на следната година.

Новиот модел има модерен дизајн со издолжено меѓуоскино растојание, кратки надвиснувања и истакнати браници. Предниот дел носи свежа интерпретација на бубрезите на БМВ и двојните фарови комбинирани во уникатен светлосен потпис, додека моделите М перформанс се украсени со препознатливите жолти светла. Тркалата се достапни во опсег од 18 до 21 инчи, во зависност од погонската варијанта.

Кабината носи ново ниво на дигитално искуство преку системот БМВ панорамик ајдрајв, кој ги комбинира БМВ панорамик вижн, опционалниот 3Д хедап дисплеј, централен екран од 17,9 инчи и нов мултифункционален волан.

Системот БМВ оперејтинг систем Икс, базиран на проектот Андроид опен сорс, овозможува континуирано надградување на функциите, а интеграцијата на технологијата Амазон Алекса носи понапредна гласовна интеракција.

Новиот БМВ и3 ја користи шестата генерација на технологијата БМВ едрајв со архитектура од 800 волти и цилиндрични батериски ќелии. И3 50 иксдрајв развива 345 киловати/469 коњски сили, забрзува од 0 до 100 км/ч за 4,7 секунди и нуди опсег до 912 км (ВЛТП) со ДЦ полнење со моќност до 400 киловати. Основната верзија на и3 40 иксдрајв има 275 киловати/374 коњски сили досег до 710 км. Врвот на понудата, моделот и3 M60 иксдрајв, ќе пристигне во 2027 година.

Овој модел е напојуван од 3,0-литарски шестцилиндричен бензински мотор со 48волтен мајлд хибриден систем, кој развива 326 киловати/443 коњски сили. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч се постигнува за 4,1 секунда, со максимална брзина од 250 км/ч. Новитет е функцијата дрифт момент, која овозможува моќноста да се испраќа исклучиво на задните тркала за максимално задоволство при возењето.

Сите модели доаѓаат со богат спектар на системи за помош на ниво САЕ 2, вклучувајќи го и Моторвеј асистан за автономно возење без раце до 130 км/ч во 21 земја.

Новиот БМВ и3 се произведува во фабриката на БМВ групата во Минхен, додека верзиите со класични мотори се градат во фабриката во Динголфинг. Клучните компоненти на погонот доаѓаат од австриската фабрика Штајр, а батериите од новата фабрика Ирлбах-Штраскирхен во Баварија.

Samsung Art Store ја проширува својата колекција со 30 ексклузивни дела од Британскиот музеј

Samsung Art Store ја проширува својата колекција со 30 ексклузивни дела од Британскиот музеј
Фото: Опсервер

Меѓу новите додатоци се вклучени ремек-дела од прочуените британски уметници Џозеф Малорд Вилијам Тарнер и Џон Констабл

– Компанијата Самсунг („Samsung“) денес објави дека во својата продавница „Samsung Art Store“ додава нова, ексклузивна колекција од Британскиот музеј, составена од 30 уметнички дела. [1] Оваа внимателно одбрана колекција, достапна на компатибилните телевизори „Samsung Art TV“, вклучува дела од Џон Констабл, Џозеф Малорд Вилијам Тарнер и други реномирани уметници.

Колекцијата ги опфаќа пејзажите на англиската провинција на Констабл, познати по ретката способност на уметникот да ги долови променливите временски услови на небото. Од друга страна, акварелите на Тарнер се движат од бурни морски пејзажи до прикази на Венеција, Рим и Цирих.

„ „Samsung“ е посветен на користењето на својата технологија за да ја направи уметноста од светска класа подостапна за сите“, изјави Гвихо Ли, извршен потпретседател на одделот за визуелни прикази (Visual Display – VD) во Samsung Electronics. „Со вклучувањето на овие култни дела од Британскиот музеј во нашата платформа, горди сме што на нашата глобална публика ѝ нудиме едноставен начин да ужива во историската уметност во сопствениот дом.“

Претплатниците на Samsung Art Store ќе имаат пристап до колекцијата на Британскиот музеј и ќе можат едноставно да ја разгледуваат понудата, да изберат уметничко дело за прикажување на својот телевизор и да се префрлат на друго дело кога и да посакаат.

„Задоволство ни е што соработуваме со „Samsung“ за да им овозможиме на луѓето пристап до поголем дел од колекцијата на музејот во своите домови“, изјави Лиза Сан Мартин, привремен комерцијален директор на Британскиот музеј. „Се надеваме дека ова ќе ги поттикне гледачите да ги истражат делата што веќе ги познаваат, како и да откријат други, сосема нови за нив.“

Оваа иницијатива се надоврзува на соработката меѓу „Samsung“ и Британскиот музеј. „Samsung“ е и корпоративен партнер на изложбата „Кореја“ во музејот, која беше отворена на 1 октомври и ќе трае до 31 јануари 2027 година.

Колекцијата на Британскиот музеј ќе биде достапна на Samsung Art Store од 6 октомври.

[1] Потребна е претплата за Samsung Art Store. Се наплаќаат трошоци за претплата. Достапноста на уметничките дела и содржината на колекцијата може да се променат во секое време, без претходна најава или известување до корисникот.

Дневен хороскоп за вторник, 6-ти октомври 2026-та

Дневен хороскоп за вторник, 6-ти октомври 2026-та
Фото: Нетпрес

ОВЕН
Денеска вашите достигнувања и добри резултати ќе зависат најмногу од тоа колку се почитувате себеси. Доколку ги цените вашите способности, тогаш можете да очекувате заслужена награда – и морална и финансиска. Денот е одличен за средби со пријатели или за присуство на културен настан.

БИК
Денот ќе биде доста динамичен и полн со активности за вас. Можеби ќе треба да запознаете нови луѓе, да разговарате, вклучително и за пари, а исто така и повеќе да патувате. На работа сè ќе оди непречено и лесно ќе го постигнете она што сте го зацртале. Одличен ден за љубовни средби и нови познанства.

БЛИЗНАЦИ
Денеска ќе почувствувате голема желба да се запознавате со луѓе и да споделите што мислите и доживувате. Ќе бидете во добро расположение, а вашите односи со другите ќе бидат хармонични. Доколку сакате да продадете нешто, денеска можете успешно да го направите тоа. Позитивните вести ќе ве исполнат со ентузијазам и желба за нови акции.

РАК
Денеска можеби ќе бидете преокупирани со финансиски прашања. Ќе треба да практикувате финансиска дисциплина и да не трошите пари на работи што навистина не ви се потребни, бидејќи во иднина ќе имате тешкотии. Темата за парите може да стане причина за расправија со вашиот партнер, но не дозволувајте тој трајно да ве прекорува.

ЛАВ
Доколку денеска имате чувство дека наидувате на пречки и дека некој е против вас, смирете го вашиот гнев и не брзајте да ги напаѓате луѓето. Прифатете го она што се случува како лекција – веројатно треба да сфатите нешто за себе или да го поправите однесувањето што ве довело до оваа ситуација. Кратките моменти на целосна осаменост ќе ви помогнат појасно да го слушнете вашиот внатрешен глас.

ДЕВИЦА
Денеска вашите обврски може да бидат малку преголеми за вас, затоа пронајдете начин да се опуштите и да се посветите на нешто пријатно. Веројатно денеска ќе побарате друштво на вашите пријатели – дружењето ќе ви годи, а исто така ќе се забавувате и со нив. Обидете се да го завршите денот со пријатна мисла, наместо да ги разгледувате сите неисполнети задачи.

ВАГА
Денеска можеби ќе почувствувате дека вашите пријатели не ве разбираат или дека вашите колеги ве изолираат на некој начин. Можеби зборувате различен јазик со овие луѓе, не сте на иста бранова должина или самите поставувате бариери во вашата комуникација. Сепак, денот создава добри услови за успешна комуникација, затоа бидете толерантни кон различните мислења.

ШКОРПИЈА
Денеска ќе ви се појават предизвици на работа. Вашиот шеф може да ве критикува, да не се согласува со вас или едноставно може да чувствувате дека сè што правите е во ќорсокак. Не се откажувајте од вашите лични потреби само за да ги смирите другите.

СТРЕЛЕЦ
Денот ви дава шанса и да се залагате за она во што верувате и да ги привлечете вистинските луѓе на ваша страна и да ја добиете нивната поддршка. Доколку некои од вашите проекти бараат да воспоставите контакти со институции, решете ги денеска. Вашиот тон е добар и ова ќе има позитивно влијание врз сè што правите.

ЈАРЕЦ
Денешниот ден може да биде доста плоден и да ви донесе задоволство доколку ја насочите вашата енергија кон вашите лични цели и преземете акција. Доколку очекувате некој или нешто да се промени, ќе изгубите драгоцено време и може да ги пропуштите вашите можности. Ако, пак, вашиот проблем е поврзан со друга личност, проблемот ќе се реши со комуникација.

ВОДОЛИЈА
Денеска ќе се чувствувате лежерно и брзо ќе се прилагодите на луѓето и околностите. Доколку ве совладаат посилни емоции, можете да споделите како се чувствувате со близок пријател или сакана личност – тоа ќе има добар ефект врз вас. Вежбајте повеќе и уживајте во интересни искуства за да го ангажирате вашиот ум. Ако една врата не се отвора, размислете дали тропате на погрешна.

РИБИ
Денеска не седете во едно место и обрнувајте внимание на обврските поврзани со состаноци, разговори и дискусии. Во моментов, постои можност дискусиите да поминат непречено и да постигнете добри резултати. Семејните вести ќе ве возбудат. Денот е одличен за патувања, за комерцијални активности и за преговори.

Алфа Ромео 33 страдале перла нера: уникатен примерок целосно во карбон

Алфа Ромео 33 страдале перла нера: уникатен примерок целосно во карбон
Фото: МКД.мк

Впечатливиот 33 страдале е создаден како резултат на посебна нарачка од купувач, а развојот траел приближно три години. Ќе биде изложен во музејот на Алфа Ромео во Арезе до 18 октомври, по што ќе му биде доставен на сопственикот.

Додека другите примероци на 33 страдале се обоени преку карбонската конструкција, перла нера нема слој на боја, па конечниот изглед е направен исклучиво со ткаење на јаглеродните влакна. Алфа Ромео објаснува дека со изоставувањето на бојата масата на автомобилот е намалена за приближно 10 килограми во споредба со обоените модели. Иако ова не изгледа како значителна заштеда, тоа е детаљ што е важен во сегментот на супер автомобилите, каде што се води грижа за секој грам.

Под каросеријата е истата механика како и во остатокот од серијата. Автомобилот е напојуван од 3,0-литарски V6 мотор со двоен турбополнач кој развива 620 коњски сили и 730 њутнметри вртежен момент. Моторот е монтиран лонгитудинално и поврзан со осумстепен менувач со двојна спојка. Според фабричките податоци, забрзувањето до 100 км/ч трае помалку од три секунди, а максималната брзина е околу 333 км/ч.

Кристијано Фиорио, раководител на Ботегафуорисерие, вели дека перла нера покажува што се случува кога визијата на клиентот се среќава со страста и експертизата на тимот на Ботега. Компанијата потврди дека ова е првиот уникатен проект реализиран од Ботега Алфа Ромео, нивното внатрешно студио за изработка на автомобили по нарачка. За да изгледа изложениот карбон како намерно дизајнерско решение, а не како недовршен производ, бил потребен сложен процес.

Техничарите на Алфа рачно го поставиле секое влакно во калапот за да ги следи линиите на каросеријата, наместо да користат генерички шаблон. Шарата на тој начин намерно го следи обликот на автомобилот.

Создава мотив во облик на V на предниот капак, додека шара во облик на рибја коска се протега од носот преку покривот. Слична дизајнерска логика користеше и Ферари на моделот Енцо, кој послужил како инспирација, но овде е изведен во сирови влакна наместо во боја.

Речиси сите ознаки се отстранети од каросеријата. Освен предниот амблем и натписот Алфа Ромео на задниот дел, површината не е прекината од ниту еден друг елемент, а црните бандажи се вклопуваат во целокупниот изглед. На овој начин, карбонското ткаење останува единствениот визуелен елемент на автомобилот.

Внатрешноста е речиси целосно покриена со алкантара. Седиштата се обликувани според желбите на сопственикот, а потпирачите за глава се редизајнирани и вклучуваат карбон влошка со натпис „Perla Nera“. Симболите квадрифољо и аутоделта се дискретно поставени во кабината, наместо на надворешноста на каросеријата.

Како единствен модел направен според специфични барања, перла нера го демонстрира нивото на персонализација кое Алфа Ромео може да го постигне со 33 страдале. Кај овој примерок од лимитираната серија, самото ткаење на влакната стана клучен дел од дизајнот.

Дневен хороскоп за недела, 4-ти декември 2026-та

Дневен хороскоп за недела, 4-ти декември 2026-та
Фото: Нетпрес

ОВЕН
Доколку денеска се појават искри во вашата комуникација со колега или шеф, немојте да бидете агресивни или дефанзивни, туку отворено и смирено споделете го она што го сакате и што ви е потребно. Вашата добронамерност и мирољубива природа можат да ја свртат ситуацијата, па дури и да ја ублажат агресијата на другата личност.

БИК
Денеска вашето внимание веројатно ќе биде насочено кон иднината – ќе размислувате за претстоен настан или едноставно ќе правите планови. Доколку на овој ден чувствувате потреба за поддршка, обратете се на близок пријател – тој ќе ви ја даде. Денот создава одлични услови за тимска работа.

БЛИЗНАЦИ
Денеска ќе ве совлада желбата да размислите малку повеќе за себе и да го правите она што ви е на срце. Ќе ви биде тешко да се преправате дека сте некој што не сте. Дозволете им на луѓето да ја видат вашата вистинска природа – така ќе знаете кој навистина ве сака, а кого привлекува само од надворешниот приказ.

РАК
Денешниот ден ќе ве соочи со тешкотии на работа. Вашиот шеф може да ве укори, да не се согласува со вас или едноставно може да чувствувате дека сè што правите удира в ѕид. И доколку една врата не се отвори, размислете дали тропате на погрешната.

ЛАВ
Денешниот е добар ден за вашите односи со другите – ќе барате друштво со кое ќе се забавувате. Сепак, размислете малку повеќе пред да проговорите, бидејќи постои ризик да навредите некого со вашите зборови. Денот е многу погоден за водење деловни преговори и најверојатно ќе имате интересни состаноци.

ДЕВИЦА
Бидете повнимателни денеска доколку треба да купите нешто или да преземете активности поврзани со вашите финансии. Не преземајте непотребни ризици, внимавајте на измамниците и не им верувајте на луѓето кои ви ветуваат дека можете да заработите многу пари без да инвестирате ништо.

ВАГА
Денеска може да почувствувате силна потреба да добиете поддршка од најблиските – вашата сакана личност, родителите и децата. Желни сте да зборувате за вашите чувства и да побарате помош доколку е потребно. Ако односите дома се понапнати, бидете внимателни, бидејќи постои ризик да го изгубите трпението.

ШКОРПИЈА
Денеска најдобро за вас ќе биде доколку го следите сопствениот импулс и поминете повеќе време на пријатни активности – без разлика дали е работа или хоби. Оние од вас кои имаат претстоен настап ќе имаат можност да го покажат својот максимум. Прекрасен ден за посета на кино, како и за јога и медитација.

СТРЕЛЕЦ
Денеска ќе се чувствувате инспирирани да создавате, но ќе ви биде малку потешко да се организирате кога станува збор за секојдневните задачи. Некои од вас ќе бидат во романтично расположение и ќе сакаат да поминуваат повеќе време со партнерот. Можеби ќе мора да направите компромис за да му угодите на член од семејството.

ЈАРЕЦ
Денеска, за да направите нешто што сакате, можеби ќе добиете помош од вашиот партнер и друга блиска личност. Не бидете премногу горди и прифатете ја помошта – ја заслужувате. Доколку копнеете по нова љубов, не останувајте дома и не одбивајте покана за настан каде што можете да запознаете нови луѓе.

ВОДОЛИЈА
Не ја оставајте вашата работа недовршена денеска, особено долколку е нешто што би можело да ви донесе пари. Денот ќе биде особено погоден за уметниците и оние кои применуваат креативен пристап кон својата работа. Службените патувања, исто така, ќе бидат многу успешни.

РИБИ
Денеска можете успешно да се ослободите не само од нешто материјално што повеќе не ви е потребно, туку и од навика, став или потиснати емоции. За да го искористите денот максимално, одвојте време за помирни активности – на пример, прошетка во природа или медитација. Креативните активности ќе ви дојдат лесно и не е изненадувачки што ќе ви се појави нова идеја.

Хјундаи го претстави новиот тусон

Хјундаи го претстави новиот тусон
Фото: МКД.мк

Новиот тусон пристигнува во сосема ново руво. Хјундаи веќе нè навикна на големи трансформации низ генерациите. Обликуван според филозофијата на дизајнот „Уметност на челик“, новиот тусон го отелотворува концептот на „најсмелиот СУВ“. Корејците со тоа повторно сакаат да го нагласат целокупниот изглед и надворешните пропорции со функционално дизајниран ентериер. Возилото е подолго, пошироко и повисоко од својот претходник, а предните светла и задните светла му даваат дополнителна препознатливост.

Подинамична верзија на моделот ќе биде претставена за прв пат на 12 октомври 2026 година на Саемот за автомобили во Париз.

Внатрешноста носи нова интерпретација на минимализмот благодарение на двослојната инструмент табла, мекиот и обемен тапацир и интуитивно распоредените контролни елементи. Возачот е пречекан од 9,9-инчен дигитален дисплеј за инструменти, додека физичките копчиња под централниот инфозабавен екран го олеснуваат управувањето.

Во зависност од опремата, достапни се нови седишта, тризонски клима уред и греена шофершајбна која гарантира брзо одмрзнување и подобра топлинска изолација.

Новиот тусон го користи инфозабавниот систем Плеос конект, базиран на платформата на Андроид, со гласовен асистент Глео АИ кој овозможува природна интеракција и пристап до онлајн податоци во реално време. Системот е достапен и со врвен аудио систем Бенг & Олуфсен со 12 звучници. Безбедноста и практичноста се дополнително подобрени.

Понудата на погонски системи вклучува бензински мотор 1.6 Т-ГДИ со моќност од 150 КС, хибридна верзија со моќност од 245 КС и плагин хибриден тусон ПХЕВ со вкупна моќност до 292 КС. Батеријата на моделот ПХЕВ со капацитет од 17,1 киловат часови овозможува проценета електрична автономија до 81 км, со полнење на наизменична струја со моќност од 7,2 киловати.

Посебна карактеристика е ХЕВ стеј модусот, прв систем од ваков вид во класата, кој овозможува користење на климатизацијата, аудио системот и полначот додека моторот со внатрешно согорување е исклучен, што создава искуство слично на возење електрично возило додека е во мирување.

Безбедноста на патниците е обезбедена со седум воздушни перничиња, зајакната структура на каросеријата изработена од топло пресуван челик и сеопфатен пакет системи Хјундаи смартсенс, вклучувајќи ја и помошта за избегнување на фронтален судир и помошта за возење на автопат. Единицата за следење во кабината го следи вниманието на возачот, додека системите за откривање на присуство на деца и предупредување за патници на задната страна дополнително ги штитат патниците во возилото.

За европскиот пазар, новиот тусон ќе се произведува во фабриката Хјундаи во Чешка.

БМВ ги укинува дизел моторите за новата генерација на серија 3

БМВ ги укинува дизел моторите за новата генерација на серија 3
Фото: МКД.мк

Со оваа одлука од понудата на серија 3 исчезнува погонот што со години беше клучен за продажниот успех на моделот. Моделот 320д беше особено популарен, со учество помеѓу 40 и 50 проценти од вкупната продажба на серијата во најдобрите периоди. Поради ниската потрошувачка на гориво, дизел моторите најчесто ги избираа возачите кои поминуваат голем број километри и деловните корисници.

Важноста на дизелот, меѓутоа, со години се намалува. Во текот на 2025 година, уделот на дизел моторите во продажбата на БМВ во Германија за прв пат падна под 30 проценти. Се проценува дека 25 до 30 проценти од купувачите избрале дизел во серијата 3, иако БМВ не објавува прецизни податоци за продажбата на поединечни мотори.

Некои од претходните купувачи на дизел модели оттогаш се префрлија на други видови погони. Модели како што се целосно електричниот и4 или плагин хибридниот 330е се повеќе барани, што е особено изразено во сегментот на службени возила и возни паркови на компаниите.

Сепак, БМВ не се откажува целосно од дизел моторите. Тој погон сè уште игра важна улога, првенствено кај поголемите модели. Кај кросоверите како икс5 и икс7, уделот на дизелите е сè уште значително над 50 проценти.

Овој потег наводно не е поврзан со моменталната програма за намалување на трошоците во БМВ, која планира да елиминира околу 8.000 работни места и да ја намали сложеноста на понудата до крајот на 2027 година. Одлуката за прекин на дизелот во серијата 3 е донесена многу порано.

Сè уште не е познато дали другите серии ќе го следат овој пример. Новата генерација на БМВ серија 3 ќе се произведува во фабриката во Динголфинг, на истата флексибилна линија како и сериите 4 и 5.

Рено 8 Гордини се враќа по повеќе од 60 години

Рено 8 Гордини се враќа по повеќе од 60 години
Фото: МКД.мк

Легендарната лимузина со мотор одзади од 1964 година инспирираше нов концепт со ретро дизајн, минималистичка кабина за двајца и целосно електричен погон.

Рено очигледно не завршиле со оживувањето на своите поранешни икони. По сериските модели рено 4 и рено 5, францускиот производител претстави нов концепт инспириран од рено 8 Гордини од 1960-тите.

Модерната интерпретација на класичната рели лимузина сега е купе со две седишта со целосно електричен погон и дизајн силно инспириран од минатото. За жал, Рено немаат намера да го произведуваат, иако некои од неговите дизајнерски елементи би можеле да влијаат на идни модели.

Оригиналниот рено 8 Гордини беше претставен во 1964 година како спортска верзија на семејниот седан со мотор одзади и погон на задните тркала, создаден за планинските патишта со свиоци.

Популарниот „Ла Горд“ доби помоќен мотор со речиси двојно поголема моќност од моделот на кој беше заснован, спуштена суспензија, помоќни сопирачки, четири или шест фарови и препознатлива сина боја со бели тркачки ленти.

Новиот концепт рено 8 Гордини се обидува да го донесе духот на оригиналниот модел во модерното време. Изгледа како еден вид обратен рестомод, со многу ниска и широка силуета.

Купето е долго 4,12 метри, широко 1,88 метри и високо само 1,27 метри, а е поставено на 19-инчни бандажи напред и број поголеми назад.

На предниот дел доминираат шест тркалезни ЛЕД светла поставени на носот во форма на V, без класичната решетка на ладилникот. Задните светла се вклопуваат целосно со каросеријата и практично исчезнуваат кога не се вклучени.

Има и големи отвори во спортските браници, сплитер во боја на каросеријата, широки и аголни браници, аеродинамични држачи на Ц-столбовите, спојлер на покривот, вентилациска решетка на задниот дел и голем дифузер.

Секако, автомобилот е обоен во препознатливата сина боја со бели ленти кои се протегаат по должината на каросеријата од карбонски влакна.

Внатрешноста е можеби уште поинтересна. Рено се одлучиле за минимализам и прават големо отстапување од денешниот тренд на огромни екрани.

На нивно место на лентата од брусен алуминиум на контролната табла има шест тркалезни инструменти со дебели рамки.

Кабината има и детали од алкантара, алуминиумска централна конзола со физички прекинувачи и две спортски седишта покриени со црно и сино кадифе.

Рено открива дека дизајнерите биле толку заинтересирани за проектот што изработиле повеќе од 300 скици.

Александре Малвал, потпретседател на Рено задолжен за дизајн, кажа дека целта е да се „евоцира емоции со истовремено потпирање на нашето наследство и модерното време и поврзување на иконите од минатото со иднината“.

Од Рено не откриваат многу технички детали за платформата на концептот.

Се знае само дека е напојуван од електричен мотор од 270 коњски сили, а моќноста се пренесува на задните тркала.

Колку и да изгледа новиот Р8 Гордини спремен за возење, Рено јасно ставаат до знаење дека станува збор за уникатен концепт кој нема да прерасне во сериски модел.

Проектот на тој начин се приклучува на други модерни омажи на минатото на Рено, како што се електричниот концепт Р17, создаден во соработка со дизајнерот Ора-Ита, и уметничкиот рено 5 дијамант.

Новиот концепт рено 8 Гордини беше прикажан јавно за прв пат на настанот Рено карвок на 24 септември, а ќе биде изложен на Саемот за автомобили во Париз следниот месец. Потоа треба да заврши во новиот музеј Рено колекции во Флин, кој треба да ги отвори своите врати за јавноста за околу 15 месеци.