Прескокни до содржината
Реклама

Ројтерс: Пентагон им порача на Европејците да бидат покултурни со Русија

Ројтерс: Пентагон им порача на Европејците да бидат покултурни со Русија
Фото: МКД.мк

Меѓу земјите што добиле пораки да внимаваат на своите јавни изјави се Литванија, Летонија и Естонија, рекле изворите, кои зборувале под услов да останат анонимни. Не е јасно дали пораките, пренесени за време на билатерални средби, биле упатени и до други европски влади.

Барањата на САД доаѓаат во време кога администрацијата на Доналд Трамп ги обновува напорите за постигнување договор за завршување на војната во Украина, која веќе навлезе длабоко во петтата година. Најновата иницијатива комбинира поттикнувачки мерки за Русија, вклучително и ублажување на санкциите, со притисок врз Украина да ги запре нападите врз руската енергетска инфраструктура.

Запрашан за коментар, претставник на Пентагон рекол: „Приватните разговори меѓу сојузниците се токму тоа – приватни разговори, па затоа нема да ги коментираме овие наводи“.

Меѓу изјавите што го привлекоа вниманието на американските функционери се тврдењата на европските лидери дека Русија е притисната во аголот и дека прибегнува кон сè поочајни мерки, додека нејзината инвазија на Украина напредува со брзина на полжав, изјави еден од изворите.

Елбриџ Колби, висок функционер на Пентагон задолжен за одбранбената политика и една од клучните личности во актуелното преиспитување на бројот на американски војници во Европа, бил меѓу американските претставници што ја пренеле пораката. Ројтерс не успеал да утврди кои други функционери биле вклучени.

Ниту еден од четворицата извори, меѓу кои тројца европски и еден американски функционер, не навел дека советите биле пренесени на конфронтирачки начин.

Европа треба да избегнува да ја „чепка“ Русија

Американските пораки ја одразуваат расправата во НАТО за тоа како јавно да се зборува за заканата што ја претставува сè понаметливата Русија.

Некои западни функционери сметаат дека нагласувањето на заканата од Москва би можело да му оди во прилог на Кремљ, за кој тврдат дека настојува да шири страв и да ја поткопа поддршката за Украина.

Други, пак, сметаат дека европските влади мора отворено да зборуваат за заканите за да им покажат на своите гласачи дека се неопходни жртви и ресурси за Русија да се држи на растојание. Тоа е особено важно во време кога се чини дека Москва ја забрзува тајната кампања на саботажи низ Европа.

Русија негира дека води таква кампања.

Еден од изворите запознаени со ситуацијата изјави за Ројтерс дека Колби неодамна му порачал на балтички функционер дека не треба да ги „чепка“ Русите.

Според истиот извор, Колби како пример за несоодветна реторика ги навел јавните изјави на европски функционери дека Русија е „притисната во аголот како стаорец“.

Не е јасно на која конкретна изјава се повикувал Колби. Меѓутоа, естонскиот премиер Кристен Михал кон крајот на септември го нарече Путин „стаорец притиснат во аголот“, сугерирајќи дека рускиот лидер прибегнува кон саботажи во Европа бидејќи Русија сè повеќе заглавува во Украина.

„Ви помагаме. Американците се тука. Само немојте да бидете гласни. Не кревајте врева“, изјави друг европски функционер, опишувајќи ги неодамнешните приватни пораки од Пентагон.

На друга неодамнешна средба Пентагон побарал од естонската делегација да биде „одмерена“ во своите јавни изјави, според лице запознаено со разговорот. Тоа лице, меѓутоа, не наведе дека американските претставници се пожалиле на некоја конкретна изјава.

Министерствата за одбрана на Литванија, Летонија и Естонија не одговориле на барањата за коментар, додека НАТО одбило да коментира.

Москва ја тестира решителноста на Европа

Еден европски функционер изјави дека советот на Пентагон, иако пренесен со љубезен тон, бил збунувачки, со оглед на тоа што разузнавачките служби на балтичките држави во последните месеци доследно ја оценувале како мала веројатноста Русија да ја тестира одредбата на НАТО за заемна одбрана.

Наспроти тоа, други разузнавачки служби на НАТО јавно предупредуваа дека Русија во блиска иднина би можела значително да ја засили својата кампања на саботажи.

Пораките на Пентагон до функционерите на НАТО доаѓаат во особено чувствителен момент за европската безбедност.

Москва неодамна ја засили кампањата на напади врз земјите членки на НАТО, кои се изведуваат на начин што ѝ овозможува да ја негира одговорноста, изјавија западни разузнавачки функционери.

Во средата германските обвинители соопштија дека уапсиле двајца Белоруси под сомнение дека планирале да запалат зграда или објект од критичната инфраструктура во областа на Нирнберг. Во септември германската влада ја обвини Русија за обид за напад со дронови врз аеродромот Лајпциг/Хале, што Москва го негираше.

Истовремено, американските функционери разговараат за можни деловни договори со Русија во рамките на напорите на администрацијата на Трамп за постигнување мир во Украина. Овие напори предизвикаа поделени реакции меѓу европските функционери, од кои многумина инсистираат на продолжување на економската изолација на Кремљ.

Во меѓувреме, воените планери на Пентагон го преиспитуваат распоредот на американските сили во Европа, што би можело да доведе до значително намалување на американското воено присуство на континентот.

Американските функционери порачаа дека европските членки на НАТО мора да преземат поголема одговорност за сопствената одбрана, особено затоа што САД се сосредоточени на заканите на Блискиот Исток, во Латинска Америка и во Источна Азија.

Доколку не биде осуден, Хакими го чека најголемиот договор во ПСЖ

Доколку не биде осуден, Хакими го чека најголемиот договор во ПСЖ
Фото: Depositphotos

Ашраф Хакими (27) одигра брилијантен натпревар, синоќа кога неговиот Пари Сен Жермен играше во Авр. Шампионот на Европа победи (5:1), а Мароканецот учествуваше во сите пет гола, потврдувајќи го статусот на еден од најдобрите фудбалери деншницата.

„Тој не играше како десен бек вечерва, не играше ниту како крило, едноставно кажано, играше како комплетна фудбалска личност. За да се постигнат три гола и да се забележат две асистенции во еден натпревар е потребно многу повеќе од само брзина или техника; потребна е висока интелигенција, чувство за простор и убиствен менталитет“, рече тренерот Луис Енрике.

„Неговиот инстинкт пред голот е величествен. Ако утре му го дадам дресот со број девет, никој во Европа нема да го доведе во прашање, бидејќи тој би играл и како елитен напаѓач.“

Дури и поранешниот ас на Манчестер Јунајтед, колега на таа позиција, Гари Невил не го криеше своето восхитување.

„Видете, ги следам десните бекови триесет години… Она што го прави Ашраф Хакими во моментов е сосема нереално. Неверојатно. Да завршиш натпревар со хет-трик и две асистенции, а да играш како бек… Не знам што да кажам. Јас во пет гола, не можев да учествувам во текот на целата сезона, а камоли во деведесет минути. Движење, атлетски способности, квалитетот на центаршутот, тој го има сето тоа. Апсолутно е врвно ниво. И ова не е некој случаен, еднократен брилијантен момент. Хакими игра натпревари од светска класа веќе четири години. Без сомнение, човекот го поставува стандардот за тоа како треба да изгледа еден елитен десен бек во модерниот фудбал“, заклучи Англичанецот.

Челниците на „Светците“, имаат намера да ја обезбедат иднината со Хакими во тимот, поради што планираа да ги започнат преговорите околу продолжувањето на неговиот договор, објавува „Лекип“.

Иако марокански репрезентативец е врзан за францускиот шампион до летото 2029 година, идејата на клубот е да го „врзе“ за дополнителни две години, и да му ја зголеми платата, за да не биде доведено во прашање неговото задоволство и статус во клубот во ниту еден момент.

Хакими моментално е вицекапитен, но планот е во 2028 година, кога ќе истече договорот на сегашниот прв капитен Маркињос, таа улога да му припадне нему.

Според договорот од февруари 2025 година, Ашраф Хакими заработува 1.100.000 евра месечно бруто. Доколку го прифати новиот договор, се очекува неговата плата да биде во опсегот на платата на Дембеле, или највисоката во клубот, 1.500.000 евра месечно, или околу 18.000.000 евра годишно.

„Лекип“, понатаму наведува дека во моментов постои објективна пречка за склучување на договорот. Имено, на крајот на септември, Касациониот суд на Франција ја отфрли последната жалба на Хакими против обвинението за силување од 2023 година, со што ги исцрпи сите законски можности таа да биде отфрлена.

Ова значи дека ѕвездата на Пари Сен Жермен дефинитивно ќе биде судена пред Кривичниот суд. Да ве потсетиме, станува збор за случајот на 24-годишна девојка, која тврди дека била сексуално нападната во неговиот дом во близина на Париз.

Од самиот почеток, Мароканецот категорично ги отфрла обвинувањата и тврди дека врската била доброволна. Адвокатскиот тим што го застапува неодамна објави дека едвај чекаат судењето за јавно да ги презентираат доказите и да ја отстранат дамката од името на Хакими.

Албанија: Тензиите растат во новите студентски протести

Албанија: Тензиите растат во новите студентски протести
Фото: Нетпрес

Неколку десетици демонстранти со качулки запалија неколку кантејнери за отпадоци пред зградата на албанското Министерство за образование во Тирана во саботата и фрлаа парчиња од калдрма кон полицијата на почетокот на новите демонстрации што ги повикаа студентите барајќи оставка од премиерот Еди Рама, објави AFP.

Балканската земја со 2,3 милиони луѓе, предводена од социјалистот Еди Рама од 2013 година, со месеци е потресувана од антивладини протести кои се претворија во насилни судири меѓу полицијата и демонстрантите на улиците на албанскиот главен град од средината на октомври.

На почетокот, неколку стотици демонстранти мирно демонстрираа пред Министерството за образование, почетната точка на речиси секојдневните демонстрации, скандирајќи „Рама, поднесе оставка!“ и „Нема Албанија без млади!“.

Потоа неколку десетици млади лица со качулки ја презедоа водечката улога на протестот и почнаа да фрлаат кон полицијата калдрма што ја собрале од тротоарот откако запалија неколку контејнери за отпадоци. до рано попладнето, полицијата издаваше предупредувања и се закануваше дека ќе интервенира. Голем број полицајци за справување со безредија е распоредени во близина на зградата на министерството, а поставено е и возило со воден топ.

Антивладините протести започнаа во мај со отфрлање на контроверзен проект за туристички недвижности на албанскиот брег во полза на лица блиски на американскиот претседател Доналд Трамп. Гневот оттогаш се прошири и на обвинувања за корупција. Студентското движење без лидер, исто така, ги осуди неуспесите во здравствениот систем, како и недостигот од секакви перспективи за младите луѓе во земјата.

Во раните денови од насилните демонстрации кон средината на октомври, демонстрантите запалија или оштетија голем број јавни згради, вклучувајќи неколку министерски згради и судови, како и бројни продавници.

Досега се повредени речиси 350 лица, вклучувајќи околу 200 полицајци, 100 демонстранти и 40 минувачи, изјави во петокот албанскиот министер за внатрешни работи Ервин Демо.

Тој го осуди присуството на „малолетници кои беа манипулирани од организаторите и ставени на првите линии на нападите и насилството“ во протестите. Според него, досега за време на протестите се уапсени 269 лица под 18 години.

Во средата владата го заостри својот став кон демонстрантите со воведување казни до 5.500 евра за насилните демонстранти.

Атлетико победи кај Леванте и се искачи на челната позиција во Ла Лига

Атлетико победи кај Леванте и се искачи на челната позиција во Ла Лига
Фото: Опсервер

Атлетико Мадрид на Градскиот стадион во Валенсија го победи Леванте со 2:0 во 11-то коло од Ла Лига. Ова беше 344-та победа на тренерот Диего Симеоне, во 565-от натпревар во Ла Лига, со што на првото место на вечната листа се изедначи со клупската легенда, Луис Арагонес.

Фудбалерите на Атлетико Мадрид по деветтата победа во првенството се искачија на првот место на табелата во Ла Лига. Тука сигурно ќе минат неколку часа, бидејќи Барселона вечерва ќе игра против Алавес.

„Јорганџијите“ имаат 28 бода по 11 одиграни натпревари, што е бод повеќе од Барселона, која има натпревар помалку.,

До оваа, шеттата победа во шестиот натпревар на гостински терен, Атлетико дојде рутински. Домаќинот имаше што да каже само во првите 14 минути, потоа гостите ја презедеоа контролата на теренот. Постигнаа два гола, уште два им беа пониѓтени поради офсајд, а Ли ја погоди гредата.

Грималдо му донесе водство на Атлетико Мадрид во 36-та минута, а точка на мечот стави Џулијано Симеоне во 62-та минута.

Во наредната рунда, Атлетико во дербито ќе ја пречека Барселона.

Луис Енрике испиша историја во ПСЖ

Луис Енрике испиша историја во ПСЖ
Фото: МКД.мк

Од вчера Луис Енрике е тренерот на ПСЖ со најмногу победи во историјата.

Триумфот над Ле Авр од 1-5, за Луис Енрике беше 127. победа како тренер на ПСЖ. Со тоа го мина Лоран Блан кој имаше 126 победи.

Овој рекорд во наредниот период само ќе се зголемува со оглед на тоа што Луис Енрике планира уште долго време да биде тренер на францускиот гигант.

По изборниот пораз водството на СНС го сака Вучиќ на чело на партијата

По изборниот пораз водството на СНС го сака Вучиќ на чело на партијата
Фото: Танјуг

Централниот одбор Српската напредна партија (СНС) едногласно одлучи во саботата да го номинира за претседател на партијата донеодамнешниот шеф на српската држава и поранешен лидер на партијата, Александар Вучиќ, кој ја предводеше изборната листа на „напредњаците“ во изборниот пораз од студентското движење на парламентарните избори на 25-ти октомври.

Во недела, час и половина по затворањето на гласачките места, Вучиќ го призна поразот на неговата партија и победата на Студентската листа на изборите, кои беа обележани со најголема излезност во последните три децении, при што СНС загуби со околу 600.000 гласови.

На седницата на водството на СНС, Вучиќ беше предложен за иден претседател на партијата од Милош Вучевиќ, лидерот на „напредњаците“, а изборот на новото раководство на СНС се очекува на вонредното собрание на 13-ти декември.

„Ние сме единствената политичка партија што ја преживеа обоената револуција и постои во формат и организација што има демократски и народен капацитет, и треба да бидеме горди на тоа“, рече Вучевиќ.

Оценувајќи дека „е време за нова страница во животот и делото“ на партијата, Вучевиќ истакна дека сега ѝ се потребни „нова сила и енергија, храброст, борбеност, храброст и одговорност кон граѓаните на Србија, српскиот народ и татковината“.

Вучевиќ, предлагајќи го Вучиќ за нов претседател на СНС, потврди дека партијата „со нов оптимизам и сила, колку и да е тешко, треба да биде подготвена за идните политички предизвици“.

Српската напредна партија, која се појави како фракција на Српската радикална партија, на Воислав Шешељ, дојде на власт во 2012 година. Во тој период, Вучиќ ја предводеше владата од април 2014 година до крајот на мај 2017 година, а потоа беше избран за претседател на Србија во два мандата.

Вучиќ го скрати својот втор мандат, кој ќе траеше до мај 2027 година и според српскиот Устав тој повеќе не можеше да биде избран на функцијата шеф на државата, со тоа што поднесе оставка на 27-ми септември, со намера да ја води изборната кампања „како обичен граѓанин“, нагласувајќи ја својата амбиција повторно да стане премиер доколку победи изборната листа на СНС.

Србија се соочува и со претседателски избори на крајот на декември, а Вучиќ посочи дека СНС веројатно нема да има свој кандидат.

„Нека бидат сами, нека работат сами со себе, нека најдат два-три сателита кои ќе се кандидираат со нив на претседателските избори со еден и два отсто“, рече Вучиќ претходно оваа седмица.

Во гостувањето на ТВ Информер во петокот вечерта, Вучиќ повтори дека постои можност СНС да нема претседателски кандидат, обвинувајќи ја победничката Студентска листа и нејзините поддржувачи за спроведување постизборен „револуционерен терор“.

„И како можам да ги натерам луѓето да излезат и да водат кампања под такви услови? Тоа не е можно… Не реков дека нема, но постои опција да не излегуваме бидејќи тоа не е реално во овие услови“, рече Вучиќ.

Лажни електродистрибутери ограбувале домови во Грција, пленот над 227.000 евра

Лажни електродистрибутери ограбувале домови во Грција, пленот над 227.000 евра
Фото: Опсервер

Четири лица се уапсени во Грција под сомнение дека се претставувале како вработени во електродистрибутивна компанија и ограбувале и измамувале граѓани, при што се стекнале со плен вреден над 227.000 евра, објави „Екатимерини“.

Осомничените, на возраст од 20 до 39 години, управувале со лажен телефонски центар во Западна Грција и користеле нерегистрирани телефонски броеви.

Тие им се јавувале на граѓаните и ги убедувале дека во нивните домови има проблем со електричната инсталација. Потоа им давале инструкции парите и накитот да ги остават во една просторија, а тие да се префрлат во друга. Додека жртвите биле оддалечени, нивни соучесници влегувале во домовите и ги краделе вредните предмети.

Полицијата досега расчистила еден случај на разбојништво и 15 кражби.

Иранските челници се закануваат со масивен воен одговор на секаков напад

Иранските челници се закануваат со масивен воен одговор на секаков напад
Фото: Нетпрес

Врховниот ирански водач, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, во саботата им нареди на вооружените сили на земјата веднаш и ефикасно да одговорат на секоја закана за да се постигне максимално одвраќање, објавија иранските медиуми.

Хамнеи изјавил по состанокот со воените команданти дека нема да има „географски ограничувања“ и дека Иран ќе диктира кога и под кои услови ќе заврши конфликтот со САД. Врховниот водач, исто така, наредил обновување на списокот на цели, се додава во медиумските извештаи.

Хамнеи, кој има врховна власт над иранските вооружени сили, рекол дека списокот треба да ги вклучува сите видови материјални и нематеријални средства на САД и Израел кои се во дострелот на иранската војска.

Иранската закана доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп наводно добил брифинг за можните воени опции во врска со Иран за време на ретка средба во четири очи со адмиралот Бред Купер, шеф на Централната команда на САД (CENTCOM), која е одговорна за Блискиот исток.

Американскиот весник The Wall Street Journal, кој повикувајќи се на свои извори извести за брифингот, го опиша состанокот како можен показател дека нова голема воена операција на САД може да биде неизбежна.

„Црвените линии се минато“
Претходно во саботата, иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, се закани дека ќе одговори со големи воени напади на секој нов напад врз иранскиот народ.

Арагчи одговараше на коментарите дадени од германскиот канцелар Фридрих Мерц за време на неговата посета на Јужна Кореја, кога Мерц повика на брз крај на војната со Иран и истакна дека само зголемувањето на цените на енергенсите ја чинела Европа повеќе од 100 милијарди евра.

Во објава на платформата X, Арагчи рече дека сто милијарди евра не се ништо во споредба со разорниот удар што моќните вооружени сили на Иран ќе им го нанесат на оние што се осмелуваат да му наштетат на нивниот народ.

Истакна дека Мерц го поздравил минатогодишното израелско-американско бомбардирање на Иран велејќи дека тоа врши „валкана работа за Европа“. „Црвените линии се минато“, порача Арагчи на англиски јазик.

На 17-ти јуни 2025 година, за време на интервју за германскиот јавен радиодифузер ZDF на самитот на Г7 во Кананаскис, во Канада, Мерц рече: „Ова е валканата работа што ја прави Израел – за сите нас. Овој режим влијае и на нас“.

Мерц тогаш продолжи велејќи дека „многу ја почитува храброста на Израел да го избере овојпат“ и дека во спротивно „светот би можел да биде сведок на континуираниот терор на Техеран со месеци и години, потенцијално со нуклеарно оружје“.

Забелешката на Мерц за „валканата работа“ предизвика бран критики. Подоцна изјави: „Така го опишав. Нема потреба да се повторува. Може да се изрази на различни начини“.

Ништо ново во Англија, Јунајтед загуби од Члези

Ништо ново во Англија, Јунајтед загуби од Члези
Фото: Опсервер

Манчестер Јунајтед во деветтото коло го доживеа петтиот пораз во Премиер лигата. „Црвените ѓаволи“, попладнево загубија во Лондон од Челзи со 2:0. Јунајтед по девет рунди има само една победа и скромни седум бода. Се чини дека по овој меч Мајкл Керик ќе добие отказ.

Иронијата е што на „Стенфорд Бриџ“, Јунајтед се распадна за 10 минути, откако одигра добро прво полувреме и беше подобар противник. Во првиот дел, поради офсајд беше поништен голот на Матеус Куња, а Бруно Фернадеш, кој се врати во стартниот тим, не реализираше голема шанса.

До крајот полувремето Амад Дијало пропушти две шанси.

Најдобрата шанса во првиот дел, Челзи ја имаше преку Каиседо но неговиот удар заврши во стативата.

Во вториот дел, Јунајтед влезе во црна дупка, имаа играчите во црвени дресови лоши 14 минути.

Морган Роџерс постигна гол за 1:0 во 50-та минута, а 10 минути подоцна, Лисандро Мартинез со несмасен старт врз Фофана направи пенал. Несреќата да биде поголема го доби вториот жолт картон. Кога Палмер погоди од белата точка јасно беше дека нетпреварот е решен.

Балканска конференција на задруги во Струмица: Во регионот се одржа традицијата на задругарство, во Македонија се обновува

Балканска конференција на задруги во Струмица: Во регионот се одржа традицијата на задругарство, во Македонија се обновува
Фото: МКД.мк

Според Драги Памуков, претседател на МАЗЗ, најзначајно од конференцијата е да се споделат искуства со задругарите од Бугарија, Грција, Србија и Хрватска и останатите учесници.

„Сите сме на некој начин на исто ниво, но другите имаат традиција и во изминатите 50, 70 или 100 години тие го задржале симболичното задругарство. Кај нас, за жал, по распадот на државата и транзицијата, сега во последните 15 години почнуваме и тука да правиме задругарство. Задругарството, кое кај нас постоеше некогаш, го изгуби кредибилитетот кај земјоделците, но во другите земји не се случи тоа, туку таму продолжи традицијата. И кај нас има потенцијал тоа да го продолжиме и се надевам дека ќе бидеме успешни“, рече Памуков.

Според државната секретарка во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Надица Џерковска, овие настани се од исклучително значење, пред сè за пласирање на македонските земјоделски производи на пазарите.

„Министерството ќе продолжи и во 2027 година преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој да ги поддржува во форма во која заеднички ќе се договориме. Во претстојниот период ќе ги реализираме мерките за развој на овој сектор. Настанот беше многу интересен и освен размена на искуства и знаења од областа на задругарството, имаа можност да воспостават подолгорочни партнерства за заедничко настапување на пазарите“, истакна Џерковска.

Директорката на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Даниела Иротова Лазарева подвлече дека задругарството во Македонија беше заборавено и било ставено на маргините.

„Во 2024 година на иницијатива на МАЗЗ покренавме постапка каде што законот којшто се донесе за укинување на земјоделските задруги пререгистрирање на земјоделските задруги по закон во Министерството за економија, останаа надвор од системот каде воопшто не можеа да добијат никаков тип на поддршка во поглед на поддршките кои ги нуди Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Со изменетиот закон ние овозможивме препознавање на земјоделските задруги во делот на субвенционирањето“, рече Иротова Лазарева.

Додаде дека во 2025 година се објавени два повика за поврат на средства и по четири години земјоделските задруги ги добиле овие средства во износ од околу 50 милиони денари. Поддршката, како што рече, продолжува.

Во рамки на денешната конференција се одржа и мини саем на кој беа изложени најразлични производи од задругите.