
„Против актерот се поднесени обвиненија за три случаи на силување, три случаи на сексуален напад и еден случај на непристоен напад. Наводно делата за кои тој се изјаснил дека е невин, ги извршил во Лондон и Борнмут, од 1999 до 2009 година“, јави синоќа Би-би-си.
Бренд во Судот се појавил во придружба на неговата сопруга Лора, во сиво одело и очила за сонце. Против него се поднесени тужби од страна на шест жени.
„Очекуваме судењето да започне во среда и да трае околу шест недели, изјавил Бенатан, судија одговорен за случајот“, нагласувајќи дека утре ќе се знаат избраните поротници кои ќе мора да положат заклетва пред судењето.



