Луис Енрике испиша историја во ПСЖ

Од вчера Луис Енрике е тренерот на ПСЖ со најмногу победи во историјата.

4
Луис Енрике испиша историја во ПСЖ
Фото: МКД.мк

Триумфот над Ле Авр од 1-5, за Луис Енрике беше 127. победа како тренер на ПСЖ. Со тоа го мина Лоран Блан кој имаше 126 победи.

Овој рекорд во наредниот период само ќе се зголемува со оглед на тоа што Луис Енрике планира уште долго време да биде тренер на францускиот гигант.