Променливо облачно со дожд, од среда ветерот над 60 километри на час

На 16 ноември се очекуваат променливо облачно време и дожд, а од среда јужниот ветер повремено ќе надминува 60 километри на час.

0
Променливо облачно со дожд, од среда ветерот над 60 километри на час (Проверено)
Фото: Проверено

На 16 ноември во земјава ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди и дожд, најпрво во западните делови, а попладне и кон крајот на денот и насекаде.

Врнежи од дожд се очекуваат најпрво во западните делови, а попладне и кон крајот на денот и насекаде. Во одделни котлини ќе има услови за магла, а ветерот ќе дува од јужен правец.

Реклама

Минималната температура ќе биде од 4 до 10 степени, а максималната од 12 до 16 степени. Во Скопје се очекуваат дожд попладне и кон крајот на денот, слаб до умерен јужен ветер, минимална температура од 6 и максимална од 14 степени.

Во наредните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од среда јужниот ветер повремено ќе достигнува брзина над 60 километри на час, особено во западните делови од земјата.