
Новиот модел, претставен на Саемот за автомобили во Париз, е мало градско возило со ретро стил што потсетува на еден од најпознатите дизајни на компанијата.
Како „концептно возило“ наменето да ја прикаже насоката во која се движи „Ситроен“, тоа сè уште не е подготвено за продажба, но планот е верзија од него да се најде во салоните до 2028 година.
Соочени со растечката конкуренција од кинеските производители, „Ситроен“ и другите европски брендови го користат своето наследство како начин за продажба на модерни автомобили.
Омилен меѓу земјоделците
Извршниот директор на „Ситроен“, Ксавие Шардон, го опиша новиот автомобил како „модерен, генијален и освежителен одговор на предизвиците за мобилност на иднината“.
Оригиналниот „Ситроен 2CV“ беше лансиран во 1948 година, додека Европа се опоравуваше од последиците на Втората светска војна. Тој беше дизајниран како евтино и издржливо превозно средство за француските земјоделци и руралното население.
Автомобилот имаше високи отвори над тркалата и мека суспензија, што му овозможуваше да се движи низ изорани полиња или по нерамни патишта – а според легендата, тоа го правел без да се скрши ниту едно јајца од табла со паткини јајца.
Високиот покрив им овозможуваше на возачите да носат шапка додека управуваат. Беше лесен за возење и едноставен за поправка.
Автомобилот беше толку популарен што остана во производство повеќе од 40 години. Со текот на времето, од практично возило за селските средини прерасна во култна класика и омилен избор на хипиците и припадниците на контракултурата.
Сега, „Ситроен“ сака да се надоврзе на тоа наследство, „воскреснувајќи“ го како мал електричен градски автомобил, чија цена се очекува да изнесува околу 15.000 евра.
Изгледот на новиот 2CV може да претрпи промени додека „Ситроен“ го развива дизајнот. Сепак, во сегашната форма, тој дели многу стилски карактеристики со својот славен претходник – Спачекот.
Високите, испакнати отвори над тркалата, високиот, заоблен покрив и предните светла што наликуваат на очи, се потсетници на оригиналниот „deux chevaux“ или 2CV (два коња).
Овој концепт на промоцијата на Саемот за автомобили во Париз го „провози“ и францускиот претседател Емануел Макрон.
Надоврзување на трендот почнат од други производители
Користејќи ги спомените за еден стар автомобил за да продаваат нов, „Ситроен“ следи веќе добро познат пат.
„Фолксваген“ го врати моделот „Буба“ (Beetle) кон крајот на 1990-тите, но со ограничен успех.
Моделите „Mini“ на БМВР отсекогаш имале дизајн што потсетува на оригиналниот, типично британски модел. „Фиат“ веќе две децении го продава моделот Fiat 500 во ретро-стил.
Ретро-носталгија
Сепак, трендот на ретро-носталгија неодамна се забрза, бидејќи производителите на автомобили бараат начини да им продадат електрични возила на скептичните потрошувачи.
Францускиот ривал на „Ситроен“, компанијата „Рено“, е предводник во овој процес. Сè започна со моделот Рено 5 E-Tech, кој визуелно потсетува на карактеристичниот, аголен дизајн на оригиналниот Рено 5 – автомобил што некогаш беше секојдневна глетка на француските улици. Оттогаш, компанијата ги оживеа и моделите Рено 4 и Твинго.
Фолксваген сега го има карактеристичниот миниван ID-Buzz, кој е инспириран од класичниот T2 Transporter, додека „Форд“ работи на ново електрично возило за кое нашироко се очекува дека ќе го носи името „Фиеста“.



